Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе дај не кажувајте смешки... Волкот ќе бил опасен :pos2:
Ќе видите утре дека ништо нема да напраи ... :smir:
 
Па утре и тоа ќе ви е тактиката. Сите пред гол автобус, кој добие топка подај му на волкот.:toe:
Арсенал никогаш не игра таков фудбал ,нема потреба од такви стереотипни коментари за утрешната игра на Арсенал ,а и нормално е ако една екипа почне да напаѓа ,другата да се брани и да прави шанси на контра ...
 
Убаво би било да го видиме утре Арсенал со отворена игра, али како што пиша и Viktoranius, утре ќе видиме паркиран автобус пред голот на Алмунија, иако се работи за Арсенал.
 
Абе дај не кажувајте смешки... Волкот ќе бил опасен :pos2:
Ќе видите утре дека ништо нема да напраи ... :smir:
Да да и тоа 100 % заради тоа што Абидал ќе го чува ,нема да мрдне ...:tv:
Како и да е ,ќе падне уште една добра утакмица со феноменален фудбал ,стресови ,бесови ... :) ,па кој е подобар нека оди понатаму и нека стане шампион :)
 
Ако истрчаат фудбалерите на Арсенал со цел да нападнат утре, тогаш нема што да бараат на Камп Ноу! Го знае тоа и Венгер, впрочем не знам некој што не го знае тоа....едино ке пробаат на контри да не фатат, али доколку не правиме грешки од типот на Бускетс не верувам и дека ќе имаат шанса за такво нешто.
 
Да да и тоа 100 % заради тоа што Абидал ќе го чува ,нема да мрдне ...:tv:

Абе гледај ако го чува Абидал ќе има огромна шанса Волкот да се повреди(ба и како шо е нежен тој), ама ако го чува Максвел има крадци и каубојци да си играат по цел терен. Ќе се убијат од бркање по цел терен со оглед на тоа дека и двајцата се брзи. А Абидал не е смотан знае дека со брзината нема да може да го стаса Волкот па затоа ќе гледа на секој друг можен начин да го запре Волкот. И поради се ова мислам дека Пеп нема да ризикува со Абидал да биде претрчуван како мало дете, па ќе го стави Максвел кој што колку-толку ќе може да му парира во брзината:):smir:
 
Утре нема да биде нималку лесен меч...не дај Боже да примиме гол при резултат 0-0 !!

Ако успееме да им ги сечеме акциите уште во средниот ред тогаш ќе доминираме како во првите 45 минути во Лондон!!
 
Утрешниот датум 06.04.2010 ќе биде запишан во историјата на Арсенал како ден на жалост . :tv:
 
Според мене еве со кој состав би требало да излеземе....


-------------Валдес------------
Алвес---Маркез---Милито---Абидал
----Чави---Јаја Туре---Кеита
-----Педро--Меси--Анри

Во ваква комбинација Меси би можел да помага во средината, а притоа да биде подеднакво опасен и во напад. Нешто што Пеп го игра постојано кога фали еден од Чави или Иниеста....

А и не би ме изненадило доколку Јаја не е подготвен Кеита да игра таму, а Максвел да игра лево, веројатно Пеп и затоа излезе со таков состав во саботата...
 
Утре нема да биде нималку лесен меч...не дај Боже да примиме гол при резултат 0-0 !!

Ако успееме да им ги сечеме акциите уште во средниот ред тогаш ќе доминираме како во првите 45 минути во Лондон!!
Ќути не дај боже да примите ...:tv:
 
Максвел не би можел да игра во средниот ред при ваква формација!
 
Абе гледај ако го чува Абидал ќе има огромна шанса Волкот да се повреди(ба и како шо е нежен тој), ама ако го чува Максвел има крадци и каубојци да си играат по цел терен. Ќе се убијат од бркање по цел терен со оглед на тоа дека и двајцата се брзи. А Абидал не е смотан знае дека со брзината нема да може да го стаса Волкот па затоа ќе гледа на секој друг можен начин да го запре Волкот. И поради се ова мислам дека Пеп нема да ризикува со Абидал да биде претрчуван како мало дете, па ќе го стави Максвел кој што колку-толку ќе може да му парира во брзината:):smir:
Мене ,а се надевам и на Волкот не му е битно кој ќе го чува :)
Секако несакам да го чува Абидал само заради здравјето и коските :tv:
Ама мислам дури и да го чува Абидал тој нема ни да го види или стигне за да му направи фаул :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom