Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Не го гледав натпреварот поради веќе добро познати причини.Утакмица на Челзи првпат пропуштам после не знам колку време.И ќе се изедев што не ја гледав,ама Македонија играше во ист термин.

Кога ми пишаа порака на полувреме дека губиме со 3-0,тогаш ми беше јасно за каква мизерија станува.И искрен да бидам,мислев дека ќе не снајде иста судбина како со Арсенал.Но фала Богу не изгубиме убедливо.
И да,гледајте на позитивната страна.Торес постигнал гол(шала де).И исто така ми кажуваа дека промашил празен гол и сега кога дојдов дома и кога видов што промашил,ми идеше да се фрлам од тераса.Како можеш бе Торко бе да промашиш празен гол.Го издрибла убаво голманот и на крај промаши.
А иначе добар гол даде,во негов стил.Ај барем ќе му се дигне самодовербата во продолжението од сезоната,да се надеваме.
Ама ова промашување не му го заборавам.
Некои викаат сме играле мизерно,некои викаат дека сме играле добро,ама не сме ги искористиле шансите.Исто и Рамирес промашил зицер,Руни промашил пенал и така натаму.
Може некој да ми каже точно како игравме преку цел натпревар,колку шанси имавме и кој беше наш најдобар поединец?
И некој да остави хајлајтс не би било лошо.
 
За ова мора да добие признание :) .Незнам што е со човеков.Кога му тргнало кога пак се враќа на истата приказна :)
 
Може некој да ми каже точно како игравме преку цел натпревар,колку шанси имавме и кој беше наш најдобар поединец?
И некој да остави хајлајтс не би било лошо.

Ако видиш статистика, имавме повеќе шанси од нив. И на цел натпревар, имавме 18 шутеви кон гол, а они 10. Во првото полувреме играта беше добра, но не ги искористивме шансите. Они реализираа при секоја шанса и обезбедија добро водство на полувреме. Второ полувреме играа и они подобро, имаа добри шанси, Торес веќе си видел што промаши.
Најдобар поединец не би издвојувал, само ќе кажам дека Стариџ се изгуби, а и Мата не беше ништо посебно.
Хајлајтс тешко се наоѓа засега, би требало на Спорт Клуб + да ја даваат сега, ако немаш тогаш чекај MOTD.
 
Фала ти на одговорот.Не сум толку разочаран,штом сме играле добро.Не сме имале среќа,сме промашувале срамно,а пак Манчестер ги искористиле нивните шанси.
Верувам во тимов и тренерот,ќе се опрајме сигурен сум.
 
313819_10150314549484614_124855544613_7664193_1388422381_n.jpg

313411_10150314549869614_124855544613_7664200_1206063592_n.jpg

Срам да им е.
 
По тоа што можам да го прочитам сме биле добар противник, само реализацијата слабо.
Двата офсајда и промашувањата на Торес и Рамиреш го промениле целиот тек на играта, али верувам во АВБ дека ќе го поправи тоа и ќе газиме :) .
 
313411_10150314549869614_124855544613_7664200_1206063592_n.jpg

Срам да им е.

Ај првата слика ама барем не го лажи народот со втората. Нани е скрос десно, и му подаваат на Нани, не на Чичарито кој е централно и нема никаков допир со топката. Нани од кога ја фати таму од половината на теренот, сам ја водеше и шутна. Ако се судат офсајди за неподадено, не знам што да кажам, 50 посто од головиве ќе требаше да се поништат.
 
Не си ја лажи душата, погледни убаво, ке видиш дека Нани е во офсајд..
 
Не си ја лажи душата, погледни убаво, ке видиш дека и Нани е во офсајд..

Според мене најмалце е во линија со Босингва, дали сантиметри се во прашање. Ама ок, ваква ситуација е тешко да се забележи и во моментот да се одлучи дали е офсајд или не, според мене повеќе кривица требаше да сноси одбраната ваша што го пушти Нани да се прошета.

Како и да е, нејќам да се расправам, таман работа, и вие сте победувале со голови од офсајд па никому ништо, лајф гоуз он. Позз и се гледаме на Стемфорд.
 
Значи до тука дојдовме, прво не се важат вакви, а потоа ние сме победувале со вакви офсајди. Натпреварот е за "por que", зошто само на вакви големи натпревари се случуваат вакви работи, срамота бре.. Како и да е, сето ова е дел од несреќата на Челзи денеска т.е вчера. А за пријателчето твое погоре, те молам или избриши го постот или направи нешто слично, не се лечат комплекси тука, разговараме како што доликува..
 
Не си ја лажи душата, погледни убаво, ке видиш дека Нани е во офсајд..

Левата нога на Босингва е во линија со Нани, плус тоа и Нани се враќаше назад за да ја прими и затоа судијата така процени.. А и каков гол падна од таа акција, штета ќе беше да свирнеше офсајд судијата! :icon_lol:
 
Оладете луѓе!Утакмицата заврши,се е залудно после неа.Значи имаше офсајд при првиот гол на Смолинг,при другите беше се регуларно.
Имаше и пенал,Руни го промаши.
И заслужено тепале Манчестер.Коа ќе ги погледнете промашувањата на Рамирес и Торес тогаш ви станува јасно зошто не сме победиле.Не барајте кривци на друго место,кривците се во вашиот двор.
 
така е да го даеше рамиреш тој све ке сменеше цела игра и не ке беше 3 -1 сугруно....ама имат и реванш па ке видиме можит таму ке имаме среќа и ке победиме како тие нас :notworthy:
 
И јас да дадам мое мислење за натпреварот...иако не ја гледав утакмицата по веќе познати причини..гледав од 70 минута па натака..видов дека ние цело време наваѓавме ...но слаба реализација..Торес даде гол..тоа ме радува..знам дека промаши и празна статива..кривицата е во него..но ве молам не го вреѓајте ..многу големи играчи имаат промашено ваква шанса..тоа на секој може да му се случи..исто така и за Рамиреш..а за првиот гол не коментирам јасно се гледа дека е офсајд..верувам дека со овој тим ке бидеме челни на табелата другата година во Мајот..100 посто сум сигурен дека на Стемфорд ке ги добиеме по секоја цена и Торес ке биде повторно стрелец..и да се надополнам..од следната утакмица ке го гледате правиот Торес..ке почне и тој да постигнува голови..стварно и мене ме боли кога го навредувате човекот..исто така да кажам дека на фејсбук страната на Челзи ..официјалната на Македонија..неможам да се изначудам колку глупави луѓе има ..така тресат зелени..Без разлика на поразот..одиме понатаму ...KTBFFH
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom