е сега Иниеста на клупа малку незгодно е али то е
Иниеста на клупа само на штаки, у секој друг случај на терен до Чави. Фабрегас нека си ја грее клупата ако толку му се доаѓа дома.
Неможам да разберам дадени ~ 40 м. евра за домашен играч кој ќе има улога на замена. Има толку многу поефтини играчи кои би се испотепале за да бидат замена на Чави и Иниеста. Фабрегас нека си поигра уште малце во Арсенал, можда ке освои некое купче во Англија, нека го почека Чави да се пензионира, или барем да му падне формата, а тоа ќе се случи за 2-3 години макс., и потоа може да се донесе како негова замена. А средина со Чави Иниеста и Фабрегас заедно нема шанси да се случи.
Опцијата Иниеста да отиде на лево крило а Фабри до Чави во средина, е ефективно исклучена со купувањето на Виља. И пред се уверувањето на Лапорта дека Ибрахимович нема да го напушти клубот.
Значи имаме 70 милионски босанец кој неможе да игра на ниедна друга позиција освен ЦФ. Од друга страна го имаме Виља кој може да игра централно но плус заради брзината и подвижноста може да игра на лево крило како директна замена на Анри. Тоа значи дека ќе имаме 3 играчи кои ке се борат за ЦФ (Ибра, Виља и Бојан).
Иако јас го посакував Силва пред Виља сепак можам да ја разберам одлуката на Пеп да го доведе Виља поради потребата од модификација на тактиката кога сме прочитани од противничкиот тренер, т.е играње со двајца напаѓачи со Меси позади нив, и менување на формацијата од 4-3-3 во 3-5-2(3-4-1-2). Тоа до негде ја оправдува одлуката класичен центарфор да игра на крилна позиција(иста беше ситуацијата и со Анри). Но потегот да се врати Фабри никако неможам да го разберам поинаку освен како ИДИОТСКИ подарок од новиот претседател.
Фабрегас си отиде во 2003 година поради неможност да се пробие кон првиот состав. Замислете што ќе биде со Тиаго и ЈДС, кои и до сега не добиваа шанси, со доаѓањето на Фабри. Најдобрите клубови во Европа се заинтересирани за овие двајца, пред се за Тиаго... Нормално дека нема да чекаат да се ослободи место за нив туку ке го направат она што го направи Фабрегас, ќе си заминат од клубот. Каква награда им дава клубот на овие двајца млади играчи со тоа што биле стрпливи и ја чекале шансата за прв состав, со купувањето на наш играч(за 35-40 милиони евра) кој на само 16 години проценил дека нема иднина во овој клуб. :lud:
Единствено малце верба ми дава реченицата на Лапорта дека доколку му биде побарано од Пеп ке разговара со Арсенал, што значи дека до сега Пеп не побарал ангажирање на Фабрегас, се надевам дека нема ни да побара.