Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Виља нека влезе во второ, од старт нека играат и Иниеста и Фабрегас!
 
Составот - Пинто,Алвес,Пујол,Пике,Алба,Бускест,Чави,Фабре,Иниеста,Меси и Педро
Ова ни е најдобрата 11ка сезонава.Одбрната ќе биде многу посигурна со Пике и Пујол како тандем,да се искористат повеќе шансите и нема да има проблеми.Знам дека Пинто е резервиран за куп натпреварите но едноставно мора да игра Валдес барем кога играме против РМ....Не знам каква е логиката да имаш договор со резервен голман да ги игра сите натпревари па дури и финалето на едно натпреварување.Во никој друг тим не го има ова.
Мора да се искористи ова слабост во одбраната на РМ и да издвоиме барем минимална победа.Со сигурност ќе примиме гол или голови но колку ќе постигнеме тоа е прашање.
 
Јасно е, најдобриот состав се бара. Сите сме сложни дека ја посакуваме следната 11ка:

Пинто​
Алвес - Пике - Пујол - Алба​
Бускетс​
Чави - Цеск​
Педро - Меси - Инеста​
Во второ полувреме го очекуваме и Виља, бидејќи е ѕверка за големи натпревари. Во зависност од резултатот, може да влезе на местото на напаѓач(веројатно Педро) доколку водиме, а може и на местото од Цеск или Чави, доколку немаме позитивен резултат.

П.С.
Тито нема да биде на Бернабе, тимот ќе го води Роура.
 
Јасно е, најдобриот состав се бара. Сите сме сложни дека ја посакуваме следната 11ка:

Пинто​
Алвес - Пике - Пујол - Алба​
Бускетс​
Чави - Цеск​
Педро - Меси - Инеста​
Во второ полувреме го очекуваме и Виља, бидејќи е ѕверка за големи натпревари. Во зависност од резултатот, може да влезе на местото на напаѓач(веројатно Педро) доколку водиме, а може и на местото од Цеск или Чави, доколку немаме позитивен резултат.

П.С.
Тито нема да биде на Бернабе, тимот ќе го води Роура.
Разбрав дека Мадрид имаат пет првотимци што не играат. Пепе, Рамос и Касиљас сигурно се тројца од нив. Ама кои се другите немам поима. Во секој случај Реал ќе извадат ослабен тим
Така што има големи шанси Тијаго да игра. Сепак купот е за играчи како него да стекнат искуство без разлика против кого се игра.
 
jky6a0.jpg


1-3 FT
 
Бидејќи имам неограничено слободно време, а и нешто станувам рано од спиење денеска како резултат на еуфоријата за утрешното класико повторно по незнам кој пат ја изгледав незаборавната утакмица што заврши 5-0. Се сеќавам до најситни детали и на 2-6 ама сепак оваа Манита на Ноу Камп беше нешто специјално. Се надевам на некој сличен настап (не резултатски туку со игра и утре бидејќи секако играме како на домашен терен на Сантиаго).

Од тоа класико имаше безброј величенствени потези ама овој :vozbud:
 
Rosell: “Valdés has open doors to continue.” :cautious:


А јас сега убеден сум дека Валдес ќе се премисли и ќе потпиште нов договор!
Не дека имам нешто против Валдес, сиве овие години добро служеше ама после тоа дека не сака да продолжи не разбирам зошто клубот сеуште го моли! Или не сакаат да трошат пари!

ПС:

724508023.jpg
 
^ Епа среќен роденден тогаш.да си здрав и жив и да навиваш за Барса уште многу години :)

Најдобар тајминг за Класико за нас од ова мислам дека нема да има.Има неколку причини за тоа.
-Не знам после колку Класика ( 4,5 ? ) ќе ја имаме најдобрата наша одбрана на располагање а пред се тандемот Пике-Пујол кој ако памтам убо нема пораз на Ел Класико....
-Меси и Педро се во врвна форма по постигнување на голови (За првиот да не коментираме).На последните мечеви Педро ја има таа голгетеска среќа како првата сезона.Плус за противници ќе ги имаат резервните фудбалери на белите (Варан,Карвалјо,Албиол)
-Фабрегас конечно се најде себеси и е во врвна форма сезонава.Се вклопи перфектно со новите тактики на Тито.
-Иниеста ја игра според мене најдобрата сезона во неговата кариера а со ова треба да се додава дека беше и одморен викендот заедно со Алба....
-На противникот му недостасуваат 5 клучни фудбалери а пред се нивниот капитен....
-Ние ја имаме најдобрата сезона во историјата а противникот најлошата во последните 5 години (гледано според бодовите )......
Мора да се искористи ова ситуација и мроа да се вратиме во Кампот барем со минимална победа,едноставно мора да дадат се од себе...МОРА !!!
Но да не заборавиме дека сепак играме со РМ и станува збор за Класико,каде што не е важно многу формта на екипите,неиграњето на некој фудбалер и тн тн....Се може да се случи но дека ја имаме идеалната ситуација за позитивен резултат нема дилема....
Само се надевам на неколку работи :
- Фудбалерите да ја сватат ова работа сериозно,да не паднат на тие финти дека сезонава се непобедливи,дека на противникот му недостасуваат многу првотимци....
-Да не игра Маскерано прва постава (тандемот Маске-Пинто значи 100 % -2 гола) и да не влезе во игра Санчез освен ако имаме предност од 2 гола и мечот завршува за 5 минути......
-Дај ве молам нека игра Валдес барем на овој меч !!!

Да се надеваме дека ќе се искористи ова ситуација...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom