Се надевам дека Ибрахимович брзо ќе се вклопи во играта на Барса и дека ќе биде достојна замена за Ето, ако се оствари трансферот.
Сигурен сум дека ќе се вклопи. Барса ќе има уигран тим многу порано од Мадрид.
Ова е е одличен потег и за во иднина оваа година менуваме еден играч од нападот, следната година ќе му дојде време на Анри да си оди или да грее клупа па може да очекуваме трансфер на Силва/Рибери/Мата.
Постепено менување на играчите е многу добра идеја затоа што не се прават големи промени и тимот полесно се адаптира.
Исто така треба да продолжат промените во секоја линија од тимот. Пујол и Маркез се веќе стари, се надевам дека Енрике ќе се покаже достоен заменик за Маркез и уште оваа година ќе почне формирањето на нова одбрана со:
Алвес---Пике--Енрике---Максвел Пујол и Маркез оваа сезона ќе играат голема улога но ова може да ни биде одбрана за следните 5-6 години.
Многу луѓе ги потценуваат одбранбените способности на Максвел и забораваат дека беше дел од една од најдобрите одбрани во светот пред да дојде кај нас. Во Интер играше исто така со офанзивен десен бек (Маикон), а сепак не примаа голови од сите страни.
Исто така има играно и во Ајакс што значи дека запознаен со играње во 4-3-3 формација.
Средниот ред е најкомплициран.
Ни на крај памет ни би му паднало на некого да ги менува Ињеста-Туре-Чави, ама Чави има 29 години и затоа што е толку важен дел од тимот би требало следната година да се најде замена за него. Треба да биде некој играч кој нема веднаш да игра во прв тим туку ќе превзима малку по малку од Чави.
12 поручек или бечер?
НЕ МОЖАМ ДА ЧЕКАМ!!!
Па рекоа до крајот на утрото така да 12 поручек.