Фан Клуб: Борусија Дортмунд

Лабав е и јаки ми се неговите акции но сега проблемот е со Најк. Ќе биде опеан и ќе добие солидна парична казна и се надевам ќе ја научи лекцијата. Се шпекулира дека Најк има голем интерес пак да влезе во Дортмунд ама тешко тоа, Пума и солиден дел од акциите на БВБ и на крај покрај Арсенал Дортмунд е единствен голем клуб со Пума.
 
За гроскројц ми е многу криво,со срце и душа играше за дортмунд,но ете мораше после некое време секој чарето да си го најде..ама шо читав сеа најново дека раскинал договор со штутгард ради некоја тепачка и дал изјава дека еден период нема да го има во фудбалот..нешто имаш плус за ова? free agent ли е ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Тренира во Дортмунд кај вториот тим и до лето мислам нема право да настапи за други клуб. Влето ќе видиме што ќе биде ама сигурен сум дека ќе најде нов клуб. Иначе во темата на Бундеслига пишувавме за тоа. Мило ќе ми биде Штутгарт да НЕ успее да се врати затоа што клубот е аматерски воден.
 
Да не биде мотив за поразот мислам на сите фанови на Дортмунд му е јасно, дека можеа да останат без тим и затоа све други е небитно. Но УЕФА мочковците уште Вторникот сакале да се игра партијата па ете одлучиле среда ама да не губат пари или од спонзори да не се игра 20.45 туку 18.45. Колку болноумни луѓе...30 души, од нов многу млади, едвај спасија живот но нив не ги интересира. Крива е и управата на Дортмунд што требаше да ги штити играчите и да се спротивстави на УЕФА макар и да ги суспендираат за следната година.

Слушаќи ги изјавите на Шмелцер, Шахин и Сократис можам слободно да кажам дека голем дел од играчите се уште во шок и неизвесно е кога ќе можат да се ослободат од ова, можно и цел живот да носат траума.

Исто така Сократис, кој е оној тим најмашки фудбалер, после партијата се изгуби од плачење и тоа доволно кажува во која состојба тимот беше. Но и покрај тоа второто полувреме го одиграа толку добро што е невероватно и со малце повеќе среќа и подобар судија можеше и да се победи. Но сепак, резултатот покрај све е најмал проблем.

2,w=993,q=high,c=0.bild.jpg

Greedy old bastards - UEFA Mafia.

Сократис: Ние не сме животни туку луѓе со фамилии и деца. Среќни сме што сме уште живи. Во мојата глава немаше место за оваа партија.

Bildschirmfoto-2017-04-12-um-20.56.24-700x561.png
[DOUBLEPOST=1492082729][/DOUBLEPOST]
17951940_1276471729066890_1793376929799290094_n.jpg


Bartra so familijata vo bolnica i so podobro raspolozenie.
 
Последно уредено:
Игорче, пренесоа официјално дека се работи за терористички напад?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Игорче, пренесоа официјално дека се работи за терористички напад?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Не знам како е официјално, имаше индиции дека е напад од Исламска Држава ама моментално не се знае уште. Што може да се каже е дека е многу професионално изведено и дека трите бомби имаа огромна моќ и исто така дека цел беше тимот на Борусија Дортмунд. Во денешни дефиниции мислам може да го нарекуваме терористички напад, барем против тимот.

Сакам да пренесам дека оваа тема веќе два дена е топ тема во Германија, во сите весници, медиуми главни вести прва и ударна вест. Исто така министерот за внатрешни на Германија и Меркел имаат улога оти упорно бараа да се игра партијата за да не потклекнеле на тероризмот. Ама играчите никој не ги прашал дали сакаат да играт, нели. Нешто поголемо е во прашање, демократијата, слободниот свет, бизнисот, тв правата...кој ја ебава менталната состојба на 20 фудбалери. Тие се дебело платени и треба да функционираат како роботи, нели.

Опасноста уште постои затоа што изведувачите сеуште не се фатени.
 
Тухел следната година највероватно нема да биде тренер на Дортмунд, така се шпекулира. Поред то што може да се чита тоа е можеби и најдоброто решеније.
 
А за замена има ли нешто напишано..? и шо така наеднаш башка 2ра сезона му е..


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Очигледно за многу работи не се слагаат. Геце беше трансфер на управата а Тухел не го сакаше, за возврат го доби Ширле кого тој го сакаше а управата не. Трансфери се правени без да биде инволвиран Тухел. Управата вети дека Мики, Хумелс и Гундоган нема сите да си одат - заминаа. Тухел е тежок карактер интерно инаетџија и избувлија. Едино го спаси што лани имаше одлична сезона. Исто така не сите играчи се третирани исто а дел од играчите и не стојат зад Тухел. Тоа е најголем проблем поред мене. Клоп во секоја време имаше лојалност од број 1 до 22 во тимот, Тухел од пола тим не. Мор е казнет за глупости ама миленикот Дембеле не. Итн. итн. Цорк 40 години е во Дортмунд и Вацке е еден од спасителите, во никој момент не мислам дека тие сакат да му наштетат на клубот. Тухел на крај гледа за себе да напредува во кариерата така да ако не оди, не оди. Клучен момент беше јавната критика на Тухел после атентатот кон управата и партијата која се играше другата ден. Тухел јавно се спротистави на Вацке кој даде све да биде одложена партијата дури понуди Дортмунд да се повлече од ЛШ ама Тухел не прифатил.

Како замена се спомнуваат Фавре и Симеоне. Вториот би бил ептем јако ама поред мене нема да се оствари.
 
Ќе ви бега и Обамејанг. ПСЖ, Реал, ПЛ и мали шанси давам и за Милан. Не е конечно донел одлука, но кон тоа оди, шанса за негов последен добар договор во друг европски клуб бидејќи еве за месец дена полни 28 години.
Спорт Билд веќе почнаа со кандидати за негов наследник во Дортмунд. Сандро Рамирез од Малага, Долберг и Милик се опции.
 
70-80 м и нека оди. Одличен играч ама моментално е на врвот. Треба да се искешира.
 
Милик е супер,а да додадат на шитнат обамејанг некое миљонче и белоти да дое ?:)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom