Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Колку не оштети судијава тоа е чудо нешто,им ја уништи вечерта на сите фудбалери од Челзи кои немаа некоја си игра али битно 3 гола да дадеш не се малце.Али Манчестер се бори за титула така да мора да му помагаат а со нас да си играат ташакот..Али идеме даље мора и ова да се преживее..
 
Не води инет....Прво,контактот со Велбек се деси 3 секунди после стартот на Иванович..ради клизавиот терен.Второ,Иванович ѓи собра нозете...Трето,велбек паѓаше уше пред Иванович да имат контакт со него(исто ко шо не беше фаулот на Сколс врз Д.Луиз про слободниот во последните минути)...Така да,пенал не беше...а првиот чист ко солза.

Сепак,Веб е најмалку крив.Една екипа не смејт да си дозволит да испуштит водство од 3--0...не смејт.Па макар била и 20 место на табелата....а не претендент за место во Лш.Виљаш Боаш е тренер готован,бар засеа.Имат знаење,кое шо мојт да го спроведит само со добар материјал,добри играчи.Му фалит искуство....не знајт едноставно да се поставит во критична остојба...бранит кога требит да напаѓат,напаѓат ко ќе требит да бранит.Али искрено,за прва година,со ваков состав на Челзи,е релативно доста добар.А најголем фејл ми беше Малуда...шо тој чоек сеуште барат во Челзи,уште се прашвам :facepalm:

Ок за вториот дел се согласувам потполно, сами се победивме. Прво треба да се посветиме на внатрешните проблеми што се случуваат. После да плукаме судии.
Искрено не терам инат, можеби грешам, но ми се виде како пенал. Сега го избришаа видеото, па ме мрзи ново да барам. Мене барем ми личеше на пенал.

Аминтас, се сеќаваш кога ми рече да оладам?
Сега исто го направи и ти. Очигледно имаш проблем со вид за вториот пенал.

Дури ептен со ладна глава пишував. Пишував без навреди и без сарказам (за разлика од некои тука). Отворен за дискусија. Слободно убеди ме дека грешам, јебига и јас сум човек.
 
Доволно ги убедував од Јунајтед фановите, па не можам сега и тебе.

Уште ова. Нејќам лош збор за ниеден од нашиве. Мала критика ќе фрлам само врз Чех за третиот гол, требаше да излезе и да ја собере таа топка, и врз Боас.
Не се бранеше кога водевме 3-0, почна да се брани кога ни дадоа два гола. Нелогично скроз.

И Мата е подобар како крило мислам, отколку како плеј. На периоди беше и отсутен.
Но можда грешам, и така ми се чини.
 
Што ќе кажете за копилето Мирелеш што шутира ко луд од сегде и кур го боли?И Малуда имаше неколку безвезе додавања и лесно ја губеше топката..Торес зошто не шутна сам со голман што сакаше човекот да напраи?Да влезе со топката у голот?
 
Извинете вака што ќе ви се вмешам.Ама веб после 2 та глупи пенали кои ги досуди за Манчестер се гледаше дека тој самиот ја бута екипата кој поволен резултат.Овој вториот гуптионот сам си ја намести ногата до играчот на челзи и сам си падна мислам дека беше иванович не го ни чепна.И кога веќе им досуди 2 пенала требаше и во 93 мин да досуди пенал кој го направи и торец.Кој е торес да игра со гради пред својот шеснаесетник тоа за веб е чист пенал незнам зошто и не суди 3 пенал,барем да победеше неговиот Манчестер...ццц смрдлак судија
 
Па ептен лошо сум видел. Признавам :)
Од друг агол кога го видов "фаулот" за вториот пенал..... ќе си гризнам од левото...
 
Сега има реприза од натпреваров, срам ме фаќа да го гледам :facepalm:
Немам желба да коментирам за натпреварот само ќе кажам дека ме изненадија позитивно играчите очекував послабо издание без Тери, Дрогба,Кол и Лампард и не ме изненадија измените на Боаш.
 
Кое позитивно издание бе, како ве задоволија без Тери, Лампард, Меирелеш и Дрогба?
Прокоцкано водство од 3:0 (башка шо Веб ни го набута сосе јајца) за вас е добро?
Па нели нашион Питу-револуционерот ќе прави еволуција ли револуција ли не ти знам што, ајде нека победува без неколку од постарите играчи, нека ја започне таа ево/револуција, кога веќе создадол водство од 3 гола разлика нека го направи 4, нека го направи 5, да се дотолчи противникот. Башка што се работи за лут ривал и претендент за титула.

Имаше порано на нет читав, дека кога беше Вилкинс асистент се одело до крајности, дека бил перфекционист. Во смисол како може да се задоволат само со 1:0, не дозволувал став "битно победивме" и слични вакви работи. Сега гледам колку е тоа точно, и дека нема некој во клубов што ќе каже дека мора да се оди на се, а не на нешто..

Едниот гол грешка на одбраната (третиот) ај донекаде ќе се прости со оглед на противникот а и на тоа што Кејхил и Луиз играат прв натпревар во тандем, а воедно Кејхил во нов тим.
Едниот гол (2 пенал) беше неодбранлив, Веб шутна во небранетиот дел од аголот. Односно Руни, се извинувам...
Ама и покрај сите позитивни критики што ги имам кажано до сега, некој треба на Стариџ да му објасни дека тој е играч на Челзи, и ќе игра за сите 11, а не е Федерер или Надал да игра сам! Ако сака да се докажува нека го направи тоа како што го имат направено пред него многу други играчи, а не преку бесмислено солирање. Сеуште не ми е јасно кој кур бараше во наши 16 да го брка Евра...
--- надополнето: 7 февруари 2012 во 02:12 ---
http://www.chelseafc.mk/index.php?o...16-49&catid=54:2010-09-24-06-18-27&Itemid=266


Немој да ме јебеш бре...
 
Кој и да дојде се ветува ќе внесува млади играчи а од тоа 0 ништо не прават и после кој ќе ни отидат некаде растураат и оп после наеднаш чинат тие играчи само загледајте колку играчи заминаја што слободно можат да ги заменат Малуда, Калу и Босингва во првиот тим ај некој нека ми каже дека грешим според мене Боаш е само една пропадната мисија и немојте со тоа време му треба нему му треба отказ што не ги внесуе младите играчи ко што веќааше он место тоа ги праќа на позајмици, според мене ова ќе биде најлошата сезона во прошли 10 години за Челси.
 
Во Челзи отсекогаш било тоа проблем, младите играчи. Боаш ветуваше дека ќе внесува, но сезонава го оправдувам со оглед на тоа што има лимитиран состав, па мора да избори влез во Европа.
Но доколку следна сезона продолжи да не ги игра младите играчи, безразлика дали Челзи ќе победува или не, тогаш тој не е за менаџер на Челзи. Челзи мора да почне да користи млади играчи ради многу причини, една од тие се и финансиските проблеми, минуси со кои се соочуваме.
Рака на срце, сезонава Ромеу, Стариџ играат често. Се надевам следната сезона тоа ќе биде случај со МекЕхран и другиве млади играчи, посебно важи за Бертран, кој е навистина солиден, и мора да ротира со Кол.

Разочаран сум од Боаш, но не многу, со Јунајтед им одржа лекција, штета што не задржаа водство, иако имаше судиски неправилности, Челзи не смее да дозволи таков луксуз, посебно не со Јунајтед.
И измената Ориол - Стариџ, беше коректна, но многу задоцнета, тоа требаше после првиот пенал.

Сега читам дека Роман бил во кампот, што мене ми доволно говори за ситуацијата и фотељата на Боаш, иако тој упорно тврди дека ќе остане и следна година, плус неговата изјава читајте ја, и ќе сфатите дека Боаш има ултиматум од Роман, што е сосема во ред.
 
Момци, ич да не ви чуе. Ќе им се врати на сите екипи кои против нас победиле или извадиле бодови на нечесен начин.

Вие продолжете по старо, само не се карајте со дебилите од фанклуб Манчестер, затоа што не го заслужиле вашето внимание.
Здравје Боже да освоиме и Лига на Шампиони и уште многу други титули.
Но никогаш не се откажувајте од тимот што го сакате, никогаш. Челзи е повеќе од љубов, го знаеме и ние самите тоа. Не ми треба ни историја, ни пехари ни ништо друго.
Крај краева и вака ми е убаво да навивам за Челзи. Да сакав такви работи ќе навивав за Барселона и завршена приказна.

Останете ми во добро расположение,бидете здрави и живи, па се читаме и гледаме во некоја наредна прилика. Искрено се надевам :)


И да :

 


We just do that,cuz we can do that :)
No matter what blue is my colour and my pride :)

& in the end :
420390_1828881977852_1714434493_878396_292284726_n.jpg

Chelsea is more than - LOVE - :love:

254516_1387567985278_1714434493_619378_4567878_n.jpg

we are family.

I'm blue and I'll die blue cuz :
47460_1174808026412_1714434493_328868_5739023_n.jpg



And in the end .... WE NEVER GIVE UP ....

 
абе јас сам ќе се расправам со оние манчестеровците во темата за мечот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom