Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Некој друг спомна Каталонија нали?
А за трпење да не зборам читај посови погоре, башка тоа 3-2 со Валенсија познато ми е од негде

Извини ама јас не сум баш запознаен во политиката па да можам да зборувам за тоа, така да .......

А тоа 3-2 што ти е познато од некаде, барем не се случи на домашен терен.
 
Ајде пак стигна Барса на само 4 бода до Реал, но мислам дека оваа им е последна шанса за конечно да ги минат на табелата и да ја освојат Примера. Доволно киксеви направи Барселона досега па мислам дека веќе немаат право да одиграат лоши утакмици и да губат бодови од неквалитетни екипи. Очекувам нов кикс на Реал со Севиља во следно коло така да редно време е за две-три кола да се искачи Барса на врвот и да не слезе од таму. Дербито во Мадрид сепак ќе биде одлучувачко али со Меси во тимот целосно опоравен нема да биде проблем да се совлада Реал со оглед на тоа во каква форма е.

mes que un club
 
Извини ама јас не сум баш запознаен во политиката па да можам да зборувам за тоа, така да .......

А тоа 3-2 што ти е познато од некаде, барем не се случи на домашен терен.
Па ја не ти стаив нож под грло и ти реков да збориш. Јове спомна Каталонија и само реков дека припаѓа во Шпанија.

А тоа што у гости изгубивте ако ти е утеха добро, терај си.
 
Матаааа-ра.
 
Најдобриот меч во кариерата на Војан. 2гола и 2асистенции.

Рајкард на предходните натпревари го играше десно крило. Вчера ко за чудо го стави централен напаѓач и парче направи.
Незнам, при постигнувањето на 4тиот гол, Војан се повреди...да не е сериозно ?
 
Оваа сезона е многу слична на претходната. Лани Барселона почна добро ама на крајот од сезоната имаше доста киксови, а Реал со никаква игра победуваше и стигна до титула. Сега Реал почна добро ама почна да киксира, а Барселона и нема некоја којзнае каква игра ама се доближи пак до 4 бода. Најверојатно меѓусебниот дуел ќе решава.
 
И информација плус, на последните 6натпревари во Ла лига...досудени се 5пенали против нас.
 
За Бојан нигде не можам да најдам ништо, така да, најверојатно ништо сериозно, не се ни повредил сигурно :smir:
 
Бојан се повреди, му беше укажана помош...и мораше да биде заменет, така влезе Педрито. Али Бојан повикан е за наспат во Шпанија U-21, така да највероватно не е ништо сериозно.
 
Не се против Барса, но тие пенали се главната причина зошто имавме толку лоши резултати во последните неколку натпревари.
 
Тоа е фудбалот, ипак не ги праи судијата прекршоците во шеснаесетникот.
 
А ако нема може да направи, така? Искрено!
 
Па види го последниов пенал, Турам не го ни допре играчот на Ваљадилид, а судијава свирна пенал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom