Прво полувреме далеку подобро од второ. Имавме и побрза игра и повеќе шанси се создаваа, само реализацијата беше слаба. Се гледаше дека Тито и Роура експерименти прават, што е сосема нормално.
Одбраната беше супер. Дани си ја држеше страната како во старите добри времиња. Пујол и Маске се покажаа подобар тандем него ли Пике и Маске. Сонг изенади ептен, се враќаше и во одбрана, доста топки сечеше а и добро поврзува. Фабрегас е слаб во форма, мора да го оладат малку.
Санчез ме изненади, трча, сече топки, асистира па и гол даде. Мислам дека полека го враќаат во нормала, но факт е дека мора да се докажува повеќе. Не знам дали само јас приметив ама Виља беше премногу напнат, има мал проблем со реализацијата, што е сосема нормално со неиграњето. На Тељо му е сменета цела игра, преточен е во додавање а не како порано во индивидуална акција, мислам дека грешка прават.
Се на се ок натпревар, но факт е дека со влагањево на вториве малку се загушија. Мора да им се дава повеќе шанса на Адриано и Тиаго. Има иднина во нив. Пинто ќе не умре со враќање на топката, мана му е тоа.
Одиме со нови сили кон Милан. Visca el Barca.