Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот Тиери Анри имаше двојна причина за задоволство по триумфот над Лион од 5:2 вечерва. Освен што неговата Барселона обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, францускиот репрезентативец го постигна јубилејниот 700. гол за “каталонците“ во европските купови. Тоа беше неговиот втор погодок на вечерашниот натпревар постигнат во 27. минута само две минути откако го отвори резултатот. Анри беше најзаслужен за вкупниот триумф на Барселона во двомечот со Лион затоа што постигна три од вкупно шесте гола на двократниот европски првак вклучувајќи го единствениот на Жерлан пред две недели.
Јубилеи вечерва прославија уште двајца фудбалери на Барселона. Првиот е голманот Виктор Валдес кој го одигра 50. натпревар во Лигата на шампионите, а вториот е дефанзивецот Рафаел Маркез кој исто така стигна до бројката од 50 натпревари, но не во ЛШ, туку во сите европски купови. Двајцата ќе имаат можност да одиграат барем уште два меча оваа сезона во Лигата на шампионите затоа што Барселона ќе учествува во четвртфиналната ждрепка што ќе се одржи на 20. март.
Со голот што го постигна вечерва, аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси се искачи на третото место на листата на стрелци во Лигата на шампионите. Сега тој има шест погодоци, исто колку и Лисандро од Порто, а повеќе од нив имаат само Стивен Џерард од Ливерпул и Мирослав Клосе од Баерн, по седум.