Роналдињо и Ето го бркаат Рајкард
Ѕвездите на Барселона се здружени за да го избркаа тренерот Франк Рајкард, открива
мадридскиот "Ас". Според весникот незадоволството против Холанѓанецот е толку големо што дури и до неодамна раскараните Роналдињо и Ето се здружиле и веќе размислуваат како да го полеат со вода Рајкард. Тој, пак, е на чисто за незадоволството кон него и нема трпение да дојде 30 јуни кога му завршува договорот со каталонците.
Според "Ас" незадоволстото на Роналдињо е предизвикано од постојаните гласини за неговиот трансфер. Бразилецот смета дека тренерот не го заштитил доволно кај шефовите на клубот и медиумите и со тоа го засилил шпекулациите за неговата разделба со Барса. Ето пак е убеден дека неговата тешка повреда, која со месеци го оддалечи од теренот се должи на несоодветните летни подготовки, што ги спровел Рајкард. Како единствено решение на конфликот се очекува заминувањето на Холанѓанецот што е можно побрзо.