Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Добро бе, баш ми е мило што сум у тие само 5%. Сите се палефте пред две години како му е прва сезона на Мурињо и сеуште го гради тимот. Неспорно е дека зема титула и дека е добар тренер, но дека е тренер што ќе остане 3-4+ години во клуб, не е. Докажуваат сите овие години од кога он работи како тренер.Добро е што само некои 5% оперирани мислат дека Мурињо беше проблемот, и може да се каже дека се трезвени најголем дел од фановите.
Да издржевме до овој период, сега сигурно ќе имаше инстантни промени у тимот со Мурињо, ама поекономичната опција очигледно беше отказ на тренер него продавање и ново пазарење на 3/4 играчи.
Најверојатно клубот нема да троши и овој трансфер период, може причина е и изградбата на новиот стадион. Како и да е...
Гледаме дека немаме пивот двојка. Денеска Матич и Микел не беа толку лоши ама ги кочеа максимално крилата и немаше простор да нападнат подобро, а ниту еден од таа двојка не може да створи вишок играч со дриблинг и да повлече напред - тука се ужасни, бетер од фк берово.
Друг проблем е што освен Вилиан никој друг не се движи без топка, офазивно немаат никаков план, освен коа Фабрегас пробува да го погоди Коста со долг пас а овој враќа до Вилиан и чекаме од Вилиан да биде Меси...
1 и 2 ти се надоврзуваат, очигледно дека "палењето" било оправдано кај фановите..Добро бе, баш ми е мило што сум у тие само 5%. (1)Сите се палефте пред две години како му е прва сезона на Мурињо и сеуште го гради тимот. (2)Неспорно е дека зема титула и дека е добар тренер, но дека е тренер што ќе остане 3-4+ години во клуб, не е. Докажуваат сите овие години од кога он работи како тренер.
Лично на мене, како фан на Челзи, никогаш не ми се допаѓал он, и неговата игра. Разбирам дека фудбалот е веќе бизнис и дека целта ги оправдува средствата, но сакам да седнам и да гледам како мојот тим игра убав фудбал, а не како Азар и Вилиан се кинат од играње во одбрана, кога таму не им е местото. Сето тоа пропратено со циркузијада на клупата.
Очигледно не ти е позната фудбалската практика дека цело време треба еден тим да се надоградува со квалитетни играчи за да се задржува конкуренција во составот и мотив за игра. Посебно после успешна сезона.И не е крив Мурињо? Тој самиот велеше како гради тим, ја оправдуваше првата негова сезона во Челзи. Следната освои и оваа се усра... И сега тимот не бил изграден? Дај договорете се...
И btw. никој не му е крив што продаде играчи како Де Брујн, Лукаку, Мата, Ширле. Замисли само да ги имавме во тимот![]()
Можеби. Мислам дека да.Очигледно не ти е позната фудбалската практика дека цело време треба еден тим да се надоградува со квалитетни играчи за да се задржува конкуренција во составот и мотив за игра. Посебно после успешна сезона.
Челси не го направи тоа. Го зема Педро како panic buy за добра сума, ама Педро беше само уште еден од групата на офанзивни средњаци на која сме пренатрупани до даска и немаше некоја поголема корист од него.
Според тебе, потребни ли ни се играчи во моментов?