Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Кепа стартува. За жал на грбот на Тухел е и селекција за добра аудиција за продажба летово на отпадот.

Ако има Бог, нека биде напомош.
Дај боже да е само аудиција, па бира утакмици кога како.. Да не е притиснат и мора?.. или да му има забегано паметот и свесно го прави ова конкуренција ау ... Кепа :place:
 
Да беше Тијаго Силва спремен да игра наместо Кристенсен, полесно се проголтува Кепа на голот. Комбинација на двајцата гулабари како последни дефанзивци не е на арно. Единствена потенцијална забелешка за Менди на која можам да се сетам е примениот автогол од Рудигер. Ако тоа му е гревот за клупа, катастрофален менаџмент од ТТ. Од друга страна, Кепа имаше една одлична интервенција против Барнсли и стандардно лош останат дел од натпреварот за него. Не дека Менди е најдобар голман во светот, ама се ова е недоволно за да биде заменет од Кепа.
@RATM и пари се во игра ама според мене, само делумно. Демек ако игра има поголема шанса за било каков трансфер? Па со секој настап човекот изгледа се полошо за потенцијални клубови за трансфер, значи баш обратното. Единствно ако има некаква магија во ТТ па да го врати во неговиот врв кој го имаше под Сари кога беше еден најобичен просечен професионален голман.
Поголемиот дел е его на принцезата, и самиот ТТ во првите интервјуа си се изјасни, добро било што е јасна структурата на клубот и нема многу личности кои носат одлуки.

Останатиот состав очекуван за мене, се надевам на брзо доопорувавување на Канте или пробување на Рис Џејмс на средина на терен за да ги снемува двете суви снегулки на средината од стартните состави. Вернер гол и асистенција. :sneaky:

Во најголема мера се работи за пари. Да, би го спотирале, би знаеле тимови кои се очајни за голман со некакво си-ви дека постои и дека е жив.
 
Изи вин дечки што се замарате. 3:2 конечен резултат, 1 кикс на Кепа, 1 на Рудигер. Стрелци Жоржињо од пенал што ќе биде изнуден од Вернер, Тами и Маунт. Да има ваков бет билдер кај нас одма би ја ставил заштедата за црни денови. Сигурица како 1.02 коеф.
 
Во најголема мера се работи за пари. Да, би го спотирале, би знаеле тимови кои се очајни за голман со некакво си-ви дека постои и дека е жив.
Да се надеваме само дека Њукасл ќе играат стандарден натпревар за нив без многу напади, корнери и удари во рамки на голот.
Еден клин шит плус во сиви-то! :pos:
 
И така, викате одбранава не ја бивало, а? :D
 
Тимо Вернер - гол, (скоро) асистенција, два пати суптилни боксови в заби. Се надевам дека конечно му е јасно дека е дојден во лига на опараци, тепачи, пијаници и наркомани, и ќе се зацврсти малку. Тркот за првиот гол е одличен старт.
Џамал Ласел и Џамал Луис нови имиња на листата лигуши кои заслужуваат боксирање после Хари Малокуре и Вирџил Ван Дик.

Маунт да намали со пробувањето да стане напаѓач, не е и никогаш нема да биде. Освен ако сака да игра во Лига 1.

Што има Тухек против мароканци?
Неухранети биле.
 
Ауу Кова брате на што дрога си... буквално дробење на средина :cuc:
 
Се чувствувам како на мечот против Вест Хем кога заби Торес.

Освен во тој еден баш црн период за Челзи и за него секако, Вернер постојано контрибуира на различни начини, независно на која позиција игра. Асистира, пробива, изнудува пенали. Среќата не го следеше воопшто.

Камен од срце падна, да не го оптеретува таа глупава статистика. Настрана голот, прими топка на 35 метри, помина по лева страна и креираше шанса за погодок на Жиру.
Нека забие уште еден-два, заслужува.

Ковачиќ денес многу добар, Одои солиден Маунт како да заборави да шутира.
 
Првите 10 минути од второто полувреме се приказ на реалните квалитети и можности на тројката назад и двојката на средина, малку притисок на противнички пресинг и се изгубија. Доброто прво полувреме нема да го покрие Ковачич ако направи некоја глупост во продолжениво.
Автоматски споено мислење:

Какво лупање глупости од мизерниот Мартин Тајлер и кучето избркано од Валенсија, Гери Дебил, на скај. Очигледниот пенал над Абрахам не бил пенал оти се подместил и сам си го барал. Кога Кејн, Салах, Мане, Рашфорд и Бруно Пеналдеш се подместуваат е интелигентни игра. Пундитс.:pos:
 
Последно уредено:
Клин шит за сиви-то на Кепа! Ја враќа просечноста, Реал Сосиедат дали сте на линија? :vozbud:
Аспиликуета денеска делуваше уморно, но и натаму е доктор за дефанзива за тие околу него. Кристенсен и Рудигер стабилно изиграно, што за нивни стандарди е одлично. Алонсо стандарден просек. Одои мора да работи на одлучноста во напад, мислам дека можеше да паднат уште 2 гола ако беше порешителен кога влегува со топка во налет, инаку другиот дел од играта одличен. Џорџињо исто стандардно влекачење и мафтање со раце демек организира игра, како не го купи Сари во Јувентус како не запусти. Ковачич веројатно играч на натпреварот, солидна резерва за ротација во топ екипа. Маунт многу работа, но и многу грешки денеска, просечен ден. Теееемо Теееемо!, недосуден и чист пенал над него. Абрахам исто сработи што се очекува од него дури играше, толку му е капацитетот.
Замените: Жиру искусен рутинер и во напад и во одбрана, Канте уште некако не се вклопува но добро е што излгеда се пофит, за Рис Џејмс мора да се најде место како стартер пошто е единствен лек за противнички тепачи во овој состав.

Посебен збор за Пулишич и Зијеч, тоа што Одои и Маунт се заменети со Џејмс и Канте не да зборува, вришти за нивната очајност.

Поздрав за Хаверц. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom