Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Маскерано како игра последниве две утакмици, полека но сигурно ќе има голема борба за таа DMF позиција во тимот со Буски. Буски исто така беше одличен вчера, без разлика на автоголот, многу несреќен автогол беше тоа, он се наведнуваше за топката кај Валдес да стаса, ама ја закачи топката. Абидал стандард си беше :zver:. Виља не беше на ниво тоа е точно, ама исто така и Алмуниа вчера имаше свој ден без разлика што прими 3 гола, човекот се уништи од бранење.
И мора да се работи на таа реализација.....џабе ни се пасови, џабе ни е посед, џабе ни се шанси, џабе ни се курци и палци кога немаме голови. На крај можевме многу скапо да го платиме тоа пимплање пред гол и промашувањата на Виља, Меси, Педро и Афелај.
 
Честитки,секако дека тоа беше за жолт а и пенал чист имаше.Него ми е криво што кај вас не добиба Афелај многу шанса,видовте вчера само со кој мотив играше детето :)
 
Честитки,секако дека тоа беше за жолт а и пенал чист имаше.Него ми е криво што кај вас не добиба Афелај многу шанса,видовте вчера само со кој мотив играше детето :)

Детето не ни може да се надева на којзнае каква минутажа. Рано му е дојде пред 2 месеца, неможе одма да игра, треба да се прилагоди прво.
Заигра поритв Хихон и во прво полувреме Барса една шанса не направи, сепак засега Педро во Барса е класа-две пред него, ама има време и за двајцата, само Афелај да биде стрплив и се ќе биде поинаку. Има надеж во него има и потенцијал само треба да се прилаго на играта и целиот потенцијал ќе биде искористен тоа сигурно.
 
Детето не ни може да се надева на којзнае каква минутажа. Рано му е дојде пред 2 месеца, неможе одма да игра, треба да се прилагоди прво.
Заигра поритв Хихон и во прво полувреме Барса една шанса не направи, сепак засега Педро во Барса е класа-две пред него, ама има време и за двајцата, само Афелај да биде стрплив и се ќе биде поинаку. Има надеж во него има и потенцијал само треба да се прилаго на играта и целиот потенцијал ќе биде искористен тоа сигурно.
дојде во тим со цели за врвен дострел-ќе мора да помини период да се прилагоди ! вчера ми делуваше многу конфузно и не успеа да се снајде иако прими неколку добри топки за добри шанси......неоспорно е дека се работи за добар играч-ќе мора да причекаме на целосна аклиматизација
 
Guardiola: “We absolutely dominated the game”
И најважниот дел од сето ова....
Guardiola: I feel sorry for Arsenal because I like the way they play. I don’t know how they’ll analyse this game, but if they say it’s because we were 11 against 10, then I’ll accept that. But they can also ask whether they played the way they always do”.
 
Никаде не сум видел луѓе што пострастно ја доживуваат победата на Барселона ( во позитивна или негативна смисла). Едни викаат било судено фер, други некоректно, трети дека Платини е наш фан, четврти пак дека со судии не се станува голем тим (?).

Секој пообјективен човек којшто прати фудбал ќе каже реално како стојат работите.

Реков во повеќе наврати Ван Перси немораше да биде исклучен (иако Барса ми е во крвта), така победата ќе ни беше послатка. Пенал имаше и имаше еден во прво полувреме недосуден. И каде тоа судијата свирел за нас?

Глупоста на Абидал не сум видел да се казнува со директен црвен картон, имало премногу такви ситуации каде што вријат емоции и каде што не се размислува, па таква работа не се казнувала со директен црвен како што сакаат некои да направат. Вториот жолт на Ван Перси немораше да биде доделен конкретно за таа ситуација, но тој цел натпревар беше нервозен и беше опоменат во првиот дел, па можеби затоа и беше исклучен.

И на крај останува фактот дека Арсенал не заслужи да оди понатаму. Во првиот натпревар играа нешто подобро, али во вториот се изгубија комплетно, а таквата игра не е карактеристична за шампион.
 
Признајте им се бе, шо се замарате :-)
Немаше пенал, Ван Перси неправедно исклучен, неправедно што не му дадоја картон на Абидал, преостри стартови од Дани Алвес.. глума... :-))
:-)))
http://www.dailymotion.com/video/xhgifk_fc-barcelona-3-1arsenal-fc-knockout-uefa-champions-leagu_sport
Инаку погледнете како МАСИМО БУСАКА му ја подава на Иниеста, па овој до Чави, чави на бусака му ја враќа, бусака на меси.. меси до чави и гол... неправилно :-)) местенки :-)
 
Мене ми е жал за Арсенал што воопшто паднаа со Барселона, заслужуваат да одат подалеку ама вчера против Барса не докажаа дека заслужуваат да одат подалеку од Барса. Со еден шут во рамките на голот (можда се рачуна и тој на бускетс) наспроти 17 на Барса, со 9 сигурни одбрани на голманите на Арсенал, ниедна на Валдес, стварно не докажаа.

Ми е жал што сите се факаат за црвениот на Ван Перси, отколку за целосната доминација на Барселона. Мое мислење е дека не требаше да му додели втор жолт,АМА само затоа што имаше веќе еден жолт картон (инаку го заслужи, затоа што беше опоменат од судијата неколку пати пред тоа кога се глупираше). Да беше друг играч можеби и немаше да му даде втор жолт ама Ван Перси вчера ја претера со стартови и провоцирања и тоа беше капаче. Сепак повеќе беше негова грешка што го остави тимот на цедило, отколку на судијата.

Се надевам дека Арсенал ќе се бори подобро после ова во Премиер лигата и ќе ја освои затоа што децава пораснаа за да освојуваат титули.
 
Ај да дадам некој коментар за сите наши играчи.
Валдес: без работа, кај голот не можеше ништо да направи.../
Алвес: ѕверотиња, животиња, коњ, што уште не. Најдобриот десен бек на денешницава...9
Бускетс: одличен, плус не играше на неговата позиција. Авто-голот нема никаква врска, затоа што можеше да истото да се случи и да играше како ДМ, ипак корна беше...8
Абидал: малце подобар од Бускетс, повеќе од добар, како и секогаш, плус имаше некои истрчувања во напад...8.5
Адриано: ептен ме изненади(позитивно секако), мислев дека ќе биде малку загубен, ама покажа одлична игра и мислам дека доби многу кредит кај Гвардиола. Немаше среќа да даде гол, еднаш статива, друг пат пречка, ама ќе биде...8
Маскерано: алал нека му е како изигра. Одличен во дефанзива, борбен, доста учествуваше во напад и секако не спаси на крајот, кога искочи пред Бендтнер...8.5
Чави: диригент, најдобар плејмејкер, никој не е ни приближно како него, плус го направи тоа што не можеше Виља. Маестро Чави...9
Иниеста: кои продори, асистенции, се гледа кој ни фалеше лани против Интер. Асистенцијата до Меси беше мастерпис...9
Педро: на почетокот, не се снаоѓаше баш најдобро во напад, многу топки му избегаа, неколку пати не знаеше да смири. Едноставно не беше тој Педро што го знаеме, ама сепак врз него беше направен пеналот...8
Виља: исто и он како Педро, само за разлика од Педро, тој неколку шанси, каде што мораше да даде гол. На крајот запиша асистенција, ако не друго...8
Меси: на почетокот делуваше премногу незаинтересирано, после почна да игра како што треба, на крајот дојде и одличниот гол. Во второ беше друга приказна, со малку подобра реализација на нашите играчи, неговата оценка ќе беше 10, вака само...9.5 МОМ
 
Вака изгледаа додавањата на Барселона и Арсенал !!! Реална слика без заебанции

189328_10150149731500469_351142070468_8693418_5568150_n.jpg
 
Сеа ќе биде малу тешко против Лион ама верувам дека нема да праат проблем :pos:
 
Леле каква акција за првиот гол...Цеск до Иниеста овој прекрасно асистираше за Меси!! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom