Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Рамче, Робертина дочекаа шанса да сјебат се живо и диво...посебно овој вториов.
 
Имаме време во овие десетина дена да склучиме договори за позајмици, ќе ни дојдат исто ко трансфери тогаш. Сега тоа што до тогаш можат да се случат повреди, падови во форма итн. е друга работа. Овој Даглас од Сао Паоло воопшто не сакам да го земиме, а изгледа дека е веќе договорен. Од извори од Бразил се пишуваше дека се чуделе зошто некој би го барал него од Европа, не па Барселона, а миџет е и тој - 171 цм. Данило од Порто треба да ни биде таргет. Едно е сигурно, десен бек мора ќе се зема за сега или со позајмица за следната година оти Дани не напушта на крајот од оваа сезона.
 
Ројс, Квадрадо и Коке се спомнуваат сега од МД и Спорт.
 
Очекував да ни лупнат казна, дури и клубот беше свесен. Дебилот Зубизарета си кажа уште пред почетокот на трансферот дека мора да се донесат многу играчи, после ќе нема таква опција.
Среќа што ги затворивме скоро сите позиции во тимот. Останува комбинација на новите и децата од Масиа.
Додека трае забраната очекувам профитот кој ќе биде направен и заштедата од двата трансфер периоди да го затворат конечно долгот.
Една работа не ми е јасна. Дали на пример ако купат играч сега, а го договорат да дојде во лето 2015 играчот ќе може да дојде? Со оглед на тоа што трансферот и целата документација е направена пред да почне казната?
 
Последно уредено:
А после завршувањето на казнава очекувајте пак 1-2 бум трансфери.
 
Очекував да ни лупнат казна, дури и клубот беше свесен. Дебилот Зубизарета си кажа уште пред почетокот на трансферот дека мора да се донесат многу играчи, после ќе нема таква опција.
Среќа што ги затворивме скоро сите позиции во тимот. Останува комбинација на новите и децата од Масиа.
Додека трае забраната очекувам профитот кој ќе биде направен и заштедата од двата трансфер периоди да го затворат конечно долгот.
Една работа не ми е јасна. Дали на пример ако купат играч сега, а го договорат да дојде во лето 2015 играчот ќе може да дојде? Со оглед на тоа што трансферот и целата документација е направена пред да почне казната?

Најверојатно може, затоа што денес на големо се пишува за играчи кои Барса би ги купила летово а би останале во нивните клубови до наредното лето па би дошле во Барса.

Се спомнуваат Ројс, Коке и Квадрадо. За последниот мислам дека ќе се направат напори да биде донесен одма, а првите двајца да останат на позајмица до наредната година.

Spending spree...
Памтете го летово затоа што најверојатно ваков трансфер период во догледно време нема да се случи.
 
.. ајде, ајде. Ќе удрите жалба идното лето и ќе ви речат дека можете да купите, ама само да тренираат до 2016. :ROFLMAO:
 
Borussia Dortmund have offered winger Marco Reus (25) to Barcelona to avoid that the German player joins Bayern Munich. [sport]

И замислете нашиве поради добрите односи со Баерн нема да сакаат да го земаат. :LOL:
 
Ројс беше разочаран што Барса не го зема него, туку се одлучи за Суарез, за дупло повисока цена. Се би направил дечкото за да дојде кај нас. Не би било лошо доколку се договори уште еден играч до крај на прелазниот рок, иако и така сме пополнети. Ако во текот на оваа или наредната сезона, имаме проблеми со повреди, најверојатно ќе се крпи со децата од Барса Б.
 
Ројс е перфектен за екипа како Барса, конечна вистинска замена за Роналдињо на таа позиција, не поради атракциите на незаменливиот Гаучо, ами поради ефикасноста.........голема штета каква генерација растураат Дортмунд,ама пак не е до трофеите денес како пред 15тина години,од нешто треба да се живее..........
 
Веројатно со Ројс може да успее тактиката сега да се купи и да се даде во Дортмунд оваа сезона на позајмица.

Мислам дека Барса не е во опасност од правилата за финансиски фер плеј затоа што има големи приходи
 
И јас мислам дека Ројс не ни е воопшто потребен, имаме огромен талент на позициите во нападот - Адама Траоре, Мунир, Рафиња, Халилович, па и Деулофеу од следната година + првотимците Меси, Нејмар, Суарез, Педро. Ни треба јак десен бек затоа што си оди Дани Алвес на крај од сезона, а мислам никој од овде не би сакал Монтоја да биде стартер. Мислам и дека на Чави не му најдовме конкретна замена, а и тој ќе си оди на крај од сезона. Ракитич е различен тип на играч, доведен како замена за Фабрегас. Мислам дека Коке е идеален избор, а да видевме во каква форма ќе се врати Гундоган, можеби тој ќе беше перфектен.
 
Запнале по Ројс а не се прашувате каде истиот би играл? Нејмар би го седнале на клупа, или Суарез, или Меси? Иниеста можеби?

Ројс можеше да дојде, пред да дојде Нејмар
 
Значи вака,Ројс ми е еден од поомилените играчи.Ептен би сакал да игра за Барса али со купувањето на Суарез стварно нема место за него.Коке би бил далеку покорисен.
А може и планираат Меси да го шитнатo_Oo_Oo_O,па така да се донесе Ројс :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom