Разговор меѓу нас двајца на профил. Е сега ќе ти го кажам истото. Сеуште е рано за да го величаме Карло. Некако слаб ми е со измениве, и покрај големо водство не пушта млади. ќе видиме на крај дали е шампион или не. Да донесе титула од ЛШ, јас би бил презадоволен (ПЛ како бонус :Р).
За тоа треба тим, кој во однос на останатите сезонава, можи да се покажи како кус (особено во напад).
Околу шампион, па и Сколари е шампион цел живот, да го порекнам тоа? Само што подалеку од европскиот фудбал (последно во Казахстан на пример :icon_mrgr).
Од друга страна, Анчелоти е шампион чисто на европско тло, со осум години поминати во работа за еден несалам газда на клуб како тренер, притисокот е нормална работа за него, монотонија, и секако, успешни осум години.
Друго, ојде Есиен лани, тактиката на Сколари беше прочитана, ојде и Џо - пропаст на Сколари. Сега имаме ситуација кога немаме фул-бекови, кога Иванович (центархалф) е десен бек, а Фереира (десен бек, ама ко трактор) лево, се стартери. И со оглед на тоа дека нашата напаѓачка игра многу се базираше на тие странични бекови, можеше да има резултатска криза. Ама не, тренерот е спремен за реакција, и со напади преку средината најчесто, не само што нема криза, туку имаме 4 од 4 моментално, со 17-0 гол разлика (со, рака на срце, бош противници). И тоа на клупа ги имаш Џо Кол, Малуда, Просечко.
Титула, па прва донесе. Каква таква, ја бројат статистичарите, и тоа против Манчестер Јунајтед, на толку фамозни за нас, пенали.
Мир и трпение само.
Уште 5000 долари бакшиш биле.
Јадел многу тиква ко мал, а сега бил редовен член на Клубот на одгледувачи на тикви (тиквари :icon_mrgr) во Виареџо.
Има ли некој што може да не сопре
Не предизвикувај судбина, верувај има.
Манчестер се нула оваа сезона. Побрзо Челзи ќе изгуби од Атлетико отколку од Манчестер.
Не се нула, барем според тоа што го гледав некни, колку и Блекбурн да е мерило.
Ништо од резевите, нема стрим нигде мамата.