Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
And just like that се е добро во клубов :D

Ајде, да ги тепаме Арсенал сега и ќе биде добро, иначе пак нови дебати за глупости ќе имаме

5 место не е нешто што го сакавме за Божиќ, ама 2 бода оддалеченост од второ место звучи ок

Штета што заеба работа СК со преносов (n)
 
Брои некој колку пати Вернер ја погодил гредата се кладам повеќе отколку голови што има во ПЛ. Па толку среќа бе да нема.
Битна победа да ама треба да се победи и таков мртов Арсенал.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Брои некој колку пати Вернер ја погодил гредата се кладам повеќе отколку голови што има во ПЛ. Па толку среќа бе да нема.
Битна победа да ама треба да се победи и таков мртов Арсенал.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Timo Werner has hit the Woodwork five times in the Premier League this season, more than any other player.
 
Тиаго Силва е врв од фудбалер. Врв.

Слаба партија, безидејна. Единствено Маунт беше добар и Абрахам, дури и без головите некако највеќе се трудеше од тројката напред. Драго ми е што се запиша двапати во листа на стрелци.

За Арсенал не сум оптимист, формата во дерби не значи ништо, Челзи во минатото никогаш не знаел да ги доврши екипите кои тонат и секогаш бил одлична прилика за спасување, а и играта не влева многу надеж.

Позитива на денот, Челзи на табела е пред главниот конкурент за освојување на ПЛ, Тотенхем.

И нека го земат веќе Рајс, незгодно е.
 
Тиаго Силва ни е најдоброто засилување годинава, како да е платен 100м. Елеганција од фудбалер. Со каква пасија и желба игра човекот треба да учат од него сите во тимот. И да, редно е Тимо да одмори кога ќе се вратат од повреда Одои и Зијех.
 
Хм тешка победа многу многу тешка иако изгледа резултатот убедливо.

Аспи и Емерсон слабо, среќа што Зума и Силва играа страшно добро инаку лошо ни се пишуваше.
Жоржињо исто слабо не може да диктира темпо.
Напред исто се правеа многу грешки.
Тоа е тоа што ви го зборев лани, дека Лампард направи ненормално добра работа што заврши во први 4, со тој тим што го имаше.
Кога го гледам Емерсон како го лансираат во орбита со обичен лажњак, не ми е јасно како може он да е фудалер.
Аспи океј годините го газат, ама да не беше Џејмс лошо ни се пишуваше.

Се надевам дека не е ништо страшно со Чивел и Зијах ќе се врати брзо бидејќи страшно многу фали креација.


Инаку заборавив да го пофалам Ковачич, Челзи играше многу подобро од како влезе во игра.

За Вернер незнам што да напишам се најде во 5 чисти прилики, нема среќа :(

Тешка ама многу битна победа е сега ќе видиме со Арсенал.
Традиционално играме лошо со екипи кои се дават и неумеме да ги дотолчиме, убаво кажа некој погоре, ама сега мора да играме добро.
Автоматски споено мислење:

Тиаго Силва ни е најдоброто засилување годинава, како да е платен 100м. Елеганција од фудбалер. Со каква пасија и желба игра човекот треба да учат од него сите во тимот. И да, редно е Тимо да одмори кога ќе се вратат од повреда Одои и Зијех.
Јас сум пак да се проба како напаѓач, па ќе видиме :D
 
Со Мурињо, па и малку со Анчелоти, одвај чекав да имаме некој прекин затоа што тоа значеше половина гол. Потоа години и години бевме ужасни на тоа поле.

Сезонава конечно прекините ги валоризираме. Челзи има постигнато осум гола од корнер, повеќе од секој тим во лигата.
Да, има и до тоа што Вилиан не изведува, туку Маунт, Чилвел и Зијеш.

Лампард и Бери добро ја завршиле задачата.
 
Да не им е урок :D сезонава и подобро се браниме кога се во прашање високи топки а и самата поставеност помеѓу штоперите е подобра
ама ќе видиме сега со Емерсон и Аспи како ќе биде кога ќе треба еден штопер да излегува да покрива.
 
Не ја отфрла можноста Лампард дека Рис и Чилвел сигурно ќе отсуствуваат во следните два меча.

Тотално лаички, онакво нагазување веројатно им се има случено на сите кои играат фудбал. Болно е во моментот, но со тркалање стаклено шише, кромиди и чуда, за недела дена поминува. Кога поминува на тој начин, што останува за професионалниве клубови и фудбалери. Освен ако нема искинато нешто, тогаш во ред.

Се надевам дека барем еден од нив ќе настапи против Арсенал. Круцијални ни се бековите годинава.
 
Ми фалат деновите кога Донев пишуваше се за пресовите :(

Ај вака, пред ептен битен натпревар на кратко што кажал Лампс:

-Како што кажа РАТМ, Рис и Чилвел се под знак прашалник за следните два натпревари

-Не е загрижен што Вернер не постигнува погодоци бидејќи се наоѓа на вистинските позиции за да добива шанси за гол

-Не се замара со моменталната форма на Арсенал и вели дека нивната лоша серија не значи ништо за Боксинг деј и дека тие се добар напаѓачки тим

-Притисокот е секогаш голем кога си дел од голема екипа, ама пробува да не обрне ептен внимание и работи максимално секој ден и носи позитивна енергија

-Спомена дека кога започнувал како фудбалер Арсенал биле подобрата екипа но Челзи успеале да направат добар резултат и ривалитет кој останува до ден денеска

-Задоволен е од тоа што Вернер е свесен за формата во која што е и смета дека е тоа добро бидејќи ќе продолжи да работи напорно и покрај тоа што медиумите го извадиле од контекст

-Зијех дефинитивно нема да игра со Арсенал и се уште не се знае дали ќе може да игра на некој од мечевите следната недела. Лампард се надева дека ќе биде достапен, но сепак останува под знак прашалник за следната недела (а нели, сигурно е аут за со Арсенал)

-Изјави спешл шаут аут за тие два-тројцата будали на Кајгана форум што секоја утакмица ја следат и јадат гомна и дека причината зошто станал менаџер во Челзи е за да може да чита постови на Кајгана и да се смее у слободно време
 
Нема да им простам ако изгубиме утре, се немам израдувано ни на едно дерби во последно време, порано фановите на Јунајтед и Арсенал вечно сеири им фаќавме за дерби натпреварите, а сега се нерешено..

Sent from my ONEPLUS A6013 using Tapatalk
 
Нема да им простам ако изгубиме утре, се немам израдувано ни на едно дерби во последно време, порано фановите на Јунајтед и Арсенал вечно сеири им фаќавме за дерби натпреварите, а сега се нерешено..

Sent from my ONEPLUS A6013 using Tapatalk
Како ли ќе живеат ако не им опростиш:(:cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom