Не покажавме муда. Покажаа поединци, кои веќе покажувале и имале такво педигре, или се проектирани да имаат.
На 0:3 и дезориентиран Реал, мечот само го приведуваш мирно и рутинирано до крај. Останува мистерија зошто не внесе Тухел дефанзивец на десет минути пред истек на регуларен дел и зошто Лофтус-Чик играше 120 минути во најважниот меч на Челзи сезонава. Погледнете го само тоа блентаво позиционирање и незнаење што со животот после грешката на Канте за голот на Бензема.
Ако ништо друго барем Маунт и Хаверц повторно се покажаа на голема сцена и му покажаа на Тухел од каде и околу што треба да гради. Многу ми е драго што Хаверц е најдобар играч на Челзи во вториот дел од сезоната, откако во првиот беше побавен, условен од повреди и вируси.
Реално, Тухел утна некои работи во двомечов и мислам дека самиот е свесен за тоа. Се обиде да ги поправи на Бернабеу, на крајот безуспешно.
Жоргињо наместо Ковачиќ во првиот натпревар. Грешка. Азпиликуета наместо Алонсо, грешка. Видете, преферирам играч на природна позиција, па макар бил и најголемо дрво, одошто играч што ќе игра на позицијата само за да игра.
Да, неиграњето на Алонсо се покажа како промашување. Верувале или не. И да, вчера Алонсо беше фантастичен.
Природна лева, нема застанување како кај Азпиликуета, има прогресија по лева страна. Каква-таква. Одлично го проигруваше Вернер во простор и од таа страна Реал не направи практично ништо.
За истакнување, човекот на мечот, Матео Ковачиќ. Сам буквално одигра вчера во средина против Валверде, Модриќ, Крос и Касемиро. Ораше човекот, не можеше да застане. Маестрална партија. Штета што Канте не го следеше. Барем четвртина да одиграше од она неговото, ќе ги чекавме сега Сити или Атлетико.
Таква партија да не биде крунисана со полуфинале, греота.
Ако ништо друго, барем уште еднаш се потврди и она и оние кои ги провлекуваме низ темава со години, дека не заслужуваат да играат за Челзи.
Баркли, Лофтус, Хадсон-Одои, Жоргињо (сакал да се врати во Италија, бујрум), Саул, Алонсо (иако велам, се одважи со Реал и на некои други важни дуели сезонава), Зијеш, сепак, Тимо (иако останувам на тоа дека е добар играч, се виде вчера како изгледа нападот со него, но мислам дека сиот притисок во Челзи ќе го натера да си замине на лето самиот) и секако, најумрениот напаѓач во историјата на клубот, Кристијан Пулишиќ. Какво неписмено суштество, анемично клошарче лигаво.
Лукаку го прежалив од декември.
Полни раце работа на лето. Поважно е да се ослободиме од говнариве. За засилувања не е проблем и да почекаме. Најважно, Т.Т. да остане и да се поддржи максимално.
Тренериште.