Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
 
Последно уредено:
Конечно.
Првично не ми беше прв избор ама сметам дека е баш тренер што му треба на Челзи моментално со оглед на играчите. Сега се надевам на добро лето, да се пазари голман, ДМ и напаѓач, да се ослободиме од ѓубрево и нека си работи човекот.
Од Покетино не очекувам чуда, очекувам да не внесе пак во топ4, да не одржува таму со по некој куп дур не дојдеме до следен тренер кој ќе не однесе чекор напред, секако и тимов треба допрва да созрева и да се развива, далеку сме од тим претендент за било каква титула.
 
Јас само не ги разбиеам со Феликс.

Ги имаш Мунт/Хаверц и Нкунку на истата позиција. Со оглед на тоа дека ќе го гледаме Лукаку во шпицот. Нем потреба од Феликс.
 
Жените денес третпат по ред го освоија ФА Купот, поразувајќи го Јунајтед со 1:0 на Вембли.
Ема е неверојатна.




На тема Феликс, неговото останување/неостанување ќе биде совршен тест за тоа дали газдите навистина му дале слобода на Покетино или не.
Феликс апсолутно не е играч по ќеф на Покетино, апсолутно. Ако остане, тогаш имам лоши вести.
Лукаку верувам дека ќе си замине повторно. Доколку и тој остане, исто така имам лоши вести.
 
Последно уредено:
Нека ги расплаче маме им ебам легачко.


Од Италија гласини дека агентиве на Лукаки вршеле притисок Челзи да прифати поголем удел од платата за Лукаку да остане во Италија.


Еј дај бе нека се отарасат од сертифицираниов имбецил.
 
Нека ги расплаче маме им ебам легачко.


Од Италија гласини дека агентиве на Лукаки вршеле притисок Челзи да прифати поголем удел од платата за Лукаку да остане во Италија.


Еј дај бе нека се отарасат од сертифицираниов имбецил.
Ако не па дај и го на позајмица уште 5 години и Челзи да му ја плаќа цела плата. лол

Јас сум да го вратат и да го стават со under-21 да игра.
Ќе изгуби цела година па наредната ќе видиме дали ќе го бара некој друг тим освен Турски.
 
Ја завршивте сезоната не гледате утакмица бе пукани зајаци?? Кекекекеке
 
Маунт скоро сигурно нема да продолжи со Челзи, денес голем дел од новинариве излегоа со ваква вест, ваљда се брифирани.
Така да, гитла, true chels како беше, како резил од карактер.
 
Маунт скоро сигурно нема да продолжи со Челзи, денес голем дел од новинариве излегоа со ваква вест, ваљда се брифирани.
Така да, гитла, true chels како беше, како резил од карактер.
Пишува дека е комплицирано и многу е лесно да си отиде.
Од тоа што знам, Маунт е дете на Челзи, Покетино го сака, ама дали ќе се договори со американците останува да видиме. Јас би сакал да остане, ама ако е на сила, не мора.

Друго:

Оф, оф, оф, ќе се крати од никаквите играчи...

Прочитав и дека Покетино веќе почнал да им кажува што сака да се донесе, напаѓач и ДМ партнер на Ензо.
 
Читам Маунт го барале од Јунајтед.

Збогом довиџење. Со сила неможе да го задржиме.


Може да пробаат по Мадисон како солидна замена.
 
Искрено не ни треба замена за Маунт, Хаверц и Нкунку ќе играат на 10ка и ќе ротираат. Ако си иде и Хаверц, ондак најверојатно ќе го земат Феликс за таа позиција.
За 80м слободен е уште сега. Апсолутно ниеден играч не е поголем од клубов, а идиотов се покажа како доста алчен а се правеше дека гори за клубов, нема грешка. Деновиве излегоа информации дека одбивал да потпише нов договор уште додека Роман бил тука, така да местото не му е во клубов, вошле.

На тимов ни треба само ДМ, добар напаѓач и голман. Се друго ќе се крпи и ќе се гради додатно, со Покетино мора да оформиме основа, идеја, култура. Џабе купуваме играчи и џабе е све кога последниве години, па дури и Роман додека беше тука, едноставно регресираме како клуб, немаме визија/план/проект, играчиве добија премногу сила/збор во некои одлуки, се створи некоја летаргија/лузерски менталитет кој фаќа корења.
Затоа секој што не се гледа во „новиот проект“ или било како во Челзи, како оној кловн Лукаку, нека си фаќаат патот, сите играчи од претходни ери/менаџери треба да се сменат, потребна е нова крв, нова генерација и менталитет на Челзи зошто патот по кој сме тргнати е многу лош и долг. Освојувањето на ЛШ со Тухел само ни ги продолжи маките, односно се нашминкаа сите слабости и летаргичност која не прати уште од кога Хазард си отиде, немаме лидер, немаме дух, ова е најбитно, па после фаќање топ4.
Од сите моментално, Јунајтед, Ливерпул, Њукасл ние сме последни во градење на екипа/дух за топ4 и нема ни да се чудам ако извисиме за топ4 следна сезона, имаме сериозни проблеми кои не се само ради тоа што имаме глупаци на клупа како Потер, атмосферава која владее во екипава и менталитетот со кој пристапуваме на натпревари е најголем проблем, не талент, не друго, менталитет.
 
Најголема кривица е до играчите да имаше уште 8 кола до крај Челзи ќе се бореше за опстанок, можно е и да испаднеше.
Ова не е до тренерите ова е класичен непрофесионализам од 95% од играчите и се надевам дека чистката ќе биде што поголема.
Кој сака да игра нека игра кој не надвор од клубот.
 
Ако дојде тренер во екипа што се бори за титула, а тој после една сезона заврши на 4 место, тој тренер ќе бараат некои фанови да го сменат.

Пример - Јуве, екипа што се бори за титула, годинава беа второ место (без казната), пар поени оддалечени од 4 место, се борат за ЛШ до последно коло.
Фановите сакаат да се смени тренерот бидејќи иако е топ 4, сепак не ги исполнил очекувањата.

Ако дојде тренер во екипа што треба да се бори за топ 4, а тој заврши на 8 место, фановите бараат тој тренер да се смени (пример.... шо знам, Потер во Челзи?)


А што правиме ако дојде човек во екипа што треба да се бори за титула, а таа екипа завршува на 13 место?

Викаме "Ајде да му дадеме време" или?

За Тод прашувам.

Кога ќе излезат фановите на улица да бараат одговорност од овој човек??

Кога дојде Роман во Челзи, во првата сезона го избрка Раниери, иако тој стигна до 1/2 финале на ЛШ.
Фановите излегоа да протестираат против Роман бидејќи сметаа дека прави погрешен потег.

Што правиме со амеров?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom