Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

--- надополнето ---

Некој бараше видео од прославата .....
повелете :smir:
 
Прееска само ја честитав титулата, сега да пишиме нешто поопширно :)

Уште една добра сезона според мене, исполнета со многу возбудувања. Прво, трансферот на Ибрахимович, некој го сметаат за тотално промашен, но реално не е така. Сепак му е прва сезона во клубот, а за прво сезона 20+ погодоци не е мала работа. Очекувам да блесне во новата сезона. Оваа сезона на Кампот бевме страшни, несовладливи, и ретко која екипа си заминуваше со помалку од три парчиња во мрежата. Како и секоја година, и оваа година блесна момче од кантерата, т.е Педро, страшно е детето, експлозивен, брз, се покажа дека знае да игра и на големи натпревари. Лигата заслужено ја освоивме, со оглед на тоа дека два пати го добивме најголемиот ривал Реал. Можевме и да одиме над 100 бодови, но тоа е тоа. За купот не се замарам многу, но би било добро да се атакува и на него в година, за да ги обединиме трите титули. Во Лига на Шампиони заслужено испаднавме од Интер, кој својата работа си ја заврши во Милано. Е сега околу темата дали беше офсајд голот на Милито, не вреди да се дискутира, бидејќи и без тоа бевме надиграни таму. Од летниот преоден рок очекувам 2-3 засилувања, Виља во нападот, десен бек како замена за Дани, за да немора Пујол да игра на таа позиција, и еден играч од средината. Исто така очекувам и оваа година да блесне некој од младите, Џефрен би се претворил во страшен играч доколку добива почесто шанса следната година. Пеп уште еднаш се покажа како гениј и би сакал уште многу години да остани во клубот. Околу Лапорта, му благодарам за се`, и би сакал да го замени некој претседател исто така добар колку него. Горд сум што сум навивач на овој тим, Visca el Barca, в година одиме на уште поголеми успеси момци!

Доста е од моја страна, поздрав до сите искрени навивачи во фан-клубов!
 
Честито титула, заслужена :0
 
Честитки за титулата, сосема заслужена!
 
Епа луѓе помина уште една сезона. Барса повторно се шампиони. Пеп и играчите докажаа дека навистина вредат. Дека знаат да играат со срце за екипата и дека заслужија да бидат шампиони.
На последниот натпревар Туре покажа дека треба да остане и да игра во првата постава зошто навистина е подобар од Бускетс. Оваа сезона Педро и Бојан изиграа одлично, а Ибра сепак можеше и подобро,
но колку за прва сезона треба да сме задоволни. Анри го изигра последниот натпревар и нека му е со среќа во Америка.
Со неколку нови засилувања (Виља, Фабре...) наредната сезона да бидеме уште посилни и да освоиме уште некоја титула.
Уште еднаш нека ни е честита титулата во Ла Лига и да ни се множат. :pehar: :pehar::pehar::pehar::pehar:

VISCA EL BARCA !!!
 
МОМЦИ СО МАЛО ЗАДОЦНУВАЊЕ НЕКА НИ Е ЧЕСТИТО ТИТУЛАТА И НЕКА НИ СЕ МНОЖАТ ! ! :))
 
vallmess.jpg
 
Хепа честито титула....заслужено!
 
Честито титула Каталонци :pehar:
 
Честито титула со задоцнување потполно заслужено иако и Мадрид да ја освоеше ќе го имав истото мислење:salut:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom