Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Јас пишав 2-3 страни поназад...како да не губиме 3-0 кога промашуваме 3 зицер шанси? Епа сега тоа е...одиме понатаму.
За Торес нема што да се зборува,даде гол,ама и празен гол промаши.

Следните 6 натпревари во ПЛ

Фулам ( дома ) - победа
Свонси ( дома ) - победа
Октомври :
Болтон ( гости ) - победа
Евертон ( дома) - победа
КПР ( гости ) - победа
Арсенал ( дома ) - победа

6/6 :icon_mrgr:
--- надополнето: Sep 19, 2011 11:27 AM ---
torrestudmata.png

:D
 
Заслужено си тепаа Манчестер честитки за нив.
Но единствен кривец сме ние затоа што не игравме лошо а промашивме зицери и тоа е тоа.
Торес да се протера од Англија, не знам кој збор и да пишам за да го опишам колку е глуп е благо речено за него, тоа е.
Стариџ, уште не дораснал за големи натпревари, се виде со Јунајтед и тоа ме плаши за да не му стане карактеристика како Ето што ја има, во големите натпревари никаде да го нема а слабите тимови да ги полни, Боаш мора да реагира на време.
Утакмицата ја гледав на снимка и можам да кажа дека кога би била во друг термин и да сум ја прател во живо со мене ќе треба медицинска екипа за прва помош, секоја чест и за двете екипи и за напаѓачкиот фудбал од двете страни.
Боаш зачекорува сигурно кон светла иднина, она што на оваа утакмица го демонстрираше Челзи е нешто досега невидено и во ерата на Мурињо, голем колективен дух и игра со исклучок на Рамирес при шансата за гол кога до него беше Стариџ, тимов игра фантастично во напад, имаме добра транзиција од одбрана во напад што долговреме го немавме и крилата се многу вклучени во игра, али одбраната на мечов за првпат сезонава ни беше швајцарско сирење и мора да реагира најстрого тука Боаш, посебно спрема Кол кој според мене беше вистинско дрво утакмицава со што дозволи Нани да го врти како сака по таа лева страна.
Челзи започнав да го гледам и да навивам ради еден човек..Франк Лампард, но после доаѓањево на Боаш нешто слично се случува, едноставно човекот е вистински човек за Челзи, и многу го почитувам.
Тоа е, изгубивме чесно, не доживеавме дебакл и пред се одигравма солидна партија на Трафорд, досега никој го немаше направено тоа и успеавме да имаме поголем посед на топката од нив и до двете полувреме, ете да се утешиме со тоа, идеме напред.
KTBFFH!
 
--- надополнето: Sep 19, 2011 11:27 AM ---
torrestudmata.png

:D[/quote]

Најакиот напад во светот :D ;) . Мислам дека после овај " среќен " пораз од страна на Ман Утд некој од тимовите во Премиер лига ќе настрада :D .
 
--- надополнето: Sep 19, 2011 11:27 AM ---
torrestudmata.png

:D

Најакиот напад во светот :D ;) . Мислам дека после овај " среќен " пораз од страна на Ман Утд некој од тимовите во Премиер лига ќе настрада :D .[/quote]
Најак не, но со голем потенцијал да биде таков.
--- надополнето: Sep 19, 2011 1:03 PM ---

Најак не, но со голем потенцијал да биде таков.
 
И јас да дадам мое мислење за натпреварот...иако не ја гледав утакмицата по веќе познати причини..гледав од 70 минута па натака..видов дека ние цело време наваѓавме ...но слаба реализација..Торес даде гол..тоа ме радува..знам дека промаши и празна статива..кривицата е во него..но ве молам не го вреѓајте ..многу големи играчи имаат промашено ваква шанса..тоа на секој може да му се случи..исто така и за Рамиреш..а за првиот гол не коментирам јасно се гледа дека е офсајд..верувам дека со овој тим ке бидеме челни на табелата другата година во Мајот..100 посто сум сигурен дека на Стемфорд ке ги добиеме по секоја цена и Торес ке биде повторно стрелец..и да се надополнам..од следната утакмица ке го гледате правиот Торес..ке почне и тој да постигнува голови..стварно и мене ме боли кога го навредувате човекот..исто така да кажам дека на фејсбук страната на Челзи ..официјалната на Македонија..неможам да се изначудам колку глупави луѓе има ..така тресат зелени..Без разлика на поразот..одиме понатаму ...KTBFFH

Ех, болдираново...Баш вчера на полувреме коментарите одеа вака: „AVB ОДИ СИ ВРСКА НЕМАШ!!!111ONE“, или „ТОРЕС ЃУБРЕ ПОЈМАШ OMGWTFBBQ ОДИ СИ ЗА ЏАБЕ ТЕ КУПИВМЕ!!!“.

30 секунди во второто полувреме одма се пишат коментари од типот: „TORRES <3 <3 <3“. Па шо фанови ќе беа тоа, мислењето им се менува драстично во рок од 30 секунди.

Торес тоа шо промаши НЕ смееше, ама еве промаши, истото и со Рамирес.
Зошто никој не го спомнува пеналот на Руни, кој беше поблиску до аут линијата отколку до голот?
Затоа што моменталната форма на Руни е иста ако не и подобра на врвната форма на Торес. Како и да е, тоа им се случува на сите, немавме среќа шо им се случи на 2-ца наши играчи на ист ден, али јебига, продолжуваме понатаму...Ретко кој тим оди на Олд Трафорд и покажува онаква игра, има и нешто позитивно во поразот...
 
Преиспитајте се себеси што пишувате и зимате за репер, фејсбук ало, па полошо место неможевте да одберете, каде 80% од тие фанови се под 12.
 
Гледам се тешите со добра игра, океј и тоа е за пофалба, добра игра напаѓачки фудбал прецизни пасови шутеви кон гол акции бла бла бла... се е мед и млеко

Лани Блекпул играа добро, напаѓачки, отворено, без респект кон противникот... ама отпаднаа од Премиер Лигата
 
Челзи не е Блекпул. Со секој натпревар играта се подобрува. Можеби Јунајтед дојде прерано, и се случи тоа што се случи. Го цитирам Боас: "Evolution, not revolution".
Реализацијата да се подобри, и одбраната да се среди малце и ќе биде супер.

Во среда против Фулам, Карлинг Куп. Баш ме интересира дали ќе пушти Боас млади играчи од почеток.
 
Биди сигурен дека ќе пушти, тој изјави така, додуша кажа дека ПЛ/ЛШ/ФА Куп ќе бидат приеритети да се освојат, затоа очекувам на овој меч да пушти дечурланата.
Како и да е, се согласувам со тебе, Челзи не е Блекпул, и што се однесува до играта според мене напредуваме во секој сегмент и имаме многу течна игра која секако уште допрва ќе се развива, i love the way where this style of playing is going... :)))))))
 
Гледам се тешите со добра игра, океј и тоа е за пофалба, добра игра напаѓачки фудбал прецизни пасови шутеви кон гол акции бла бла бла... се е мед и млеко

Лани Блекпул играа добро, напаѓачки, отворено, без респект кон противникот... ама отпаднаа од Премиер Лигата

Оу ноу, значи ли тоа дека ние сме следни за отпаѓање?
Блекпул си играа таков фудбал за тим од таа ниска класа во која припаѓаат, а Челзи не играше доволно добар фудбал за нивната класа, барем до лани. Годинава работите се подобруваат, иако се гледа дека е далеку од совршенство, новиов начин на игра е каде-каде подобар од стариот, а има уште многу за играње од сезонава...
 
Заборавив да спомнам.. Браво за Ешли Кол.. Можеа да се радуваат Еванс кога му влезе на Дрогба со копачка у гради.. епа ајде осетете ја црнечката сила наша..
KTBFFH !!
 
Баш прееска фатив малце CTV, го анализираа натпреварот од вчера, и интересно е ова за Торес што го кажаа.
Да не го промашеше Торес тоа, ќе беше најдобар играч на натпреварот. Сите ќе го величевме тука, ќе стававме аватари од него и што уште не. А што ќе беше па да победевме со 2 негови гола и одлична игра. А вака, направи една грешка и одма нечини, никогаш нема да му се врати формата и ќе го продаваме во јануари.

Значи мора да сфатите сите дека Торес сезонава е многу подобрен за разлика од лани. Одлично движење на терен, често се враќа на наша половина да помогне и да започне акција. Головите ќе дојдат сами по себе.
 
ТОА И ЈАС САКАМ ДА ГО КАЖАМ..ке ДАДЕ ГОЛ БРАВО ТОРЕС МАШИНА НАЈЈАК СИ..КЕ ПРОМАШИ ЛЕЛЕ ДРВО ПРОДАВАЈТЕ ГО ВРСКА НЕМАШ ГОЛ НЕМОЖЕ ДА ДАДЕШ НЕЗНАМ ТИ ШТО..дај нека се освестат малце луѓето..да не така е тоа ајде влегува торес на терен му даваат топка ги дрибла сите и дава гол..
 
Џабе е, пак е дрво, иако го сакав кога дојде и верував многу во него, но сега да речам дека се освестив за Торес, дрво невидено, лешпер.
--- надополнето: Sep 19, 2011 7:03 PM ---
KTBFFH

Шо е ова, да прашам ваке ка неинформиран !! :)
KEEP THE BLUE FLAG FLYING HIGH!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom