Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Воопшто не пратам и кој останува сега ?

Кој и да е,Тухел ја заслужува цела подршка од кој и да е новиот газда,и дефинитивно тој треба да биде менаџерот кој ќе се задржи во овој клуб со години.Ливерпул и Сити со тренери по 8/9 години моментално се најдобри,доколку на Тухел му се даде време и потребните негови засилување сигурен сум дека ќе ги надмине.

Тод Бели од ЛА Доџерс, Мартин Броутон, британски бизнисмен и сопственикот на Бостон Селтикс и Аталанта, Стивен Паљука.

Првиов од она што знаеме досега е најприфатлива опција. Ма да и останативе веројатно не би биле многу штетни.
 
Почнав да мислам дека Рикетс се неизбежен крај на сагава затоа што стварно делуваше дека и фирмава посредник и Бак ги форсираат. Добро е да се види дека целиот ПР не им помина туку така, а очигледно и не им било до толку гајле.

Сега пак групата на Боели делува како најсериозен кандидат, а и најмногу информации има. За другиве не се знае многу ако не се лажам. Видов некоја изјава на Паљука пред некој ден, ама од Сапортерс Траст излегоа со изјава дека само со неговата група немале конкретни муабети и не добиле некакви гаранции за се што бараат навивачите. И за Броутон не знам ништо освен тоа дека партнери му се некои што имаат удел во Палас. Претпоставувам тоа би го одложило целиот процес.

Наводно следна недела ќе се знае кој ќе биде избран, па се надевам до крај на мај би можеле да успеат да го завршат целиот процес и веднаш да се посветат на летото.
 
Зошто Џејмс игра стопер во тројката, а Азпиликуета десно странично?
И дали е сериозен мозочниот удар на Жоргињо, се знае ли нешто?
Човеков ниту тие додавања на половина метар не знае да ги направи, ужасно игра.

Впрочем како и цел тим. Ќе шибне Палас еден гол случајно и ќе трчаат какк попарени после.
Автоматски споено мислење:

Уште едно финале со Ливерпул, овојпат во ФА Куп.

Се надевам дека третиот пат ќе биде среќен. Денес Вернер пак беше добар, Маунт коректен, даде и важен гол, Хаверц видно исцрпен. Замените, освен Лофтус, ужас. Што промаши говедото Лукаку, срам ме фати. Важно палец горе во воздух и чил.
 
Последно уредено:
Две од трите страни, потенцијални газди на Челзи, го контактирале спортскиот директор на Монако, Пол Мичел, за извршување на истата функција во Челзи.

Исто така убава вест, што значи дека се размислува на таа позиција, позиција која недостасуваше во Челзи сиве овие години.
Не може Марина да е и тоа и тоа, или Чех демек да биде на таква и слична функција. Спортски директор-Тухел, па другите нека си бркаат работа.
 
Што очекуваме за вечер?
У последно време не ренда Арсенал, не знам зошто, ама мислам дека ќе имаме играчи со 2-3 brainfarts на утакмицата и ќе изгубиме едно 7-8 години од животот.
 
Какво синхронизирано Бени Хил издание на одбраната :несвест:
 
Мора да се постават прашања за формата на СБ низ цела сезона. Не е можно ова.
 
Апла го држи Сака без никаква причина и се буни, сака да се тепа човекот, зошто било пенал.
Па пичка ти материна, со лентата капитенска на рака. Никогаш да се издвои, да биде пример. Ако тонат сите и тој со нив.

Три порази по ред на Арсенал и нормално, доаѓаат на Стемфорд Бриџ и победуваат. Три ипол голови од четирите им ги подарија. Таков аматеризам не е виден. На што личеше она во одбрана, некој да ми објасни?
Само, не може Тухел овојпат да се изземе. Добро, имаш играч што од ноември е договорен со друг клуб и не сака да игра за Челзи. И ти упорно и упорно го внесуваш во игра и тој упорно и упорно те уништува каде што ќе стигне.
Епа извини, за тој мазохизам и деструкција не е никој виновен, а трпи цел тим, резултатите и напатените навивачи кои мора да го гледаат.

После тој кикс јасни беа работите. Се вратија двапати, не успеаа уште еднаш, не им забележувам. Кога имаш ментално заостанати играчи како Кристенсен, Алонсо и Сар, толку.

На три меча, 11 примени голови. Дома. Еј, дома. Исто така прашање адресирано кон Тухел, заедно со формата на домашен терен преку цела година. И да. Менди си бара клупа и те како. Очаен е на последните натпревари. Секој шут во рамки е гол. Кепа со Вест Хем мора да се најде помеѓу стативи.



Автоматски споено мислење:



Што гледам јас...
 
Што очекуваме за вечер?
У последно време не ренда Арсенал, не знам зошто, ама мислам дека ќе имаме играчи со 2-3 brainfarts на утакмицата и ќе изгубиме едно 7-8 години од животот.
Како на грав да гледав. Требаше куќата да ја ставам на двојка. Сигурен бев дека ќе е лоша утакмица.
Единствено позитивно од вчера е Вернер. Се надевам дека ќе продолжи вака.
Исто и Маунт и Џејмс, секогаш даваат 110%.
Сар не треба да помисли прв состав. Лофтус е замена, макс.
Игравме со пола состав што си оди или со мислите е таму.
Менди веќе поголем период е катастрофа, зошто Тухел не го игра Кепа не ми е јасно?
Колку и да не го сакам Рудигер, овие другиве се едно 2 класи под него.
На лето новите газди мораат да размислат за барем еден стопер и еден DM.
Не можеме да функционираме вака.
Продавај ги Жоржињо, Лукаку, Сар, Кристијансен, земи пари од Канте (колку и да го сакам, толку е од него), може да се земе некоја пара и од Баркли и Одои.
Враќај ги назад Галагер, Броја и Колвил. Лупај колку пари сакаат на Рајс и Кунде.
Знам дека ова е фудбал менаџер сон, ама мислам дека може лесно да се случи.
И пак ќе дојдеме на формацијата на Лампард, 433 или 4123, знаеше што копуци има во тимот. Тоа ме нервира кај Тухел, што не сака да пресече.
Автоматски споено мислење:

Еве го тоа што го зборувам, Колвил, Галагер и Броја мора да се вратат во тимот.
И уште нешто, зошто не игра Чалоба а игра Кристијансен? Повреден е нешто или исто како Лампард што го избаци Томори сега Тухел го сече Чалоба?
 
Последно уредено:
Прочитана ни е играта.
На Бриџ-от ни идат со низок блок и не бушат на контри. Едноставно.
Немаме ball-progressing играчи (освен Ковачич, и можеби Џејмс). Земи ги Мане, Диаз и Салах во Ливерпул и Марез, Стерлинг, Де Брујн, Силва и Грилиш. Немаме ни 1 таков играч. Арсенал колку толку го имаат Сака, Јунајтед со Роналдо и Санчо. Ние 0.
И многу е лесно да стопираш напад што нема такви играчи.
 
Никој не упатува удар кон гол. Само си кружат околу.

Пребавно, премртво. Разбирам, со играчи како Азпиликуета, Алонсо, Жоргињо, а и неконстантен и анемичен напад, толку е. Џејмс и Чилвел лани го надокнадуваа тој недостаток, во моментов нема кој.

Вест Хем буквално дојден е на другата страна од Лондон затоа што мора. Со паметот е во Европа Лига. Ги одмараат главните играчи. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom