Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Замисли дека си во врска. Со години не сте имале сериозни проблеми во врска, имало кризни моменти нормално ама поминувало брзо, некогаш дури и поука извлечеш од таква ситуација. Како одминува времето, се повеќе и повеќе ја сакаш, прекрасно. Два пати неделно секс добар и се радуваш на секој миг затоа што мислиш дека конечно ја сретна вистинската женска. Доаѓа лето и она решава со другарки да иде на одмор месец дена. Се враќа она од одмор ама нешто не штима. Не е како што беше. Малце ладна, несфатена и почнуваат мали кавги. Ама уште лудо ја сакаш и се враќаш на преубавата година помината заедно со нада дека се ќе се среди и дека е пролазно. Ама како одминува времето, станува се полошо до момент кога почнува да се излегува тајно со колеги од факултет. Ти уште ја сакаш и пак се навраќаш на преубавата година помината заедно. Ти приоѓаат другари од страна да ти укажат дека те вара, да ти отворат очи ама ти уште ја сакаш. Се шеташ на кеј петок навечер со тивок блуз на слушалки и ја гледаш кај се рока со друг. Продолжуваш. Ја сакаш. Друга вечер се решаваш со другари да излезеш во град и во клуб ја гледаш со рандом богата фаца од Водно кај ја драпа. Продолжуваш. Ја сакаш. Ѕвониш да ја прашаш да излезете, да разговарате. Ти вика дека тоа не е вистина, тоа не била она, лошо си видел. Ја сакаш, пресреќен оти не е она. Пак се договараш со другари за искачање и пак ја гледаш и клуб на сепаре целата уништена, раздрапана ама овој пат од најголемиот сељак у град. Пак ја сакаш. Се навраќаш на преубавата година помината заедно.
Да, женската е Челси сезонава.
 
Јас па си реков имаш љубовни проблеми и овде ги споделваш со нас :ROFLMAO:
 
Заседава кризниот штаб... :cautious:
Го отпуштат ли Мурињо - може само да сонуваме за фамозното градење на династија. И во наредните 50 години нема да се скрасиме, и ќе останиме Јо-Јо клуб со менување тренери на секоја втора\трета година !
 
Мурињо е најтрофеен тренер у историјата на Челзи што под дифолт го прави Легенда на клубот и ко што вели и он, Единствен, така да сега заседаваат за отпуштање на Легенда, тоа треба да си го имаат у предвид а познавањата на Абрамович во врска со овие работи чисто сумјам дека се ок.
Мурињо е главна причина што клубот е во ваква ситуација тоа е факт, дека му свртеа грб низа играчи му свртеа и они без разлика кој е тренер треба со клоци и боксови да бидат избркани од тимот, али секако за ова вина сноси главниот диригент, али, Мурињо е и једини кој инстантно може Челзи да ги врати на врвот, односно почнувајќи од наредна сезона па сега Абрамович кој класика знае непромислено да тера, има избор, или Мурињо рибилдинг со него, и инстантен успех, ја бар лично сум убеден дека Челзи со него наредна сезона ќе се врати пак на врвот, или некој трет, експеримент, и рибилдинг со него, и процес на мачење неколку сезони, а со оглед на конкуренцијата во Англија тоа може да трае и трае, лесно можат да бидат истиснати од врвот што нема да биде случај со Мурињо.

Муабетот ми е дека треба да се гледа тука големата слика, најлесно е да кажеш дека треба да лета Мур, али што после тоа ...
Нека му даде уште една шанса, наредна година, нека стокми тим по негов избор, нека се ослободи од Се што годинава ја минира неговата работа а со тоа и директно влијае на лошите резултати на тимот, и тоа да биде и последна шанса за него ко тренер на тимот, ако не освои титула наредна година ајде, поздрав и Се најубаво. Доколку ја би бил газда на тимот, вака би постапил. :)
 
Доколку ја би бил газда на тимот, вака би постапил. :)
Ама не си и читаш Коха е ре и Јутарњи лист и се шеташ со фармерки со ланец како најголем секташ. :kafence:
 
Мурињо е најтрофеен тренер у историјата на Челзи што под дифолт го прави Легенда на клубот и ко што вели и он, Единствен, така да сега заседаваат за отпуштање на Легенда, тоа треба да си го имаат у предвид а познавањата на Абрамович во врска со овие работи чисто сумјам дека се ок.
Мурињо е главна причина што клубот е во ваква ситуација тоа е факт, дека му свртеа грб низа играчи му свртеа и они без разлика кој е тренер треба со клоци и боксови да бидат избркани од тимот, али секако за ова вина сноси главниот диригент, али, Мурињо е и једини кој инстантно може Челзи да ги врати на врвот, односно почнувајќи од наредна сезона па сега Абрамович кој класика знае непромислено да тера, има избор, или Мурињо рибилдинг со него, и инстантен успех, ја бар лично сум убеден дека Челзи со него наредна сезона ќе се врати пак на врвот, или некој трет, експеримент, и рибилдинг со него, и процес на мачење неколку сезони, а со оглед на конкуренцијата во Англија тоа може да трае и трае, лесно можат да бидат истиснати од врвот што нема да биде случај со Мурињо.

Муабетот ми е дека треба да се гледа тука големата слика, најлесно е да кажеш дека треба да лета Мур, али што после тоа ...
Нека му даде уште една шанса, наредна година, нека стокми тим по негов избор, нека се ослободи од Се што годинава ја минира неговата работа а со тоа и директно влијае на лошите резултати на тимот, и тоа да биде и последна шанса за него ко тренер на тимот, ако не освои титула наредна година ајде, поздрав и Се најубаво. Доколку ја би бил газда на тимот, вака би постапил. :)
Не сфатив на почетокот дали мислиш дека Роман не е свесен за статусот на Мурињо во Челзи? Ако мислиш така, тогаш ептен грешиш. Грешиш и дека Роман сега би правел непромислени потези. Порано да, при првиот пад ги бркаше менаџерите (иако и за ова не може да се знае колкав удел имал он, а колкав бордот), ама сега е веќе сменет и го докажа тоа уште со самото враќање на Мурињо повторно на менаџерското место. Го докажува и сезонава еве затоа што да беше ова стариот Роман, до сега 5-6 пати ќе го избркаше веќе.

Свесен е Роман за се, го врати Мурињо со намера да остане он долг период и да изгради династија во Челзи, да донесе стабилност. Не за џабе после две сезони му го продолжија договорот за четири години. Свесен е и за тоа колку им значи Мурињо на навивачите и верувам дека и ова има удел во тоа што Мурињо е сеуште на клупата. На Роман вистински му значи клубот и му значат навивачите и баш поради тоа е еден од најдобрите газди на фудбалски клуб.

Е сега се наоѓа во тешка ситуација кога најверојатно на една страна се неколку играчи, а на друга Мурињо и ќе мора да донесе одлука. Дали ќе го избрка Мурињо и ќе ги зачува играчите или пак ќе му даде на Мурињо целосна слобода ако сака и да не ги игра тие неколку играчи за кои верува дека не сакаат да играат за него. Јас секако сум за второто, уште во јануари би ги продал играчите, па и 10 ако треба нека се (иако со продажба на еден од најбитните ваљда би сфатиле другите и би се средиле), само што тоа сигурно не е толку едноставно како што си го замислуваме. А за другата опција стварно не ги сфаќам тие што сакаат Мурињо да си оди. Сакаат да си оди човекот кој после Роман има највеќе направено за тоа што е Челзи сега, а да останат некои платеници на кои воопшто не им е гајле за клубот и си ги гледаат само своите интереси.

А доколку остане Мурињо и му се даде слобода, и биде поддржан летото со трансфери кои ќе ги побара, гарантирам и јас дека Челзи ќе се врати на врвот и ќе се бори за титула. Можеби и тоа што потфрли и управата со трансферите летово го чува Мурињо на клупата.

Во секој случај, ќе си чекаме и ќе видиме што ќе се случува. Мурињо во никој случај не смее да биде избркан и да се врати клубот на нула, па пак да си се повторува цело време истото.
 
Многу сакам да слушам од некоја страна Роман и Мурињо кога преговараат за проблемите во клубот, онака на Руски акцент кај шо му се дери на Мурињо :ROFLMAO:
 
Немогуче мислиш дека се нервира Роман за тоа :D
 
Ко ќе го видам Роман смеа ме фаќа,ми делува за ептен мирен, бубалица а овај другиот намрштен која комбимација се значи.
 
Повредава на Хазард не била воопшто сериозна. Значи дечкото одби да игра против Свонски. Океј е.
Ако заради играчи како овој погоре што го спомнав лета Мурињо и ми донесат некој Брендан Роџерс или Хуанде Рамос официјално ќе се откажам од фудбал и Челзи воопшто.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom