Уствари не.
Вистинскиот виновник е едно обично капаче од Пепси.
Како?
-Вака!
Прво, основен проблем. Тревата на Камп ноу, беше 0,1 мм скратена повеќе од дозволеното. После 81 453 седиште, беше скршено... одбраната му викаше на хаусмајсторот да го поправат и тогаш налета Баптиста. После крив е тој шо седеше до тоа столче, т.е. Филе. Требаше да пријави пред да почни утакмицата.
После крив е судијата дресот не му беше пеглан, се познаваа рабовите, не е професионално така. Рамос е еден од виновниците, обетката на десното уво беше дијамантска, таа предизвикуваше одблесоци и сончевите зраци ги упатуваше кон В. Валдез кој беше оневозможен да брани нормално.
Робињо се шигареше, ја дупна првата топка. Значи дел од кривицата сноси и тој. После мајка му излезе на балкон и го прибра. Шнајдер не частеше мекици за керка му, и тоа влијаеше на атмосферата. Шустер вчера пронашол капаче од пепси, добитно. Требаше да добие автограм од Роналдињо... но, Рони не си остана на зборот и не сакаше да му се потпише на Шустерецот.
Тоа е целата вистина!
Ради едно капаче изгубивме, ало!!!