Фудбалерите на Барселона се едносгласни во изјавите дека очекуваат Глазгов Ренџерс повторно со класичен бункер да се обиде да ги запре во меѓусебната пресметка на овие два тима во ЛШ.
Ваквата тактика на Валтер Смит вроди со плод на првиот меч меѓу овие две екипи во Глазгов (0:0), кога Каталонците и покрај десесетината одлични шанси не успеаја да го најдат патот до мрежата на МекГрегор.
"Ефикасноста ќе мора да ни биде едно многу повисоко ниво. Знаеме дека шкотските фудбалери ќе се бранат, но и дека нема да одиграат перфектно во одбраната. Работата е во тоа што ние мораме да ги искористиме шансите што ќе ни се укажат, не смееме да си дозволиме утки како оние на дуелот во Глазгов", изјави Тиери Анри.
И самиот менаџер на Ренџерси, Валтер Смит, откри дека неговите фудбалери нема да обрнуваат премногу внимание на играта во нападот вечерва.
"Наш приоритет ќе биде одбраната и тоа како да останеме без примен гол. Одлично ја имаме анализирано играта во нападот на Барса, и верувам дека повторно ќе успееме да ги запреме Меси, Роналдињо и останатите офанзивци на каталонскиот гигант", истакна Смит за шкотските медиуми.
овие што мислат дека ќе издржат 90` мин со КАТАНАЏО ...