Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Иначе ти со маиците до кај си?

Се договорив јас со овој од печатницата, утре ќе ја однесам да ја испечати и ако ја земам до вечер ќе ви поставам слики, ако не во недела.:)
 
Се договорив јас со овој од печатницата, утре ќе ја однесам да ја испечати и ако ја земам до вечер ќе ви поставам слики, ако не во недела.:)


Колку пари од маица? Во Куманово е 200ден со нивна маица
 
Колку пари од маица? Во Куманово е 200ден со нивна маица

150 денари со моја маица, и 250 со нивна. Јас ќе печатам со моја, купив една денес убава црна чисто колку за проба ќе биде ова. Иначе стајте уште еднаш амблемите за да ги слегнам и да ги снимам на цд, нешто не ми ги отвара на мене сликите што беа на позадните страни.
 
35359216.jpg
 
Вечерва се решава титулата,едноставно нема друг избор освен победа на можеби најтешкиот меч сезонава,против еден силен тим,мотивиран кој се бори за ЛШ.
Можеби гостувањето доаѓа во доста незгоден момоент,Севиља влезе во серија по смената на тренерот,имаат доста добар тим со одлични поединци и индивидуалци-Хесус Навас,Ренато,Капел,Кануте......се играчи за секаков респект.
Но на маката се познаваат јунаците,едноставно нема друг избор вечерва освен три бода и 99% од работата ќе биди завршена.
Потребна е стрплива игра,стабилна одбрана,а нападот кога тогаш ќе проработи,мината сезона беше 3-0 за Барса во Севиља,се надевам на победа,макар и со минимален резулатат,не е важно-важно е да се победи и да се освои титулата.
Ќе биди жално после фанатстична сезона,со само еден минимален пораз во првенството од Атлетико,по ГОЛЕМОТО ПРЕСЛУШУВАЊЕ(и тоа на два пати оваа сезона) на "учениците":3: од Мадрид да не се oсвои титулата:pehar:
Ќе има добар ,вистински отворен фудбал вечерва,Севиља не е екипа од рангот на Интер па да се брани со 10 играчи:tapp:,и тие ќе одат на победа зошто им гори под нозете и се борат со Мајорка за тоа 4то место-се надевам дека одбраната ќе биди на ниво,и ќе се искористат максимално сите шанси кои ќе се укажат.:cuc:
Се надевам на победа,играта не ме интересира,битни се трите бода и ништо друго.:cug:
 
Ако победеме вечер титулата е веќе наша.

:vozbud::vozbud:
 
sega na mesecot:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
http://www.24fudbal.com.mk/Default....-4b49-a433-4cd167df7c4c&ln=3&typeBack=default

:pos2::pos2::pos2::pos2:


Роналдо + Игуаин + Кака + Алонсо + Касиљас + 200 милиони евра, и мислам дека Лапорта би можел да се замисли за евентуален трансфер.:)

Иначе момци ништо со маиците, ова е само една обична лепенка која при првото перење ќе падне. Да тибам аматеризмот. Искрено не ми се даваше 150 денари за нешто шо можам и јас дома да го залепам. Ако ги знаете овие пластифицираните сликички за велигденски јајца, епа слично нешто на ова ќе излезеше, ми покажуваше тој модели таму печатено.

Еве слично нешто на ова е, али неможам да ви го доловам материјалот на маицата колку се разлика од лепенката.

t-shirt-datura.jpg
 
Вечер е најважниот натпревар сезонава, каков Интер, какви бакрачи, ова е натпреварот кој дирекно го решава шампионот во примера, а тоа секогаш било во преден план пред освојување на ЛШ.... Мадрид или Барса, вечното прашање може да се затвори вечер, само една победа не дели од титулата.

------------------Валдес----------------
Алвес---Туре/Милито*----Пујол-----Макс
-----------------Буси---------------------
------------Чави-------Кеита-------------
Меси----------Бојан/Ибра**---------Педро

*Бидејки не се очекува Пиќе да се опорави 100% од повредата, а зашто би се форсирал 90% спремен Пиќе коа ги имаме 100% спремни Милито или Туре.
Милито би бил логична замена на Пиќе, но Милито и Пујол се премногу слични во играта, во тој случај ке фали играч за да ја изнесе топката од одбраната, доколку се маркирани Буси и Чави, т.е. ќе фали Бекенбауер, а такви играчи имаме само двајца, едниот е повреден а другиот е мој фаворит за прва постава вечер, Туре. Кога можеше да игра во финале на ЛШ, зашто не би играл против Севиља вечер.

** Централен напад... Со Ибра добиваме цврстина, моќ, повеќе нафрлени топки, но со Бојан добиваме брзина и течност во акциите. Против една Севиља која игра напаѓачки фудбал коа сигурно нема да се брани дома, ни треба токму тоа што Бојан го поседува. Затоа мислам дека Бојан бил подобра опција. А да играат двајцата не верувам затоа што Педро е премногу важен во одбрана и во напад, левото крило вечер е негово.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom