Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Barca starting 11 vs Espanyol: Oier, Rossell, Armando, Sergi Gomez, Grimaldo; Gustavo, Espinosa, Rafinha; Cuenca, Saul, Deulofeu.

Левиот бек Грималдо има 15 години... А Еспањол игра со речиси првиот состав. :D Масакр.
 
Без разлика на конечниот резултат ФАКТ е дека децава растураат а и стилот на Барселона и понатаму си функционира одлично !
 
285560_2251334757954_1085807258_2665714_275164_n.jpg


оригинал каталонец е... :ROFLMAO:
 
Му кажува како треба да паѓа, кога ќе се доближи некој до него :pos:
 
Значи вака. Фабрегас е ставен на листата на Арсенал за натпреварот против Удинезе кој ќе се игра за една недела. Доколку Фабрегас заигра во тој натпревар, дури и да го донесеме нема да може да заигра за нас во ЛШ. Значи, сега ќе се види дали цело време само без везе си трубат Спорт и ЕМД или стварно има нешто.
Значи, треба да очекуваме завршница на сагата, па оваа недела Барса да притисне и да го донесе Цеск или конечно да се откаже од него.
Или пак, доколку Фабрегас остане на клупата против Удинезе и не заигра воопшто(или не биде повикан поради 'повреда') значи дека постојат преговори и дека Арсенал се спремни да го продадат. Оваа варијанта ми е најмалку посакувана, оти тоа би значело дека шпанската серија Фабрегас ќе продолжи и понатаму. :(

Значи да се надеваме на 2 нешта:
1. Дека Барселона ќе го доведе Фабрегас во наредните 7 дена;
2. Дека Фабрегас ќе си заигра во вторникот(16.08) против Удинезе = крај на трансфер-сагата....... за ова лето :D.
 
¡Es cuestión de horas!

Ајде да го видиме и тоа чудо... мене не ми се верува, поучен од случувањата во последните веќе 3 години:D Али пак, до сега никогаш не се излегле спорт со ваков наслов. Ќе видиме што ќе биде...
 
не знам,права штета ако не пристигне Цеск летово.........многу првотимци го посакуваат и повикуваат во својот тим што значи дека би го продолжил мирот и хармонијата во овој историски тим
 
1312930647904.jpg


Ептен оптимистички и со голема сигурност, Спорт тврди дека трансферот на Цеск е само прашање на часови. Тоа и не ни значи многу, оти сите знаеме во овие 2-3 години, што се се пишуваше во секој преоден рок.

Еве и скриншот и од почетната на Спорт:
qwe.jpg

Да, многупати досега медиумите го доведоа Цеск во Барселона, ама со ваква сигурност досега не мислам дека изјавувале. Ќе видиме што ќе биде.
 
Не ни треба Цеск, ако го доведеме ќе треба да ја грее клупата а и сигурно би бил опција пред Тиаго, онда Тиаго ќе треба да ги пакува куферите..
Треба управата да се ангажира да донесе некој дефанзивец а не Цеск кој веќе 3-4 години се занимаваме со него и никако да го добиеме.
 
Не ни треба Цеск, ако го доведеме ќе треба да ја грее клупата а и сигурно би бил опција пред Тиаго, онда Тиаго ќе треба да ги пакува куферите..
Треба управата да се ангажира да донесе некој дефанзивец а не Цеск кој веќе 3-4 години се занимаваме со него и никако да го добиеме.

Чим Пеп го бара значи ни треба.Долга е сезоната,ќе има повреди,умор,картони.
За Тиаго не се грижам бидејќи и тој ќе добие своја шанса,само не знам со Афелај што ќе биде.Којзнае Тиаго може да биде алтернатива за Иниеста а Фабрегас за Чави.
 
Тиаго може да игра на местата на Чави, Ињеста, Виља и Педро. Со оглед дека и онака не е планиран за голема минутажа оваа сезона тие четири места ќе му овозможат и тоа како доволно минути за да стекне искуство.

Фабрегас нема да грее клупа. Пеп има план и за него. Затоа инсистира да се донесе. Многу веројатно е Пеп да експериметира со формација со 3 бекови.

Нешто вакво:
---Виља----Меси----Педро
-------------Фабрегас---------
Иниеста-----------------Чави
-------------Бускетс-----------
---Абидал---Пике----Алвес

Можно е тоа да биде новиот план Б на Гвардиола откако му пропадна идејата со Ибрахимович. Фабрегас ќе отвори доволно простор помеѓу линиите на тим што игра со сите играчи во нивна половина и 4-2-4 формација (како Реал лани), а во исто време со тројцата централни бекови ќе се брани просторот од брзи контри.

Уште повеќе сум убеден дека ќе се иде на оваа формација после летово откако Пеп воопшто не беше заинтересиран да купи одбранбен играч иако сме прилично тенки на таа позиција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom