Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Меси го продолжи договорот а овде ни збор за то o_O
 
Абе утре финале играме па не се вртат некои големи муабети, он за договорот на Меси.
Цело лето е пред нас за тоа, сега ова е битно...
 
Очекувам дека ќе биде ЕКСТРЕМНО тешко..Ние сме мотивирани да, ама Атлетико се 2 пати помотивирани и знаат како да играат со нас..Не знам кој беше од играчите на Атлетико изјави дека ќе изгинат на теренот, ќе јадат луѓе буквално.. Формата да не се залажуваме не ние којзнае што,и не може тоа да се поправи преку ноќ..Последно што читам е дека Тата ќе почне со Фабрегас. Тоа значи дека на теренот ќе бидат и Иниеста и Чави и Фабрегас..Овој податок ако има вистина, ме плаши. Од друга страна ним им одговара и нерешено, може да се затворат и лагано да ги истераат тие 90 мин. Пред се ова што го наброив..постои едно големо НО. Но ние ќе го имаме полниот Камп Ноу, ќе го имаме Тито кој верувам гледа од таму некаде.. Последна шанса капитенот да го подигне трофејот, збогување со многу играчи..Ова ќе биде навистина емотивен натпревар, и не гледам причина зошто за последен пат да не се разбуди зверот, кој лани го испрати Атлетико со 6 гола во мрежата, а годинава ги спаси оној шут на Диего кој се случува еднаш на 100 години.. Верувам дека можеме до победа. Начинот на кој ќе стигнеме до неа не е толку битен, а зошто и да не биде грандиозен?
 
Тоа се новите Пума копачки. Штосот е во тоа што се со различна боја.
Очигледно не сум у тек со модата. Имам другарче со различни патики игра секој пат, мислев овој да не го копира. :)
 
Меси со новиот договор ќе добие 38 евра за 1 минута или 2283 евра за 1 час/54.794 евра за 1 ден/370.370 евра за 1 недела/1.6мил за 1 месец.


За 1 ден може да купи вакво нешто
2014-porsche-baby-boxster_600x0w.jpg
 
Последно уредено:
Меси со новиот договор ќе добие 38 евра за 1 минута или 2283 евра за 1 час/54.794 евра за 1 ден/370.370 евра за 1 недела/1.6мил за 1 месец.


За 1 саат може да купи вакво нешто
2014-porsche-baby-boxster_600x0w.jpg

Kaj продаваат Поршиња за 2283Е, 10 ке си купам...
 
Sport es го најавува овој состав,прв пат годинава би се сложил со Тата да го игра цесц лажна 9,со оглед на тоа што Педро е тотално ван форма а Нејмар штотуку се врати од повреда мислам дека ова е најдоброто решение за вечер.Нека го вметне Нејмар 60 мин да го појача водството и титулата е наша ;)
bara-atletico-final-liga-1400265107071.jpg

Да се надеваме дека ќе им биде денот на Меси и Иниеста,ништо повеќе не е потребно(y)
 
Пике и Алба ќе ни бидат многу значајни, се надевам дека се доволно спремни за вечер. Ќе ни треба најдоброто од сите играчи за да ги победиме Атлетико, доволно според мене ќе биде барем да се повторат последните 20 минути од првиот натпревар во дуелот во ЛШ со нив. Треба многу повеќе вертикалност во играта и со повеќе ризик, немаме ништо за губење, тие се први пред утакмица. Нека биде 23та лигашка титула. Visca el Barca ! :love:
 
Не иде времето нешо, осеќам ќе распалат денеска :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom