Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум постирал уште од Галата, се нема време. :)

Прво за Галата.
Презадоволен сум со резултатот. Некој пред мечот да ми понудеше 1-1 во Турција без размислување би прифатил.
За мене беше добра утакмица за гледање, отворено од двете страни со две различни полувремиња.
Првото Челзи беше подоминантен во второ Галата.
Дрогба уште е добар, да останеше никој од сегашните напаѓачи немаше да види прв тим. :cuc:


Од денес сум задоволен, се одалечивме од Арсенал на +4. Не ги отпишувам но мислам дека со Сити до крајот ќе се јадеме.

Многу битна победа, не очекував дека ќе им даде 3 комада на Фулам. Иако се последни многу незгодна екипа се поготово против екипи кои се меѓу првите 4-ри.
Сега кога им дојде Магат сигурен сум дека сезонава ќе изборат опстанок.

Првото многу ме напиздиа, воглавно цела сезона играме млако прво полувреме, а гас даваме после првите 45 мин.
Денес тимот солиден, не би му дал некоја висока оценка бидејќи разликата ја направија двајца играчи Ширле и Хазард.
Да не беше расположен за финиш Ширле мислам дека немаше кој друг да даде гол. Напаѓач сезонава немаме.
Торес целиот е изгубен, голман му подаде овој јаден не уме гол да даде. Мизерија.
Оскар исто така преслаб, не е истиот од почетокот на сезоната кој ораше по терен го имаше секаде. Неконцентриран, немотивиран.
Чех покојзнае кој пат сезонава главен кривец за голот. Тргна на топка предоцна, неконцентиран.
Такви интервенции и проценки не се дозволени за голман кој е во првите 5.
Микел има -1 за настапот. Речиси сите пасови кои ги подаде беа погрешни и непрецизни.

Од Ширле не сум изнедаден, реков и порано дека незаслужено има мала минутажа. Ама ете за разлика од некои играчи си ја искористи шансата. Против Галата имаше кеј пас до Аспи сега хет трик. Можеби Вилиан е повеќе трча и има подобра техника, но Ширле е далеку попродуктивен.
Матич имаше уште една добра партија, спајдер на теренот секаде го имаше.
Исто така според мене и Кехил заслужи висока оценка. Убедливо најдобар дефанзивец сезонава во Челзи.

Одприлика тоа е тоа.
Наредна со Тотенхем дома, утакмица која мислам дека ќе ја добиеме бидејќи не се нешто посебно сезонава.
 
Не би рекол дека не се ништо посебно Тотенхем.Најдобар скор на гостински терен имаат во цела лига. 9 победи,ние сме втори 7-8 имаме мислам.
 
Сеедно Ливерпул и Сити им дадоа по 5, плус Норивч и Хал им земаа поени.
Секако не би требало во никој случај да ги потцениме но само велам дека имаат слаба сезона барем според резултати.
Ранк подоле се од првите 4 екипи, така да ако сакаме до титула во мај, не би требало да имаме проблем да победиме.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Не би рекол дека Чех е главен кривец, слично како и за голот против Галата. Отсекогаш му биле проблем овие топки, ќе тргне, па ќе поздастане, па ќе се врати и слично. Но, тука е виновна и одбраната. Пример, во средата Чедју/Шедју/ватевер остана сам (Тери не го чуваше до крај), денеска не видов кој го испушти Хајтинга од вид. Со оглед дека на две утакмици по ред примаме 2 гола од корнер, верувам дека на тренинг малку ќе го поработат тој сегмент.

Иначе, Торес му асистираше одлично на Шурле за третиот гол. Одлично ја спушти со глава и му отвори доста простор и одлична прилика. Кога Торес игра, тоа опција плус за играч кон кого треба да биде упатена долга топка, па овој да ја спушта. Кога не игра, лимитирани сме на Бане, кој ќе се истури негде десно напред, па ќе ја спушта кон некој од офанзивните играчи.
 
Топката не ни требаше да стигне до некаков контакт со Чех. Ептен лошо изигра одбраната, се вртеа натаму наваму. 4-5 играчи имаше таму пред Чех и не успеаа да се одбранат. А и мислам дека пак на Тери му бега играч. Да се симне сега МОТД и ќе проверам.
 
Оскар беше крив за голот...воопшто не се потруди да покрие туку си дремеше како дрво.:D:cool:
 
Еве сега го гледам. Чех првично тргна по топката за да ја избаци, ама Торес скокна тука пред него и затоа се повлече мислејќи дека овој ќе расчисти. Ама на Торес му пројде над глава. Во тој момент Чех веќе беше вратен на гол, а во петерец освен него беа Азпи, Кејхил, Матич, Торес, Иванович и Оскар. И двајца од Фулам. Торес го чуваше Хејтинга иначе.
 
И јас сега прегледувам. :)
Целата концепција на одбраната ја поремети Чех со излегувањето. Тргна а не беше сигурен дали може да ја стигне или не. Да не тргна сигурно некој од тие позади него ќе расчистеа, вака беа сигурни дека овој ќе ја фати. После беше доцна.
Поентата ми е дека врвен голман не смее да си дозволи да прима голови на ваков начин, да беше Реина ок низок е ама нашиов е 2 метри. :)

@true blue Другар ај прегледај ги последниве 3 меча и кажи ми колку високи топки Торес успеа да спуши или прими.
Вчера сите воздушни дуел ги изгуби, што ми е најбитно не се ни труди. Туку стои и чека кикс на дефанзивец. Против Евертон исто така, упорно го форсираа него со такви топки.
Да беше Дрогба место него од 10 топки 8 ќе успееше да ги прими.[DOUBLEPOST=1393760778][/DOUBLEPOST]
Оскар беше крив за голот...воопшто не се потруди да покрие туку си дремеше како дрво.:D:cool:
Мислиш Мата. :icon_mrgr:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Го доби дуелот при кој асиситареше за Ширле,тоа е важно.
 
Ба е супер така за долги топки, ама ништо од него. Само да го продадат на лето зошто стварно мислам дека заслужува да си игра негде, во некој солиден клуб.

Иначе да, и во Чех е дел од кривицата за голот, ама кога веќе не ја исчисти он, не смеат останативе шест да дозволат двајца да им пројдат измеѓу.
 
Кога Торес ќе успее да прими долга топка од Чех цитирајте ме :)
 
Сега гледам распоредов на Сити, и можно е додека да ја играат следната во ПЛ, да им бегаме веќе 9 бода. Секако, со 3 утакмици помалце они ама сепак ќе им се створи притисок дека ако сакаат да не стигнат ќе мора сите да ги тепаат. ЛШ еве нека испаднат, ама ФА Куп да си одат понатаму и заостанативе да им ги збијат некако лошо и супер ќе биде :D
 
Се зависи од Туре и Агуеро. Еве неколку утакмици без Агуеро се мачат не можат да дадат брз гол.
А пл е таква кога играш против екипи кои се во долен дел од табелата, како одминува времето се потешко се прави шанса.
Мене тоа и највеќе ме плаши сезонава. Против екипи од горен дел на табела немаме проблеми, ама ќе дојдат Вест Хем, Хал, Вба и ќе им оставиме бодви.
До пред некоја сезона го имавме Дрогба, кога не оди ќе расфрла се во одбрана и ќе даде гол, ама сезонава едвај да видиме гол од напаѓач а не пак константност.

Џабе што асистираше вчера Торес кога од 10 топки не успеа да прими ниту една при резултат 0-0.
Тука е битно да се покаже кога ни треба резултат а не на 2,3-0.
 
А и Сити има гостувања кај Јунајтед, Арсенал и Ливерпул до крај. Ние само кај Ливерпул на гости, а со Арсенал дома. И следната со Тотенхем секако. После следните три (Тотенхем, Вила, Арсенал) мислам дека ќе имаме многу појасна слика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom