Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Сакаш да дојде играч што ќе ти го фрли утре дресот на терен и ќе си оди од теренот, што ќе се кара со навивачите, нема да го почитува клубот во кој му се пружило шанса да се прослави, ќе се кара со тренерот затоа што не е во прв состав, а после сите други играчи ќе му се криви. Едноставно НЕ ФАЛА. Имаме подобри таленти и од него и тимов се заснова на почитување и креирање на добра атмосфера. Барса никогаш нема да дозволи вакви играчи. Имавме еден ваков (не до олку екстремен случај) Џовани Дос Сантош и добро е што го шитнавме
 
Според „Ел Мундо Депортиво“ се очекува напаѓачот на Валенсија, Давид Виља пред почетокот на Мундијалот (11 Јуни) би можел да потпише договор со „каталонците“. Според истиот извор, Виља би сакал да ја избегне ситуацијата од минатата година, кога поради Купот на Конфедерациите му пропадна трансферот во истиот клуб.
 
Денес тренирале на дожд. Кеита се вратил на тренинг што значи дека би требало да стартува во недела.
Балотели не го сакам во тимот, според мене за ова лето доволно е да дојде Виља, да најдеме замена за Дани и да дојде Цеск, неопходен ни е како замена за Чави и Иниеста кој барем оваа сезона полопвина ја пропушти поради честите повреди.
Еве ја последната изјава на Цеск...

Јас сакам да го направам мојот избор пред Мундијалот. Невозможно е за време на Светскиот куп да размислувам за останати факти, сакам да се фокусирам комплетно на играта.

Имам 23-години и имам уште многу години кариера пред мене. Никогаш не сум го криел фактот дека сонувам да играм за Барселона и се надевам дека ќе се приклучам кон тимот


 
Најбитно е Туре да се задржи, или барем да се најде соодветна замена.
А на Цеск ако му се доаѓа нека даде барање да биде ставен на трансфер листа, ако не со среќа нека си игра во Арсенал.
 
Што сакате велете јас го сакам Балотели у тимот !
 
Балотели... каков Балотели непотребен ни е во тимот. Покрај толку многу талентирани играчи, непотребен ни е тотално.

Инаку да се надеваме дека ова со Виља ќе се заврши што е можно побрзо, да не се оддолжат работите па да мора да се решаваат после мундијалот. Во тој случај цената на играчите би била многу многу поголема отколку сега.
 
Не ни треба Балотели стварно, ако го земиме Виља и ако остане Ибрахимовиќ тука се Бојан и Педро како замени што ќе му правиме на Балотели. И плус незгоден карактер има.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom