Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
На овој тим само малку, не барам којзнае колку, нападот да му се разигра. Греота е на ваква леснотија тој сегмент од играта да е најтенок.

Вернер со 11-ти погодок, од централна позиција, мераци. Подобри сме, заслужуваме победа.
 
Реакцијата на Тухел says it all :D
 
Второ полувреме не беше, застанаа, доаѓа Реал.
Инаку прво ги неутрализиравме тотално.

Вернер е опасна братина. :pos:
Со лева 10 минути подоцна избаци добар шут во трк, претходно со истата лева се посрамоти.

Многу важна победа, да ти е криво што не си собрал три бода со Брајтон, ВБА, Сотон, Лидс. Шест бода барем од овие четири меча, сега ќе се дишеше лесно.

Пулишиќ уште го чекаме да одигра асална текма. Ајде, има време. Маунт, Канте и одбраната, супер.
 
Чили
После еден месец драстичен пад во формата, заслужено добри критики иако веќе се имаше покажано на почетокот на сезоната. Кога дојде Тухел и имаше два ептен лоши натпревари како вингбек, мислев дека тоа е тоа за него сезонава и или ќе ги искористи овие неколку месеци за да се прилагоди па да игра следна, или ќе се моли да се смени пак формацијата. Ама многу брзо успеа да се прилагоди и да ја научи позицијата, му го зема повторно местото на Алонсо и константно покажува добри партии.
Уште е млад и има простор за подобрување, а од се што имам видено и доста битен и позитивен карактер во соблекувалната. Ептен ми е мило што не отидоа по другите опции кои ги префериравме.

giphy.gif
 
Да не се чудите ако се повреди сега Чили или формата му отиде во неповрат :D
Само 2 дена одмор ама и Реал исто време имаат. Ајде нека издржат Канте, Жорж, Маунт во Вторник добро да одиграт па против Фулам нека ги пушти Гилмор, Кова.
 
Жените изгубија 2-1 против Баерн на гости. Битно дадоа гол на гости. Добри се и германките, ама уште има шанси за финале.
 
Ме нервираат пресовиве на Тухел кај што имплицира дека Супер Лигата е добра работа што обичните смртници не можат да ја сфатат за разлика од газдите на екипите и дека таа е ок работа само лошо била презентирана.

Да, утре ако направат "Мора да си русокос со плави очи, 2 метра висок и 80 кг тежок за да станеш фудбалер" сигурен сум дека ќе ја подржува и таа мерка пошто "Мора да се оди напред, треба да гледаме визуелно претставителни фудбалери, нема логика да им даваме фудбал да играат на некои таму дебели или ниски фаци, ова е прогрес, само квалитетни фудбалери ќе гледаме, не верувам сите да го сфатат ова, битно е како ќе биде презентирано, сепак ова е за општото добро за спортот.....А ШТО ТИ ЗА УЕФА ДА НЕ СИ СЛУЧАЈНО!?"
 
Друже, играме за четири часа со Реал Мадрид полуфинале во ЛШ.

:place:
 
Ма сфаќам тоа, ама шо знам, стварно СЛ-во ми уби хајп

Играме ЛШ, нешто што како што тргнало, за 20 години ќе ја има истата важност како и КПК титулата, никој нема ни да знае како функционирало натпреварувањето, само сите ќе знааат постоело и не било на ниво на СЛ
 
Ме нервираат пресовиве на Тухел кај што имплицира дека Супер Лигата е добра работа што обичните смртници не можат да ја сфатат за разлика од газдите на екипите и дека таа е ок работа само лошо била презентирана.

Да, утре ако направат "Мора да си русокос со плави очи, 2 метра висок и 80 кг тежок за да станеш фудбалер" сигурен сум дека ќе ја подржува и таа мерка пошто "Мора да се оди напред, треба да гледаме визуелно претставителни фудбалери, нема логика да им даваме фудбал да играат на некои таму дебели или ниски фаци, ова е прогрес, само квалитетни фудбалери ќе гледаме, не верувам сите да го сфатат ова, битно е како ќе биде презентирано, сепак ова е за општото добро за спортот.....А ШТО ТИ ЗА УЕФА ДА НЕ СИ СЛУЧАЈНО!?"
Pa znaj coveko so e dobro SUPER LIGA koga togas to ce se sluci
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom