Факт е дека Чики и Лапорта се покажаа доста неодговорни за трансфери и затоа тешко дека Лапорта ќе добие уште еден мандат, а тоа би значело и шут карта за Чики.
Сепак има уште две недели од трансфер периодот, па доколку притисне Пеп може до крај да видиме некое засилување.
Мислам дека после утакмицата со Билбао многу работи ќе бидат познати.
Лапорта не може да добие уште еден мандат. Според статутот на Барса секој претседател смее да отслужи само два мандата.
Така што Лапорта и Чики си одат следното лето сигурно. Финтата е во тоа кој ќе дојде следен.
Моментално има две доволно моќни групи и не верувам дека ќе се појави трета.
Првата е таа на Лапорта. Сигурно ќе има еден кандидат од овој табор кој што ќе биде подржан од Лапорта.
Другата моќна група е таа на Сандро Росел. Поранешниот најдобар другар на Лапорта и потпретседател во првите две години на Лапорта како претседател.
Росел е извршен директор на Најк и има доста врски со агентите кои застапуваат играчи спонзорирани од Најк.
Заради него Роналдињо реши да потпише за Барса, а не за Манчестер Јунајтед.
Ако дојде Росел веројатно ќе ги вети Агуеро,Фабрегас и Рибери. Тројцата се играчи на Најк и ќе добие огромна финансиска помош од нив ако проба да ги купи.
Трет доволно моќен човек во Барса е Сориано. Ни беше финансиски директор до лани, многу способен преговарач, преговараше со Арсенал за Анри.
Има добра репутација ама нема тим позади него. Веројатно ќе се придружи кон некоја од двете групи затоа што е добар пријател и со Лапорта и со Росел.
Значи, ако сакаме да си ги решиме трансфер проблемите тогаш Росел е човекот за тоа.
Ама прво би требало да видиме што ќе претстави во својата кампања ако е за радикални промени во раководењето на клубот тогаш јас не би сакал да го видам како претседател.
Дали навистина сакаме да ја смениме политиката која во 6 години ни донесе 3 титули во примера, 2 ЛШ и 1 кралски куп?
Голема е можноста да реши да ја продолжи политиката на Лапорта, затоа што сепак беа истомисленици и во тој случај би го решил проблемот со трансферите, а би продолжил со традицијата која ја имаме досега.
Од друга страна ќе биде кандидатот на Лапорта (кој и да биде) . Мислам дека уште во почеток е во полоша позиција затоа што ќе се знае дека е пион на Лапорта.
Можеби со него ќе дојде некој поспособен технички директор од Чики па ќе се средат и трансферите, а ќе се продолжи со доброто раководење на клубот.