Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
03-02-2014-GifNumber-120.gif
 
20 милиони даваат за Матиќ, а го дадоа пред две години за беспари. Килава управа.
Па уште купуваат играчи од среден ред, а таму сме кнап.


Затоа и го сакав во тимот, страшен играч. Баерн го има Хави Мартинез, Сити го има Туре ( вечерва го немаше ), ние го имаме Матиќ.
 
Страшно добра игра вечерва, мора да признаете Агуеро ќе искористеше една од оние шанси од пред гол на Сити.
 
Браво,искрено не очекував победа ама ме изненадија.
Матич,Хазард,Кејхил феноменални,како и целиот тим. (y)
 
Утакмичиште од Мурињо...уште на полувреме бев уверен дека ја добиваме оваа...да беше било кој друг на кормилото на Челси, уверен сум дека ќе лапкавме 2-3 комада ко ништо. А Сити можат среќни да бидат што само 1 примија. Три стативи, алооооо!!! Сите искинаа, посебно Матиќ...каква утакмица изигра, сФака му част. Во одбраната сите одлични, Чех на голот кога требаше, одличен (освен малиот испад во прва минута :D). На -2 сме од Арсенал, ама сега им следи тежок период, ние имаме полесен противник и од нив и од Сити (за во ЛШ зборам).

Mатиќ не чинел... ;) Иначе Гери е еден од најпотценетите дефанзивци во ПЛ, па и пошироко.
 
Честито победа што можеби ќе ни донесе титула. Не се сеќавам кога последен пат сум го гледал Челзи толку силен, ги надигравме во секој сегмент, апсолутно заслужена победа.
Секоја чест за Мурињо. #Mournho effect. Одлично ја постави и формацијата и тактиката и ги избра најдобрите 11. Големи пофалби за него пред се.
Секоја чест и за играчите. Ќе ги пофалам сите а најмногу Азар кој ја играше најдобрата утакмица откако пристигна во Челзи иако не постигна гол, потоа Матиќ... одличен играч, одлична игра во секој сегмент, иден мотор на тимот. Да ги пофалам и Чех, кој не дозволи да ми го расипат остатокот од вечерта, Тери и Кејхил - вистински столбови во одбраната, Азпи, кој не дозволи Навас да мрдне по аут линијата, голема пофалба за Ивановиќ кој освен што даде гол вреден 3 бода, играше одлично и во дефанзива, Рамирес одигра околу просек, Ето освен пречка, невидлив. Сепак браво за тимската игра и тимскиот дух. Сакам почесто да гледам ваков Челзи.
Еден Азар избран за играч на дербито според Who scored, веднаш после него Немања Матиќ.
1545682_570076443086498_674908979_n.png
 
Страшно добра игра вечерва, мора да признаете Агуеро ќе искористеше една од оние шанси од пред гол на Сити.

По твојава логика, да не беа пречките и Челзи ќе дадеше минмум уште 2 комада.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom