Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Ista finta 2 pati diop suchek ili kako se vika , 2 pati gol postignuvat
 
Bravo Willi.

Pulisic ima odlicna eksplozivnost, na toj nachin iznudi i faul za penal i za ovoj sloboden.
Автоматски споено мислење:

:tapp: :tapp:
 
Последно уредено:
Edinstvena "pozitivna" rabota e shto Lester se vo losha forma, nie imame "relativno" polesen raspored vo slednite 4 kola kade mora da se osvojat 12 boda.
 
Сите петмина од одбраната денес, следната сезона не смеат да се најдат во првите 11 на Лампард.
Азпиликуета и Рудигер на клупа, Алонсо и Кристенсен на клоци во Фиорентина и Гладбах.
Кепа повеќе не го коментирам, а имам право бидејќи бев еден од единствените што и лани застанував на негова страна и кога имаше неодбранливи ситуации.


Видете, има моменти кадешто индивидуалниот недостаток доаѓа до израз и поради тоа примаме голови. Избацувањето на Рудигер во корнер, без да биде принуден и без никаков притисок, или излетувањето на тифусарот Кристенсен при голот на Јармоленко. Но има моменти кадешто колективното бранење, односно алиби стоење до противнички играчи, исто така доаѓа до израз и за тоа е виновен стручниот штаб. Имаме зборувано и претходно во сезонава на таа тема. Мора Лампард многу да работи, поставеноста и играта во дефанзива не приличи на клуб од Премиер Лигата.

Залудно децава што играат напред, залудни се Вернери и Зијеши и Хаверци, со ваква одбрана. Залудно е. Да имавме барем пристојна одбрана, налик онаа на Јунајтед, значи не барам гранитна како ливерпулската, туку само пристојна, сега веќе ќе бевме квалификувани во ЛШ.
Три гола примаш од екипа што три гола нема постигнато во последните 20 меча, се бори за опстанок и веројатно ова ќе им бидат последните три бода во сезоната. Жално.

п.с добра аудиција на Рајс вечерва, би го зел без око да ми трепне. Дали за во средина, дали за стопер (јас би второво). Очајно е потребна енергија и физичко присуство во задна линија.
 
Последно уредено:
Неможу да сфату како можев овакву одбрану да играв.
И не прифаќам кд ќе ми кажев, абе брат, па тапа су ви дефанзивци. ИНДИВИДУАЛНО, ни Азпи, ни Рудигер, ни Кристенсен не су тапа, Алонсо ајде ама како колективно, неколко пут, констатно испадав од позицие и неумев да покривав е катастрофално. Овој га препишују на Лампарда, овој е нешто што целу сезону ни се провлача како голема маана плус прекини, уопште нема организација и синхронизација у одбрану затој и нема константна одбрана нити константан одбранбен играч од наш тим, сви имав добру утакмицу, па лошу утакмицу, добру, па лошу. Мора на лето да се донесе некој лидер у одбрану што ќе унесе команду у тим и да се донесев некои асистенти или трењери за одбрану зашто немав појма што да правив у корнер ситуацие и контре.
Ќе си легну нервозан.
 
Си изгубивме сами од себе.
Не може еден играч во напад кој нема никава друга подршка да неможеш да неутрализираш. Ај да беше Лукаку па некако ќе сварев ама ова, Антонио кој до пред 2 сезони беше десен бек никако.
Како одминуваше натпреварот Рудигер и Кристенсен се повеќе влегуваа во паника и наместо да стојат до Антонио и да не му даваат да прими топка, они беа 2-3 метри подалеку од него поради страв дека ќе ги претрча. Невидено.
Пак гол од прекини, цела сезона не најдовме решение, ова си оди на сметка на Лампард и штабот.
Џабе му ворк етик на Рудигер кога со мозок е тапа, како можеше безопасна топка да испаничи и да исфрли во корна.

2 гол топката ни помина покрај 2 штопери кои не знаат како да се позиционираат.
3 гол ниту Кристенсен прави фаул ниту Рудигер офсајд стапица, аматерски грешки.

Секоја чест за Канте и Пулишиќ.

Премногу работа има во тимов која треба да се среди ако сакаме барем борба за титула од сенка, џабе појачување во напад ако одбраната си прима гол повеќе.

Ептен ми падна нервозно поразов, џабе победа над Сити и добра игра кога прв натпревар после тоа изгубивме на аматерски начин.



Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Фали еден барем нешто повеќе од просечен централен бек, кој и Рудигер ке го направи нешто подобар играч, налик ван дајк со матип. Кристиансен, Зума, нажалост, добри за ротација, ама не и да се потпреш на нив за нешто повеќе. Томори би требало да биде добар играч, ако го заобиколат повредите.
 
Истото како и цела сезона :toe:

Казната што требаше да ја добијат против Лестер ги стигна сега. Од старт се виде каков ќе биде натпреварот, на крај не бев ни изненаден.

Него јас не сум видел натпревар во кој напаѓачот доаѓа до буквално секоја топка која е шутната во половината на противникот. Дали панично исфрлиле, дали подале, дали нафрлиле, Антонио дојде до секоја топка. Ги уништи и Рудигер и Кристенсен.

Фали физикалност во тимот, фали висина. Ама мора и подобра поставеност при прекини. Што бара Абрахам со два метри на гол линија, а Азпи чува играч кој е пола метар повисок од него...
 
Последно уредено:
А за новиот Дрогба ќе зборуваме или?
Душата им излезе на Пулишиќ и Вилиан (да, тажно е што играчот кој го напушта клубот за еден месец дава 100 проценти, за разлика од некои), додека Дрогба си трчкараше наоколу.

Во ред е пад на форма, за млад играч како него. Тоа не е спорно. Спорно е што во млад играч како него не гледам сега жар, желба, мотив. И претходно во сезонава не бил добар, не давал голови, ама вршел притисок, трчал, покривал во одбрана посериозно.
Реков и повторно ќе речам, еве да не биде од август муабетот, да не се тригернат некои ликови. Мене Абрахам ми изгледа како човек што не може под притисок, не може со конкуренција и е недоволно силен во главата.

Па уште се правеа комбинации, Вернер лево крило да играл, за да имало место во шпицот за него. Тешко вака, другари. Многу тешко.
 
Гледајќи го Рудигер, жалам за Давид Луиз.
Ме разбирате, нели....
 
Инаку, on a bright side, Пуличиш има неверојатно напредувано од моментот кога дојде, или се има дури сега перфектно аклиматизирано. Ова без иронија или заебанција, топ играч стана.
 
Па уште се правеа комбинации, Вернер лево крило да играл, за да имало место во шпицот за него. Тешко вака, другари. Многу тешко.
Прва сезона на високо ниво, сепак најдобар стрелец. Нормално е. И знам дека подолг период нема изиграно како што треба, ама пред паузата и цело време играше со повреда. Ова го баравме долго време и сите ваљда бевме свесни дека младите играчи на почеток ќе бидат неконстантни, па затоа за мене не е време за паничење, иако и мене ме загрижуваат овие две партии. Ако продолжи така, тогаш може да се збори.
Секако носењето на Вернер е и тест за него. Ако не го положи, отворена му е вратата. Ама рано е уште за сето тоа.

Гледајќи го Рудигер, жалам за Давид Луиз.
Ме разбирате, нели....
Не, исто ти се фаќа :D
А лани цела сезона ја поминавме со нив двајца...
Рудигер примарно беше донесен за одбрана со тројца, каде што според мене може многу подобро да се снајде. Вака, тешко. Можеби со многу подобар до него би бил ок, ама немаме таков играч. Уште ми е криво што се растури партнерството помеѓу Зума и Томори за да може Рудигер да игра. Не дека овие двајца беа нешто многу подобри, ама при крајот конечно почнаа да градат нешто ок. Разбирливо е дека Лампард смета дека му се потребни и повозрасни играчи во екипата, ама сепак мислам дека ќе бевме подобри доколку се продолжеше со првите двајца.

Кристенсен... Откако следам фудбал нема играч кој повеќе ми го мењал мислењето. Кога игра добро, стварно игра добро. Како против Сити ете. Ама никогаш тоа не е константно. Секој месец ми се мења мислењето за тоа дали може да е играч на ниво за Челзи или не. Ама играч кој пред натпревари е нервозен и го фаќа серка, плус играч кој не е фан на фудбал туку го гледа како и секоја друга работа, воопшто не ветува дека може да е играч кој би достигнал високо ниво.
 
Не е паничење, критика вредна за размислување е. Ова му е втора сезона во Премиер Лига, патем.

Еве и Маунт горе-долу е во таква ситуација. Зошто него не го споменав? Денес да заврши сезоната, земајќи ги предвид сите овие околности, нов тренер, Премиер Лига, расштиман состав без Хазард и засилувања, доколку гледаш статистички, Абрахам е и повеќе од добар. Ама, ако направиме една кратка ретроспектива и ако анализираме подлабоко, Абрахам во 2020 има постигнато само два гола во сите конкуренции, а половина од головиве ги даде ,,во еден налет, набрзина". Хет-трик со Волвс, два Норич, уште два следната и толку, се угаси.

Уште еднаш, не му забележувам нему поради постот и лошата статистика во моментов, јас конкретно сега му забележувам за залагањето, односно незалагањето. Човекот изгледа незаинтересирано. Тоа е проблем. Уште еден на грб на Лампард. Во секој случај, дури и да се врати во нормала, ха, нормала, треба исто така да размисли клубот и за продолжувањето на договорот под тие услови кои тој ги бара.
Јас сакам да го гледам во Челзи уште долго. И него и останатите, ама вторпат преседан да се направи како за Одои, опасно е за голем клуб.


Зума-Томори ако не се лажам играа заедно и во Амстердам и навистина изгледаа пристојно. Томори беше најдобриот дефанзивец на Челзи до мистериозната повреда и изоставувањето од тимот. После тоа за жал беше уфрлен Кристенсен и ни се случуваа трагедии како против Евертон.
Човекот и физички и ментално слаб. Единствена предност му е играта еден на еден, бидејќи поседува некоја брзина и има долги нозе. Во сите други аспекти е многу лош. Затоа против Сити изгледаше како Ван Дајк, опонентите му беа ситни, мали, брзи и со нив лесно се справуваше. Секој еден што ќе стави двапати рака на неговото тело, готово. Го има добиено дуелот и мечот.
Жално е да се гледа неговата инфериорност. Штом билдерон Антонио крвта му ја испи, џабе разговараме. Не сакам да помислам што ќе му направи Дини задутре, ако Лампард не го замени со Зума за тој меч.
Да не зборувам дека секогаш касни и уште поважно, ако тој не е виновен за некој гол, пример прави грешка Рудигер, овој никогаш го нема поправено соиграчот. Никогаш. Ако Рудигер или Алонсо се исфрлени од игра, гарантирано е и овој.

Па уште кога ќе му ја видам таа жалната фаца, како тифусар од битката на Неретва, таква нервоза ми иде, уф.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom