Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти па можел си да напишаш у кратки црти на македонски, оти од тука некој има кец англиски.:vozbud:
 
е не можам на кратко зашто целото интервју ми е интересно, особено делот за Анри
и учи англиски, не се заебавај :wink:


"Не сум сигурен, ама Роналдо си отиде за една година. Ромарио не го заврши договорот. Јас завршив во Милан. Не мислам дека тоа е случајно или дека само играчот е виновен. Нешто се случува во Барса со големите звезди."
- Можеби не можеме да прифатиме дека голем играч може да престане да игра на неговото ниво. Можеби сакаме да остане засекогаш на истото ниво...
"Но тоа е невозоможно, бидејќи не можеш да освоиш лига, ЛШ секоја година, да бидеш најдобриот играч или да постигнуваш најмногу голови секоја година."

- мислиш дека Роналдињо е сеуште истиот?

"Сите фудбалери имаат падови и подеми и минуваат низ добри и лоши периоди, но едно нешто ми е јасно - рони е истиот. Сигурно. Исто така, не мислам дека е добро за имиџот на Барса тој да се третира на овој начин..."
- како мислиш?
"Тој е икона, рефернеца, огледало во кое многу фудбалери се гледаат самите себе. кога гледаат како е третиран тој кога не игра на начинот на кој се навикнати, овие играчи, на пример Меси, и многу други ќе мислат дека некој ден истото може да им се случи и на нив."

- Па што да направиме?

"Јас мислам дека треба да му дадете повеќе љубов од било кога."

- кој треба тоа да го направи?

"сите. Почнувајќи од менаџерот и завршувајќи со печатот."

- Зборуваме за професионалец кој заработува милиони секоја година...

"Верувај ми, тоа не е важно. Има многу работи што фудбалерите ги прават без да размислуваат за пари. Кога играчот ќе го загуби својот дух, она што треба да го направиш е да му помогнеш, мотивираш, поддржиш. Ако првото што го направиш е критикување, тогаш имаме проблем."

- Што треба рајкард да направи?
"Да му покаже дека му верува"
- Публиката...
"Да му покажат дека го сакаат"
- Медиумите....
"Да создадат атмосфера на доверба. Роналдињо имаше одлични сезони, играше одлични утакмици, постигна многу важни голови, освои многу титули и сеуште нема 28! се уште има многу фудбал во неговите нозе."
- Па, во барселона се слуша дека најдобро е да се продаде...

"тоа би било голема грешка и ќе платите за тоа. Од моја гледна точка, денес нема фудбалер кој може да го завземе местото на роналдињо. Само да ве прашам, колку години има Анри?"
- Тиери има 30. Зошто?
"И за колку години потпиша за барса?"
- Оваа и уште три...

"За мене е неверојатно како некој мисли дека роналдињо кој има 28, не може да и понуди фудбал на барселона а анри ќе остане додека наполни 34. Сфаќате што кажувам?"
-Совршено. Но тоа зависи од она што играчот има да го понуди

"видете, јас освои светско со Бразил во Кореа и Jапонија кога имав 30. Бев втор најдобар после Роналдо во постигнати голови и бев трет најдобар играч на светското. Ние сите имаме предизвици кои мора да ги добиеме и Роналдињо си има негови."

- И дали знаеш кои?

"Не можам да му ги читам мислите и не сакам да зборувам за работи кои не се моја работа, но мислам дека роналдињо има сон за фантастично светско во јужна Африка"

- тоа е 2010...

"Точно. Ќе сака да биде во најдобра можна форма кога ќе започне и ќе сака да надомести за она што се случи во Германија, кога работите не беа најдобри за Бразил или него лично. Јужна Африка ќе е неговото последно светско и сигурно ќе сака да светне."

- Некои велат дека роналдињо пак ќе биде број еден, други велат дека нема да биде...

"ако е мотивиран, има сон и многу желба, ќе биде."

- И по освојувањето на светското, две лиги, ЛШ сите можни индивидуални награди, што може да е неговата мотивација?

"Уште еднаш шампион на Лига, Европа, и на светот со Бразил. Не заборавајте дека играњето фудбал е она што не прави среќни. Додека ја сакаме и таа професија."

комплетно се согласувам!
 
QM3D6312.jpg
QM3D6304.jpg
QM3D6397.jpg



Иначе за дуелот со Расинг внедела се повикани Меси, Олегуер и Пинто. Роналдињо повторно е изоставен...
Целосниот список за со Расинг: Валдес, Пинто, Замброта, Олегуер, Пујол, Милито, Турам, Маркез, Силвињо, Абидал, Деко, Хави, Ињеста, Гудјонсен, Џовани, Бојан, Анри, и Меси.


Ето пред некој ден од Камерун донел 15дечиња, најталентираните според Ето. Децата од тогаш тренираат во младинската школа на Барселона.
 
Тепавме 1-0. Кој го гледаше мечот нека пише повеќе. Да ни е со среќа победата.
 
не игравме баш убоо ама ај важно победивме-3-те бода са важни
 
Барселона се најдобри според моето мислење..Мој фан од Барселона е Роналдињо,меси и Ето:toe:
 
Сантандер е прилично незгодна екипа годинава, а не го гледав натпреварот но најважно е што победивме. Сепак се надевав дека Реал ќе киксне вчера ама ништо.:toe:
 
e__archivo_photo_10_1_1_20080121_YBA04F1.TIF6.jpg



OMG!!!!!!

што му е на човеков? анри злато...:pos2:
 
Му го нема Ето...па сеа за двајцата ги крева...гакиците :)


Иначе од Барселона го најавуваат враќањето на терените на Роналдњо наскоро. Напорни тренинзи имал во последно влеме.

Инаку настана спор со наредните натпревари на Барселона. Во четврток имаме натпревар со Виљареал во купот, а веднаш после тоа во сабота првенствен натпревар. На ова челниците на клубот апелирале да се помести терминот од сабота во недела...по што барањето било пришатено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom