Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Браво 3 од 3 ги примивме сега за сеа. Титуло чао,видиме се у боље време.
Ја па да запалам свеќа вцрвка и да се помолам,Сити да не ни даде над 4 гола...
 
За натпреваров сум песимист и не очекувам повеќе од Х..Немам доверба во Боас и во тимов веќе на дерби натпревари
Многу брзо се одкажавте од Боас.

..
Одбраната тапа сезОнава.. Минатата сезона најдобра одбрана статистички во ПЛ ја имавме(со најмалку голови примено),а сезонава изгледа ке имаме најмногу примено од 2002ра навака..
 
Многу слабо,Боас ме ра зазочарува...Цимерот попизде,а и јас му се придружив и до кога Тери со киксовите ццц!! :/
 
Малуда уште еднаш докажа што гаден играч е.Тери со онакви киксови не го знам :).Одбраната и средината промаја.Бог да ни е напомош.
 
разбрав дека повеќе нема потреба да се нервирам уште од сега за сезонава, се надевам барем 2 полусезона ќе се подобриме, си го преферирам здравјето во вакви случаеви
 
Не знам од кај да почнам.Во човеков што го имам на аватар многу верував.Највеќе му верував од сите тренери досега што се смениле во Челзи,од кога јас навивам.
Ама полека но сигурно не ми ја оправдува довербата,за жал.
На почеток од сезона јас бев тој што рече дека треба да му се даде време,и уште колку-толку стојам на истиот став,но измешани ми се емоциите,не знам сега дали е спремен да биде главен тренер на екипа од овој ранг,или пак му треба време за да води јак клуб.
Трет дерби натпревар,трет пораз.И тоа можам комотно да кажам дека кривицата е кај Боас.Погрешна тактика,погрешни 11-мина.
Уште кога го видов составот му реков на другарчево дека Челзи тешко дека ќе победи денеска.Зошто?Затоа што прво и основно го видов Малуда во составот.Човече,Малуда!?Па треба да си луд и глупав за да го играш него во прв состав,наместо Стариџ,а Мата кој е левичар со рогови да го играш на десна страна.Мислам WTF?После,Дрогба уште недолечен од повредата го става пред Торес.Добро и после како сакаме Торес да дава голови кога не игра во прв состав,стварно не можам да разберам.Нападот лош,не ни ми се зборува.Мата чат-пат се трудеше нешто,ама не може сам да игра човекот.Дрогба анемичен,лош,ја успоруваше играта,за никаде беше.Нека си седне на клупа,мислам дека и сам треба да знае дека не е више човек за големи утакмици,реално.Средниот ред,исто катастрофа.Мака ми е и мене кога плукам на некој начин по играчите,ама тоа е објективно од моја страна.Зошто така е,јас не измислувам топла вода.Лампард,испод ниво,ама човекот трчаше колку-толку,за разлика од другите.Микел,немам коментар.Лош во дефанзива,лош во офанзива,нормално.Директен кривец за примениот гол.Човеку,исфрли ја топката кај било,што кој кур се дриблаш на твоја половина,кога знаеш дека имаш нестабилна одбрана зад тебе.Рамирес изгубен,ама што да очекуваш од него,кога во недостиг на плејмејкер,тој ја игра таа улога.
Каква дупка имаше во среден ред,Адам и Лукас можеа ќебенце да си распостелат и да си прават скара.
Одбраната...е ако во средниот ред имаше дупка,тогаш во одбраната имаше кратер.Буквално.Додека до пред некоја сезона одбраната на Челзи беше најсилна и беше тешко да се постигне еден гол,годинава одбраната е швајцарско сирење.Фучи од сите страни.Ешли Кол,лош.Како во одбрана,така во напад.Ама изгледа човекот е преморен,како не би бил кога од кога е дојден во Челзи игра по 50 утакмици во сезона.Нема кој да го замени,ќе треба пак Фереира да го гледаме по таа лева страна.
Тери,многу лош.Не знам каде е оној Тери што разараше позади,што не можеа да го поминат и што беше најдобар дефанзивец во светот.Жал ми да го гледам капитенот во вакви изданија.Што се случува со него,не знам.Ама тоа што знам е дека поарно Алекс да игра,отколку Тери.И со право гледам сега дека Капело го изостави од репрезентација.Јагиелка и Лескот/Кејхил играат за класа подобро од него.
Луиз,овој беше вклопен во сивилото,не беше лош колку останативе,ама беше прилично слаб и изгубен.И непотребно нервозен,фала Богу што не доби црен.
Е Бане беше за нијанса подобар од останатите дрвца во одбрана,ама еден човек не може да брани гол,кога те напаѓаат Суарез и Белами.Чех за ниеден гол не беше крив,секоја чест за него.Целиот е расклопен,а брани уште во добра форма.И криво ми е за него,требаше да ги разшамари мајмуните.

Тешко ми е да го кажам ова,но Челзи лани под водство на Анчелоти беше многу подобар од сезонава.А и сами знаеме колку лош беше Челзи лани.Епа ако беше толку лош лани,тогаш сезонава Челзи е...
Пред две сезони,кога Анчелоти дебитираше за Челзи,тогаш победивме во сите шест дерби утакмици.И бевме шампиони,заслужено.Па и Лани не останавме без ич.Ги тепавме Сити,Тотенхем,Манчестер и Арсенал дома.
Не сакам да правам споредби,неблагодарно е,ама Челзи во времето на Мурињо во 50 утакмици имаше примено 5 гола што се вика.Сега во 12 утакмици Челзи има примено 20,ако не и повеќе.
Додека изминатите години кога Мурињо и Хидинк беа на клупа,Стемфорд Бриџ беше неосвоива тврдина,и никој жив не можеше да даде гол,а камо ли да победи,сега кој стигна не утепа,кој стигна ни дава по 2,3,4,па и 5 гола.
Лошо е многу,и болно.Се трудев да бидам оптимист,и уште сум.Длабоко во мене мислам дека ќе се оправиме,дека кризава е привремена,ама засега ова е мизерно.

Челзи нема игра,кружи со топката околу шеснаесет,ама не е конкретен.Не е силен и моќен каков што беше.Ја нема таа црвстина и силина во средниот ред и во одбраната,нападот е анемичен.
Челзи не создава шанси,сака со све топка да влезе во гол.Има тренерот некоја глупа замисла и мисли дека Челзи е Барселона,ама очигледно е дека не е.
Челзи не шутира,Челзи има слаба контра.Сето тоа што беше карактеристично за нас во изминативе години,а за една сезона се снема.
Дали е до играчите,дали е до тренерот,појма немам.Креативност,никаква.Цело лето трубевме дека треба плејмејкер,тие го зедоа Меирелес.Мислеа дека тој може да го раздвижи средниот ред.Епа не може така,екипа од овој ранг не смее тоа да го дозволи.

Дали е слаб тактичар,дали избрзавме со негово донесување,не можам уште да одлучам.Кени го изеде денеска,го разби како дете играчка.Дојде со цел да не загуби,а се врати со цел плен.Полн погодок.Со два поклонети гола.Нашиот бивш играч фино лепо си се прошета по терен,и со лева ако не се лажам ни го забибери.
Дефанзивец ни закачи гол во стил на напаѓач.
50 милионскиот Торес,седеше на клупа.Додека Малуда промашува зицер ситуации,додека се влече ко гомно на терен,Торес седи на клупа.И го става во 85 минута.Ало бре,па за 5 минути не можеш да се загрееш,а камо ли да направиш шанса или да дадеш гол.Мене срам би ми било да го ставам Торес во последна минута,а да го чувам цел натпревар.Јас да сум бил како него,би одбил да влезам во игра.
Ама добро,секако после тоа Торес е крив,не давал голови,слабо играл.

Тешки времиња,имам уште многу да кажам,ама не ми може душава,така да ќе завршам овде.Со надеж дека тимот мој ќе се квалификува во 1/8 финале на ЛШ и дека ќе заврши барем четврти во ПЛ.Иако е многу тешко тоа,со оглед какви екипи играат во лигата.
Екипа што има 4 порази во 12 кола,што има три порази од главните конкуренти и тоа прилично убедливи,не заслужува во никој случај да биде ни второ место,не дај Боже шампион.

И да.На кур да ги качам тие што викаа дека имало организирано следење во Дајмонд клуб.5 души со све конобарите и вработените бевме и испомрзнавме.
Глупи луѓе,само да се лажело без причина.
 
Мора на зима да се земат 2ца играчи одбрана,централен и лев бек.. Кол и Тери треба малце на клупа да одморат,не се веќе за по 40-50 натпревари во сезона..Кејхил од Болтон и Переира од Порто би завршиле работа :cool:
 
Торес го внесува 5 минути пред крај ..зошто бе ? Малуда прва постава? Дрогба ДРВО!! ТЕРИ ДРВО!!
 
Денес заклучив повеќе работи.
Боаш е добар тренер, со различен поглед и пристап кон фудбалот, но едно е сигурно, не е тренер за ПЛ, не е тренер за Челзи. Идеален е за шпанска лига и екипи како Барселона и Реал Мадрид, во Англија се бара машка и динамична игра, пред се голем тактичар, тој сеуште се кали.

Друго, потребна е голема промена во рустерот на играчите, повеќето се со напумпани плати и веќе докажани фудбалери кои не ги боли левото јајце за Челзи, друго никој не игра за да се докаже и направи историја, туку да се истрча на терен.
Секоја чест за исклучоците како Ивановиќ и Мата.

Потребно е голема револуција, Челзи нема игра, Челзи нема замисла, и како такви не сме ние никакви конкуренти за титула, и дај боже да се пласираме за ЛШ следна сезона.
 
Денес заклучив една работа само.Ако продолжеме вака и шампион лига нема да видеме следна год не пак Лига на Европа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom