- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 33.801
- Поени од реакции
- 70.622
Ептен е специфична улогата на Жоржињо, ретко кој игра баш така. И општо се мисли дека ако си играч кој игра најповлечено во средина, треба да си дефанзивно ориентиран, ама тоа воопшто не е случајот. Работата на Жоржињо не е да пресекува напади, да седи пред одбрана и да одзима топки. Неговата задача е да креира, да го диктира темпото, да ги започнува сите акции. А за добро да го правиш тоа, најдобро е да си последен играч пред одбраната, кај што имаш преглед на целиот терен, на се што се случува.
Никаков проблем не е тоа што Канте игра понапред. Посебно во натпревари како вчерашниот, не гледам зошто би седел назад да чека, кога може да биде плус човек во нападот и да проба негде да направи вишок. Ама си зависи од противникот, во други натпревари може да не излегува толку напред туку да си седи поблиску до средина, доколку се очекуваат проблеми од противникот. Се тоа се организира, а прерано е сега да мислиме дека ја гледаме комплетната слика затоа што уште не е се кликнато како што треба.
A кој моментално од тројката Жоржињо-Канте-Баркли е задолжен да сече напади, според поставеноста на теренот?