Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Можеше да ја одбрани оваа Чех - но тој не е ни најмалку крив што има неспособна одбрана и соиграчи на кои било која екипа може да им направи ваков пресврт..... тешки времиња дојдоа, си ја искомплициравме работата.
Господ нека ни е напомош
 
Баш сега сакам да видам и слушнам како ќе реагираат од Челзи.Анчелоти беше цар за Боаш.Наместо да го тргне Дрогба и да го фрле Торес тој не знае што праве.Мисле PES игра.Катастрофи :D
 
Челзи ќе отпадне,не ми се верува.Ама со олку лоша игра,тоа и не е за изненадување.
Последна минута примиле гол,по којзнае кој пат.О Боже,какви дебили.
Не можам живци да кинам веќе,подобро нека си одат Леверкузен и Валенсија,зошто ние не заслужуваме пласман понатаму.
И пак утакмицата оди на душа на Боас.Малуда го става место Мата,Алекс место Луиз.И истиот тој Алекс се испосра на крај и го остави Фридрих да даде гол.
 
Андре Вила Боаш .... Уво не го боли чоеков ќе си лапне паричка и ќе си спичи, веќе ни на головите не се радува :cautious:.

15 милиони фунти дека дадоа за чоеков , алал нека му е на Абрамович.
 
Таман мислев тргна добро крај на прво и почеток на второ, мораа да ја заебат. Уште вчера кога кажа Боас дека му одговара и нерешено се плашев од ова. На 1-1 го стави Микел, да го бранат резултатот место да го искористи Торес.
Ај другите две измени можам да ги сфатам, Мата не играше баш најдобро, а Луиз доби неколку тешки удари во прво полувреме. Ама ова со Микел му беше утка.
 
Се плашам од најлошото,Челзи дека нема да помине.Катастрофални сме,домашниот терен не е фактор,затоа што сезонава не е битно дали играме дома или гости,сеедно е.
Во најдобра форма,со Валенсија имавме проблеми,и тоа дома баш памтам,сега вакви никакви,со ваква Валенсија разиграна,ќе се извлечеме со нерешено и ќе отпаднеме.
Гревови,не сакам ни да коментирам веќе.
 
Е сега ако нема притисок Боаш,незнам кога треба да има.
Јасно е дека Челзи тоне.
Ај ќе разберев да сме играле со помладен состав,ама истите фаци се бе. Со овој тим и Хидинг на клупа абе Барса знаеме сите како се провлече...
Ама ај...
Ах Хидинг,Хидинг....
 
Во одбраната како некои аматери се. Не знам стварно што се случува, чудно ми е да ја гледам ваква одбанава, порано одбараната главен адут ни беше а се најголема дупка.
Само Мата и Стариџ се нешто подобри од останатите, а на првиов Боаш се` почесто му ја менува природната позиција и Малуда го става лево а Мата ај кај било битно во прв состав да е-.-.

Неможеш да споредуваш тогаш и сега, тогаш Тери, Дрогба и Лампард беа во најдбра форма. Сега истиве играчи се очајни.
 
Колку килаво изреагира Чех за вториов гол, воопшто не се одрази.
 
Таман е утакмицата решавачка со Валенсија.Ако не победат,тогаш и не се за понатаму.Едноставно е.
Мада рака на срце и да победат,пак не се за 1/8 финале.Бедни се.Ми се плаче еј.Психички е проблемот,дефинитивно,имаат некој проблем во главата.

А ако победат,пак ќе бидат втори.И како втори ќе се паднат Реал или Барселона и тогаш ќе биде смешки.
 
Tие нека победат па после нека му ја мислат како ќе играат во 1/8 финале.Ако биде да победат и да завршат второ место,ќе игра со некој што ќе биде прв во групата.Е ако им се падне Барселона е тогаш ќе пукне сеир :).Тешко ќе биде и со Валенсија.Ова е како финале и за двете екипи.Валенсија 8 бодови Челзи 8 бодови.Страшно кој знае што ќе биде.
 
Во одбраната како некои аматери се. Не знам стварно што се случува, чудно ми е да ја гледам ваква одбанава, порано одбараната главен адут ни беше а се најголема дупка.
Само Мата и Стариџ се нешто подобри од останатите, а на првиов Боаш се` почесто му ја менува природната позиција и Малуда го става лево а Мата ај кај било битно во прв состав да е-.-.

Неможеш да споредуваш тогаш и сега, тогаш Тери, Дрогба и Лампард беа во најдбра форма. Сега истиве играчи се очајни.
Очајни се зошто изгубени се од системот на Боаш во кој и тој самиот е изгубен.
И не ме зезај знаеме кои квалитети поседуваат тројцата,не се губат тие така лесно.
Очигледно е до Боаш кој не знае како да ги искористи правилно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom