Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам зошто викате лоша игра? Тактички Барселона изигра многу добро. Селтик имаа само две шанси (тие двете во една минута со глава и одбраната на Валдез). Селтик не успеа да сврзе 4 додавања додека Барселона имаше 2-3 чисти шанси на крајот. Мене повеќе ме загрижува малата некоординираност помеѓу Иниеста и Нејмар. Доколку овие двајца се уиграат, каде ќе ни биде крајот со Меси и Фабрегас. Чави веќе е за во пензија.. А Бартра.. дури ме замисли дека не треба да се зема ЦБ зимава. Секоја чест! Пике стварно како да забраел фудбал да игра, во неколку наврати не можеше ниту топката да ја избаци надвор како што треба.. Чудна работа е :D
 
1278973_571784889524363_2074107216_o.jpg
 
Голот го дадовме на контра. Тоа што го збореше Тата, дека против вакви противници ќе се обидеме преку контри да дојдеме до гол.
Полека почнуваат да го применуваат тоа. Нејмар доби топка мислам од Бартра, истрча напред, даде десно за Алексис, тој центрираше до Цеск кој погоди.
Значи ги фатија со помалце играчи во нивната половина.
 
Уште не ми е јасно како можеше да ја промаши онаа 1 на 1 со голманот кога излезе Нејмар. Али одлична утакмица за него, само да го намали тоа глумењето:D
 
Можеби не изигравме онака како што знаеме и како што сме навикнати да ја гледаме Барса, но сепак изигравме доволно за победа и за нови три бода на ова тешко гостување.. искрено јас и со бод ќе бев задоволен од ова гостување, но сепак на крајот заслужено победивме.. можам да кажам дека Валдес по незнам кој пат веќе не спасува... имаше одлична интервенција кон крајот на мечот, и благодарение на него стигнавме до оваа победа.. и нека се враќаат побрзо Пујол и Маскерано зашто не можам веќе да го гледам Пиќе како игра, дури и жал ми паѓа за него.. незнам што е проблемот али Пиќе се понаша како првпат да игра фудбал.. кога ќе се вратат Пујол и Маскерано сакам Пиќе да биде седнат малце на клупа за да му дојде памет и да се свести малце, и можеби дури тогаш ќе го видиме стариот Пиќе..
 
Моја омилена победа. На гости со 0-1! :vozbud:
Тоа го сакам од оваа Барса(и кога би бил тренер најмногу би се радувал на вакви победи), со неубедлива игра да победува во гости со 0-1.
--- надополнето: 2 октомври 2013 во 00:08 ---
Иначе, во последните 2 сезони, само во три натпревари сме имале посед над 80%.
Нема да ви се верува, ама сите 3 натпревари се против Селтик (2та минатата сезона и третиот вечерва). :icon_lol:
 
Очигледно е дека Нејмар донесе некои промени во играта на Барса,само мислам дека Тата треба да му даде повеќе слобода во играта(повеке да дрибла,почесто да шутира,нека себичи понекогаш)барем на некои натпревари( натпреварите кај што играме без Меси).Ако му се даде слобода во игра(како што игра за репрезентација),100% сум сигурен дека би бил многу подобар одколку што е сега.Не викам дека Нејмар до сега игра слабо,напротив игра фантастично но мислам дека може многу повеке.
 
Нејмар најдобар вчера. Ептен слабо го пратат другиве. Со Иниеста ич не се разбираат, ниедна акција не помина кога комбинираа тие двајца.
Затоа со Меси има разбирање, така да за некој месец има да дрмаат секоја утакмица. Заслужи голче вчера, ама оној Форстер како повампирен е секоја утакмица против нас. Како ја фати онаа на Санчез :eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom