Да ги анализираме играчите на Анчелоти во милан и во челси:
Лампард мислам дека е моментално во многу подобра форма од Кака,Малдини екстра играч и супер капитен но човекот беше стар и небеше за 90 минути а Тери исто одличен капитен и супер дефанзивец со тоа што има 30 и тоа се најдобрите години за еден дефанзивец,Сидорф секако незаменлив но и Ањелка е играч што може да реши натпревар со еден потег и после да го нема цел натпревар,и за на крај Пирло исто така најдоброто помина кај него во времето на Анчелоти но затоа Есиен ако има среќа со повредата да игра поофанзивно а за тоа матиќ да се покаже на дело на местото на микел мислам дека ке имаме подобар тим од шампионскиот тим на Милан.А тука е и ешли кој во споредба со јанкуловски е далеку подобар додека дрогба и инзаги си имаат и дваицата свои индивидуални квалитети со тоа што за мене лично дрогба е многу поквалитетен.
Нема талент в нозе ко Кака, за кое „такво“ ми е неговата подобра форма?
Одличен капитен? Најнервозен кога е најтешко? Тоа не е одличен капитен. Супер дефанзивец? Беше. Кога и Чех и Карваљо беа супер. И Макелеле пред сите нив. Зато е точно то од Џон Галт дека Челзи ќе чека неколку години за воопшто пак да се приближи до завршница на ЛШ.
Анелка има еден единствен потег при дриблин и водење топка, кој е одамна прочитан. Како да го споредувам со Сидорф, како помлад де Сидорф?
Матич место Микел? Додуша и не е нешто невозможно со оглед на то дека во Микел нема надеж појќе, цепеница. А не гледам како да се воодушевам од настапите на Матич во Словачка лига, како и од тие во Челзи (кои ги нема)?
Ешли е поквалитетен од Јанкулоски, но е глупак. За разлика од Јанкулоски. Ментално.
А Дрогба и Инзаги како ги споредуваш ебаго?! Инзаги е бог во способност за правилно позиционирање, тактичка подготвеност, како и се разбира, голема среќа. Дрогба колку и да е добар, можи само да ги сонува тие работи. Дури ни тоа.
Не ми треба подобар тим од шампионскиот на Милан. Ми треба шампионски Челзи. Верувам дека Анчелоти е добар за кормилар, само моментално имаме сериозно лимитирана на талент екипа која со оглед на тоа што и се случуваше во изминатите години во ЛШ, тој турнир веќе го сфаќа како обврска и опсесија, а не уживање и желба. Тоа е особено кај „врвниот“ капитен и дефанзивец Тери, и јас сум прилично убеден дека Челзи нема да освои ЛШ со Тери како капитен и воопшто меѓу играчите. Значи за 5-6 години, веруам дебелиов можи да остани 10ина години.
--- надополнето ---
Фантоме, со оглед на засилувањата на другите екипи, пред се Барса и Реал (Сити не ги рачунам, пошо сезонава не играат во ЛШ) и со оглед на моменталната состојба на Челзи, у глобала (плати, играчи кадар, измени, младинци, управа и сл) не матно, ЦРНО му се пишува на Челзи!
Кажи ми замена за Ешли Кол, а тоа да не е Малуда или Жирков (кои само теоретски можат да играт на бековска позиција)
За Босингва (не го сметам Бане, знаеме која му е природната позиција иако и на бековската игра одлично)
За Лампард, и Есиен. Малуда. Анелка. Дрогба.
Кажи ми кои замени ги имаме, особено сега по заминувањето на Кол и Балак.
Матна е. Не е црна.
Замена за Ешли Кол ќе биди Рикардо Карваљо или Паоло Фереира ако левоногите Какута, Жирков или Стариџ се животни во напад. Десно, истото шо и за лево, иако ќе причекам на Босингва.
За напад, Саломон Калу. Тој прв тим ќе биди додуша. За Есиен само улав можи да не бара веќе замена, а пошто се смета за најголемо засилување летово од, барем официјално, „главатарот“ на Челзи, очиглено се улај, и нема намера уште за тоа. За Лампард не смееме да бараме замена, многу специфичен профил на играч е. Едноставно квалитет. Не замени.
А ако мислеше за замени од клупа за следна сезона, тогаш да, мава накај црно. Иако и тоа е претежно магливо. Бенајун нап пример.