Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Лесна победа за Челзи очекувано да се надаме дека ова ќе им даде дополнителен морал за да рушат во Англија.Голот на Коста (y) иначе и те како играме подобро со Оскар.
Хазард слаб до сеа да се надеваме на подобри игри понатаму.:свиркам::свиркам:
 
Беговиќ, Азпиликуета, Кехил, Тери, Баба, Лофтус, Зума, Матиќ, Фабрегас, Рамирес, Хазард, Коста овој тим сакам против Арсенал, нека кружат пред гол.

Нема да кружат со овој состав бе, 12 се :D
 
Време е да победиме веќе..
Со победа во Лондонско дерби барем да се вратиме во форма
Катастрофа е Азар сезонава.. Се надевам и тој ќе почни да игра како шо треба
 
Уф мора да изиграме добро како сум потресен од србиве и од малиов фудбал ако и ние не тепаме ќе сум накурчен до коскa
Мурињо пази што правиш ќе те фарбам
 
Реално и треба да ги трола еден куп глупи прашања му поставија.
Како ја замолкна онаа фуфица на крај уште испадна и смешна. Прав човек за справување со медиумите во Англија.


Мечот со Арсенал, ќе биде мало финале за Челзи. Шанса за кикс немаме, од 11 поени негатива до тронот до сега мислам дека се нема случено, па еве му шанса на Жозе да направи уште еден рекорд.

Негатива од 13 - 14 поени веќе ќе е премногу, со таква негатива „официјално“ испаѓаме од трката.


Прво нешто што ми се врти у глава е Иванович десно НЕ, со оваа форма неможе ни да проба да му парира на Санчез. Би било класично самоубиство.

Во завистност кој би бил стартер за Арсенал Волкот или Жеру би ги ротирал со Кехил и Тери. Зума обавзно да си игра од прва минута.

За средината и нападот воопшто не се засегам, кој и да почне очекувам да биде екстремно мотивиран и со пристап како за финале, посебно очекувам добар перформанс од Хазард.
 
На БТ Спорт овој го пишуваше:
Бег - Азпи, Зума, Кејхил, Баба - Лофтус, Матич, Фабрегас - Азар, Коста, Реми
 
Тој е истиот од Макаби, не од прва минута ама 60% од натпреварот игравме со оваа постава.
И игравме брза и динамична игра. Е сега Макаби и Арсенал не е исто, ама кога не и оди веќе 5 кога на ланската постава нека проба нешто друго.

Ризик е со Баба и Лофтус, Реми има играно неколку пати на десно така да не би му било проблем да изигра солидна партија.
Баба мислам дека е спремен за 70 мин, за повеќе не, така да тука Мурињо ќе мора да има бекап.

Лофтус имаше паритја за 10/10 против Макаби, нормално дека заслужи старт ама сега ќе треба да е 2 пати подобар.
 
Против Макаби беше најбитниот натпревар кој мораше да се победи за да добијат самодоверба пред дербито и да почнат да фаќаат форма. Мурињо го измени тимот баш како што требаше и се виде одма подобрување во играта. Противникот можеби не беше на ниво, ама сепак многу битна победа.
Денес ќе биде ептен тешко, ама можеме до победа. Баш ме интересира тимот, ама си се спремам за Бане да игра, некако така ми мириса. Ако е тој од погоре, ќе биде супер. Ако и денес тепаме, ќе може да се фати добра серија и конечно да ни почне сезонава.

Ќе се гледа вака

20150919_121812.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom