Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Искрено, не ме радуваат овие победи зашто и прошла сезона, и претпрошла сезона исто имавме вакви резултати па Меси се повреди односно Ето и го јадевмо многу лошо. Само ни преостанува да се молиме да не ни се повредат клучните играчи.

Зашо си толкав негативец?
 
Честито голема победа. Само не ми е јасно, како може прво полувреме 5 гола, второ ниеден.

П.С. Головите тука.
Па претежно секогаш е така. Второ ке го започнат без многу мака, имаат убава предност зашто да се префорсираат? И тука е најдобро да ставиш еден двајца од помладокот.. :)
 
Супер игра одлично прво полувреме само така да продолзиме да газиме:vozbud:,ве молам не ми ја споредувајте ланската со оваа сезона :nenene: оваа сезона играме далеку поквалитетно така да не мешајте баби со жаби!!!!
 
Зашо си толкав негативец?

Само сум реален :wink: Смачено ми од истите издигнувања и после од истите поголеми падови. Само останува да се молиме да ја задржат формата и да не се повредат Меси, Ето и Чави.
 
Оваа сезона никако неможе да се спореди со претходната... ако ја гледате играта на Рајкард и на Гвардиола ќе забележите дека оваа сезона не се форсира игра по крилните позиции(тоа беше трејдмарк за Рајкард), ќе забележите дека поседот на топката на секој натпревар е над 60%. За разлика од претходната сезона наместо да кружиме околу шеснаесетникот, постигнуваме голови... на последните 9 натпревари имаме постигнато 33 гола, нешто што беше незамисливо претходната сезона. Ако сте гледале барем еден натпревар сезонава ќе видите дека кога ја изгубиме топката, играме пресинг и ја враќаме во наш посед многу бргу. И многу ми се допаѓа што Гвардиола се обидува да земе поука од Кројф и да игра тотален фудбал, сите во напад и сите во одбрана. Кога еден играч отиде напред, друг го заменува на неговата позиција. Оваа сезона очекувам Ето да биде најдобар стрелец во Примера, до сега има постигнато 10 гола во сите конкуренции. Имаше изјава дека неможе да биде тој Ето од пред 3 сезони, бидејќи сега е 3 години постар:zver:. И исто така кажа дека е спремен да игра на сите натпревари и дека повредите се позади него.
 
Shorty zatoa pep gi rotira tolku igracite t.e vo slucaj na nekoja povreda na klucen igrac da nema nikakov problem za zamena.
 
Оваа сезона никако неможе да се спореди со претходната... ако ја гледате играта на Рајкард и на Гвардиола ќе забележите дека оваа сезона не се форсира игра по крилните позиции(тоа беше трејдмарк за Рајкард), ќе забележите дека поседот на топката на секој натпревар е над 60%. За разлика од претходната сезона наместо да кружиме околу шеснаесетникот, постигнуваме голови... на последните 9 натпревари имаме постигнато 33 гола, нешто што беше незамисливо претходната сезона. Ако сте гледале барем еден натпревар сезонава ќе видите дека кога ја изгубиме топката, играме пресинг и ја враќаме во наш посед многу бргу. И многу ми се допаѓа што Гвардиола се обидува да земе поука од Кројф и да игра тотален фудбал, сите во напад и сите во одбрана. Кога еден играч отиде напред, друг го заменува на неговата позиција. Оваа сезона очекувам Ето да биде најдобар стрелец во Примера, до сега има постигнато 10 гола во сите конкуренции. Имаше изјава дека неможе да биде тој Ето од пред 3 сезони, бидејќи сега е 3 години постар:zver:. И исто така кажа дека е спремен да игра на сите натпревари и дека повредите се позади него.

ова е тоа што лани толку очајно ни требаше а на вчерашниот натпревар беше беспрекорно, и шорти, 2 полувреме му послужи ан пеп да испроба неколку варијанти, а не да ги допумпаме со голови, затоа ваквите натпревари се важни
биди убеден дека нема да биде како лани, играме доста попаметен фудбал
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom