Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не верувам дека Пеп ќе го даде на позајмица Бојан. Тој сака да игра повеќе но има само 18 години, и нема доволно искуство да игра во првиот тим. Лани играше повеќе само затоа што Ето и Роналдињо беа повредени и мораше некој да игра на негова позиција. Ако наредната година дојде напаѓач (што е 90% сигурно) тогаш ќе си оди Анри а Бојан ќе добива повеќе шанси. Знае Пеп како со младите играчи, им беше тренер минатата сезона. А да, и наредната сезона очекувам во тимот едно одлично лево крило во тимот - Гаи Асулин :vozbud:
Позајмица во Атлетико ќе биде добро за Бојан, Барса и Атлетико.
Атлетико е подобро место за развој на напаѓачи отколку Барса.

Зошто?
Па и двата тима играат офанзивен фудбал, а во Атлетико иако од играчите се бара да играат на многу високо ниво трпението на навивачите е многу поголемо одколку во Барселона.
Ретки се фудбалерите што можат да се пробијат директно во Барса.

Што се однесува на Гаи иако е извонреден талент неможе да се смета на него како сериозно засилување за следната сезона. Ќе биде добро да добие шанса ама ќе има 17 години и сигурно нема да може да игра како првотимец секоја недела.

Веќе е очигледно дека ќе купуваме фудбалер што може да игра како напаѓач и како лево крило.
Бензема и Кун се точно такви и играчи и ќе биде многу интересно да се види кој од нив ќе дојде (ако дојдат).
 
Мислев Гаи да седи на клупа(сепак е многу млад да игра повеќе натпревари), а секако да купиме едно добро крило летото.:helou:
 
Значи во јуни агуеро за барса интересно ќе биде двајцата со меси:).
 
^ Немојте да летате многу:):) Ништо не е договорено. Додека не напишат на www.fcbarcelona.com не е ништо готово.
 
Еве информации за натпреварот:
Почеток на натпреварот:22:00
Екипи:Барселона и Валенсејиа
Стадион:Камп Ноу(98.772)
Судија:Фуентес Гименез,Кабаеро Мартинез,Сантана Понче,Фернандез Борблан
Состав на Барселона(измени):Валдез,Алвес,Маркез,Пујол,Абидал,Јаја Туре,Чави,Гудјонсен,Хлеб,Анри,Меси(Жоркера,Силвињо,Кеита,Касарес,Кеита,Бускетс,Педро)
Составот на Валенсија(измени):Ренан,Мигел,Албиол,Мадуро,Дел Хорно,Фернандез,Албелда,Бараха,Жоакин,Виља,Мата(Гуаита,Хелгера,Јауме,Висенте,М'кел,Мориентес)
Менаџери:Гвардиола и Емеру
 
Лелееееееееееееееее каква шанса !!!!!!!!
Инаку Меси против Дел Орно... повторно... се сеќавате ???
 
Леле каков шут имаше сеа Чави,имаат среќа што не ја закачи ко што треба.
Иначе којзнае какви кошмари претрпел деновиве Делорно додека спиел:)Му доаѓал Меси на сон,како го вади од копачки повторно:)
 
Еве го Анри повторно, расположен е за игра се гледа.

Ајде 2-0 нека ни е на здравје.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom