Колку што успеав да ја склопам приказната ситуацијата со Виља стои вака:
Виља и Бегеристан се сретнале пред две недели и Виља прифатил да потпише за Барса ако Барса се договори со Валенсија но најавил дека нема јавно да врши притисок врз Валенсија. Чики му ветил на Виља дека Барса ќе даде до 45 милиони за него. Откако Чики му го пренел ова на Гвардиола, Пеп му се јавил на Виља и зборувале за тоа што очекува Пеп од Виља ако потпише за Барса.
Наводно Виља бил презадоволен со разговорот и верува дека може да се снајде во Барса и тогаш решил ако е потребно да изврши притисок врз раководството на Валенсија но пак не сакал да тоа да го направи јавно.
Од тогаш Чики и агентот на Виља ги договориле условите од договорот на Виља и се чекаше уште договорот со Валенсија.
Понудите што се вртеа низ весниците претходните недели беа „мамки“ од Барса да видат како ќе реагира Валенсија на тоа и преговорите почнале дури минатиот петок, пред да дојде до смена на раководството на Валенсија.
Првата понуда на Барса е 41 милион + Гудјонсен. Гудјонсен би ја прифатил ваквата понуда затоа што сака да остане во Шпанија за да им овозможи на своите деца да продолжат да тренираат во Ла Масија, а Валенсија може да му ги исполни амбициите за првотимски фудбал во силна лига.
Понудата ја потврдил и Лапорта вчера во интервју.
Дали понудата е прифатена или не уште никој не знае (освен goal.com нормално), ама кретените веројатно утре ќе објават дека преговорите заглавиле како што направија вчера со Фелипе Мело. Прво објавија дека потпишал за Јувентус,а после дека договорот не е завршен.