Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
A Van Ginkel kje go dzitkate nakaj Milan?

Citav deka Murinjo ne smeta na nego sezonava.
Сеуште би можело да се случи, иако Ван Гинкел веќе ја одби понудата. Сега излегоа шпекулации дека Мурињо ќе проба да го убеди затоа што секако мора еден странски играч да оди негде. Ако доаѓа, ќе биде позајмица без право на откуп.
 
еее да и ти си во право ама пак си велев можи ќе земат некој милион а вака го дават до истек на договорот ако не се лажам така? море нека крши гла таму сеа да не се деси само ко пред некоја сезона ко немавме напаѓачи...
 
Да да, уште две години има од договорот што значи дека заврши приказната на Торес во Челзи.
 
Па се знае зошто он сака да остане цело време, а понуди други имаше барем лани, ако не и пред тоа. Втор најплатен играч во клубот, си зима пари секоја недела, а нема никаков значителен допринос за тимот. Може му се погодил и животот во Лондон и си го лади. Кој не би сакал. Само што да беше вистински професионалец, или ќе се трудеше и ќе си ја вратеше формата или уште пред две години ќе си отидеше негде каде ќе почне од почеток и ќе имаше шанса да го памтат сите како Торес, добриот напаѓач кој имал еден лош период, а не Торес најскапиот флоп.
Грешка си Торес се трудеше да ја врати формата само што нонстоп го тераше некој малер. Некој црвен картон без врска, промашување на зицер итн.
Првите сезони секогаш беше на мета на медиумите и нонстоп се збореше за неговите лоши партии и рекордни минути без даден гол, што е и нормално нели бидејќи беше платен 50 мил. Според мене тоа имаше големо влијание врз неговата самодоверба.
Последните 2 сезони и самиот знаеше дека не го бива и дека нема иднина во Челзи посебно последната. Мурињо испадна фер што му даде шанса и не го шитна одма иако поради неговите лоши игри останавме без титула.
Е сега нормално е дека нема да сака да си оди т.с кој би сакал кога секоја недела зима по 175к и игра во клуб кој има високи амбиции.

Сега јбг ќе го паметат како голем флоп ама па од друга страна од како е туја се засили со лш, ле и Фа куп и плус сметката си на наполни до врвот. :)
Кд да видиш и не е му е толко лошо, а и на нас не ние затој што проби га малер освоимо лш сс њега. :)
 
Епа да пишеме некој збор...

Ова беше можеби трансферот на кој најмногу му се радував затоа што бев фан на Торес уште од кога дојде во Ливерпул. Од денот кога потпиша, па се до денес се надевав дека во Челзи ќе го видиме оној стариот Торес. За жал, не испадна како што сите сакавме и ете на крај ќе си замине како нашиот рекорден трансфер кој помина неуспешно. Како и да е, по не знам кој пат ќе кажам дека јас сепак ќе си го памтам по сите добри моменти кои ги имаше во дресот на Челзи, и искрено се надевам дека ќе успее наредниве години да ја врати бар малце старата форма.

Некако многу повеќе се радував на секој негов гол него на некој друг играч баш поради желбата да успее, па за крај еве го голот кој засекогаш ќе го памтам. Го имам изгледано можеби над 1000 пати и секој пат се осеќам како да го гледам во живо...

 
Чисто за инфо.
Од последната сезона на првиот мандат на Мурињо ни останаа само Чех, Микел и Тери.

Бамфорд на позајмица, значи дефинитивно ќе се зима уште еден напаѓач. Можни засилувања Бони, Десто, Реми... има уште некој? Можеби Фалкао? :icon_mrgr::cool:[DOUBLEPOST=1409339995][/DOUBLEPOST]Еј абе да си го земе Ди Санто за некој мил ќе биде погодок како Матич. :)
 
Фала курцу, доби шанса од Мурињо се испосра. Ајт, се најдобро му се посaкува во Милан.

Него ова ми се допадна, незнам колку е точно.
Prvi kandidat za Torresovog nasljednika biće Bony, a ne Remy.
Swansea traži 24m funti za njega.

Реми, Бони или Фалкао.
Последните двајца се моја лична желба, само тешко да биде некој од нив.
Фалкао мислам е пред потпис со Реал.
 
Мислам дека нема да сакаат да трошат толку пари на напаѓач, така да Реми најреално опција останува. Мислам дека е доста веројатно Ван Гинкел или Салах да се употребат во трансферот на новиот напаѓач. Секако, на позајмица, без право на откуп.

Ќе го памтам по головите против Барселона и Бенфика, но и утката против Коринтијанс. Со среќа нека му е во Милан. Ова значи дека се ослободивме од голем товар, нешто над 15м фунти веројатно се во прашање (уште толку имаше да земе до крај на договор, плус бонуси, мада он не знам колку бонуси би земал). И вие сакате уште оштета да ни платат. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom