Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ништо, денес многу слаба реализација,а и немавме среќа во неколку наврати.Меси откако влезе одма се почуствува на теренот нон стоп беше активен,Ибра имаше некои шанси што требаше да постигне гол посебно во последната кај што сакаше со пета да даде гол.Гаи имаше некои дриблинзи и нафрлени топки,Тиаго не изигра лошо друго нема да коментирам,само 11-1 во шута на гол.
 
Стативи, пречки...Како и да е второто полувреме далеку подобро изиграа. Меси најдобар, Ибра премногу бавен и ептен млако, пријателски шутираше. Од младинциве Џонатан ми остави најдобар впечаток. Добар удар има малиов. Асулин се труди, има брзина но премногу е нежен, треба во теретана повеќе да вежба :wink:. Хенрике не беше лош, Тиаго е добар исто така иако е себичен. Се на се, потпросечна партија пред се поради првото полувреме.
 
Влегоа ибра и меси и почнаа да се прават шанси. Имавме 2-3 доста добри шанси ама сепак незнаевме да ги искористиме. Можеби да играа Меси и Ибра од почетокот ќе тепавме, ама јебига којзнае за тоа сеа. Од младиве Џефрен најдобро изигра, Гаи имаше неколку добри пасови и продори, а најдобар денеска од Барса дефинитивно беше Туре. Човекот беше ЦАР у средината овие од Сити незнае кај е топката кога ги минеше. Едно 5-6 пати по бурек и по цигари ги прати.
 
Pa dozvolivme trofejot na Johan Gamper da otide vo racete na anglicanite...pa ako ne ke e interesno sekoja godina nie da zememe!

Ajde ovoj natprevar go odigraa golem broj mladinci....druga pesna ke bide koga ke se vratat prvotimcite!

Najdobra sansa ke imame da gledame sega vo vtoriot mec so Bilbao!

Ajde ne se zalete...

VISCA BARCA:ultras::barcafan::barca::bakla:
 
abe nema vrska izgubivme izgubivme i onaka ne e mnogu vazen ovoj trofej
so e najvazno so mladinci ne pravime nisto,ni trebaat igraci barem uste 1 od sredniot red ako ne povike
 
Не ни треба ништо, Иниеста да се врати и ке биде друга песна, ако случајно затреба некој играч, има зимски преоден рок :toe:
 
Вака сеа...

ОК утакмица. Не реален резултат погодивме 2 пати пречка, имавме други јаки шанси, ама тоа не е битно.

Сити беа во огромна предност. Барса уште е вон сезона, а они веќе играат сезона. Сите фудбалери беа од нивниот прв тим (под тоа мислам првите 25), додека кај нас 70% од фудбалерите што играа уште немаат потпишано професионален договор со клубот.

Не барам изговори не е страшно да се изгуби утакмицава, ни го надиграа средниот ред во прво полувреме и ја искористија единствената шанса што ја имаа.

Сеа за играчите што ми оставија впечаток...

Ибра, просечно одиграно, ама можеше да се очекува, не тренираше доста време и ова му е прва утакмица после Интер-Челзи. Одлично комбинираат со Меси, ама можеше да се примети дека се уште не ги совладал тактичките барања на Пеп.

Тиаго, го направи Рајт Филипс мајмун на двапати. Почна доста не сигурно само со дриблинзи, ама после почна да го наметнува влијанието на играта. Имаше многу добри пасови, а почна и да диктира темпо со тек на натпреварот. Немаш среќа што ја промаши последната шанса. Дефинитивно одличен талент. Има уште 3-4 години полирање пред да може да го води средниот ред на Барса ама може да се очекува следната година да премине во првиот тим.

Дос Сантос одигра солидно. Посамоуверен од Тиаго, веројатно затоа што играше и во претсезоната со првиот тим, може да се наметне на играта, добри длабочински пасови ама уште треба да игра за Барса Б.

Гаи. Искрено не ми е јасно зошто 90 посто од фановите во фан клубов свршуваат кога ќе му се спомне името.

Не е ама баш ништо посебно. Брз е, ама цело полувреме не направи ама баш ни една друга финта освен наглото стопирање на топката назад и подавање на памет после тоа.

Им се буташе на другите фудбалери во нозе, набацувањето не му е ништо посебно... Едноставно не гледам ништо што го прави посебен. Обично брзо крило. Џефрен и Педро се далеку подобри од него.
 
Стативи, пречки...Како и да е второто полувреме далеку подобро изиграа. Меси најдобар, Ибра премногу бавен и ептен млако, пријателски шутираше. Од младинциве Џонатан ми остави најдобар впечаток. Добар удар има малиов. Асулин се труди, има брзина но премногу е нежен, треба во теретана повеќе да вежба :wink:. Хенрике не беше лош, Тиаго е добар исто така иако е себичен. Се на се, потпросечна партија пред се поради првото полувреме.


Незнам од кај примети дека е себичен Тиаго дечкото изигра одлично и мора да биде промовиран заедно со Џонатан и Муниеса

а што се однесува на натпреварот добро изигравме кога ќе се заме фактот дека сеуште се темпира формата и дека игравме со многу млади фудбалери кој за некоја година ќе ги гледаме во првиот тим се на се задоволен сум од играта мозе не од резултатот но сепак и ова беше пријателски натпревар и резултатот не е многу битен
 
Незнам од кај примети дека е себичен Тиаго дечкото изигра одлично и мора да биде промовиран заедно со Џонатан и Муниеса

Последните минути имавме шанса - беа 4 играчи во линија на 17-18 метри од голот против 2 од Сити и Тиаго шутира млако наместо да предаде. Само поради таа ситуација, инаку добар играч секако.
 
Среќата слабо не служеше во 2 полувреме...Меси статива, Џонатан пречка, Ибра чиста шанса на почетокот но шутираше право во голманот.....се на се воопшто не сум разочаран од второто полувреме. На цела утакмица англичаниве дали 4-5 пати ја поминаа половината, посед на топ 65%, само во второ полувреме над 70%, шутеви кон голот 11-1, но една контра и гол.

Уживајте, нема простор за разочараност. И двете полувремиња ги игравме со комбиниран состав,+ плус воопшто не играа Анри и Чави а во составот ги немаме ниту Иниеста ниту Марќес.
Едно полувреме да изиграа Чави и Туре заедно и ќе беше сосема друга песна.

За играчиве што да се каже.....
Џефрен игра се подобро и подобро, мислам дека има обезбедено место во тимот како резерва за оваа сезона.
Бојан, ако продолжи вака мислам дека и наредните години ќе му биде тешко да добие првотимски статус.
Педро, како ќе му прдне, се на се солиден.
Гуди...да се гони на клупа под хитно, или да се продаде.:toe:
Туре цар на средината, штета што не поигра малце и во 2 полувреме.
Гаи, сака малце повеќе да дрибла, брз е, но физички е многу слаб. Мора да го ојачаат физички.
Тиаго, имаше некој добри пасови кон Гаи и остала багра, има брзина и се гледа дека има желба за докажување.
Џонатан ме бендиса како изигра,има топовски шут и од сите пријателски кои ги играше на оваа ми остави најдобар впечаток.
Ибра играше некако лабаво, имаше 2 шанси но шутираше некако деконцентрирано, но мислам дека со Меси добро ќе се разбираат.
Кеита стандард.:toe:
За одбраната нема потреба да се дискутира...немаа работа ама баш ич!!!
Ѕверот Меси.....нема потреба да се прави муабет!!!!

п.с. Против Шахтјор сигурно ќе излеземе со поконкурентен состав.:smir:
 
Добар е овој пораз пред почетокот на сезоната да видат дека не се како лани за да почнат пак да работат:vozbud:
 
Не ја гледав утакмицата, али според ова што го прочитав нема потреба за паника. Сме одиграле добро значи, колку толку со комбиниран состав убаво сме парирале, ако се земе во предвид дека првото полувреме го игравме со само 3ца првотимци.

Кога ќе биде нападот со Анри Ибра и Меси, и позади нив Иниеста Чави и Туре, е тек тогаш ќе се виде силината на Барса. Ајде во недела ќе излезе Пеп со цел прв состав и ќе ја прославиме првата титула за оваа сезона.:)
 
Го виде ли некој голот на Хлеб, се повампири дечкото....во стил ала Меси.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom