Фан Клуб: Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата ЧЕНТО
  • Време на започнување Време на започнување

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Нерлингер многу се рашетал мамата, албанче и играч од Евертон.:kesa:
 
^^ Добро би дошол Шаќири како замена за стаклениот.Ама многу ќе му бараат а пак на клупа ќе седи ко ќе се врати Робен.Ама ако нека фрлаат кеш(имаме не сме за жалење) треба и клупа да се има.
 
nerlinger-med_232x134.jpg

Озбилно Нерлингер бил во Манчестер влера и се сликал со Бејнз и со Хаман. :pos:

Шала на страна одличен играч е Бејнз, ама спојување на англиски и германски фудбал ми изгледа ко епик дисастер, нешто слично како Мекларен и Волфсбург.
 
Иначе Магат не го пушта Ноер до 2012,макар и да не го продолжел договорот,а ќе даде се за да остане и по 2012 год. :(
 
Боби[Мкд];3972332 напиша:

Харгривс? :smir:

Шаќири би бил топ замена и за Рибс и за Робен. Сега Милер стално мора по крило за да замени еден од нив а втор на листа е Хамит. 40-50% од сезоната еден од нив ќе е повреден не се сеќирајте ќе игра, само приоритет е она што ќе се случува зимава а Шаќири е трансфер за иднина, летоска може да дојде.

Глеам дека упорни се овие за Густаво во лето што не ни ги решава проблемите сега.

--- надополнето ---

Иначе Магат не го пушта Ноер до 2012,макар и да не го продолжел договорот,а ќе даде се за да остане и по 2012 год. :(

Што очекуваше да каже дека ќе го пикне во кутија ќе лепне една панделка и за Божиќ ќе го испорача во Минхен? И тој како Шаќири е за летоска трансфер и тогаш мислам дека ќе има сериозно покерашки преговори околу него и ќе треба пар милиончиња накај Магат да испорачаме.
 
BREAKING NEWS: Inter Sack Rafael Benitez As Coach - Report

Си го отпуштиле тренеров Интер. Уште не е ништо сигурно, но се вртат такви муабети. Ако е точно ова, да се надеваме дека на негвиот наследник ке му треба подолго време додека да се прилагоди и почне да носи подобри резултати.
 
Не ме бендисува ваков муабет.
Треба да се надеваме дека ќе си го средиме тимот зимово (на кој малку корекции му требаат уште) и после да играме со најдобрите во Европа без трошка страв.
 
Лелеееее како може да се замарате со Интер бе!!!

Ова околу Шакири брзо ќе се заврши ако е точно.

Он сака да дојде кај нас,и ќе биде лесно.Работата е што неможе да игра во ЛШ,меѓутоа знаеме каква ни е ситуацијата со повреди,и во секој случај ќе има место за него.Поготово ќе може Рибери или Робен да се растерети од некои лесни утакмици во Бундес,и да се фокусираат за ЛШ.

Сепак битно е да го осигураме Луис Густаво и Бејнс,и евентуално централен дефанзивец!
 
Мислам дека до еден играч може да игра, двајца не. Не беше таков проблемот со Реал, со Хунтелар и со уште еден играч пред две години, ако памтам добро?
 
Мичо и Еди ќе не напуштале... Нееееееее..! Ова пардон моја грешка YEEEESSSSSSSSSSSSSS! :smir: Шала на страна Брафхајд е еден од најутнатите трансфери во последниве 4-5 сезони, не ми е јасно како тој може да е репрезентативец на Холандија. А за Мичо може да му се заблагодарам за 2-3 многу добри сезони, посебно последната под Хицфелд кога со Лусио позади поставија нов рекорд во лигата за најмалку примени голови и да му посакам се најдобро. Сепак во таква форма каква што беше последниве 18 месеци не е достоен за машиот прв тим.

Е сега криво ми е што не се оди и бурено белгиско ама ај нека седи за „пу-пу-недај-Боже“ кога и Тимо и Бади или Брено ќе се повредени.

Друго ново е изјавата на Луиз Густаво од синоќа која ме бендиса: „Што се однесува до мене јас одма би дошол но не зависи од мене. До летоска може се и сешто да се случи. Но што е тука е - мора да сум среќен и да продолжам да работам.“ Многу скромно и прибрано ми звучи, мислам ќе успееме во наредниве 5-10 дена да го донесеме.

И Ноер синоќа изјави дека е можен трансфер летоска и дека во блиска иднина тешко дека ќе потпише нов договор со Шалке. Мислам дека Мануел и Шаќири (или некој сличен профил на играч) се трансфери за летоска. Ако завршиме работа со Густаво и Бејнс зимава веќе правиме муабет за топ кадар. Да видиме Бади и Брено само како ќе се покажат...

И уште за Марк, Румениге изјави дека тој сам решава. Нема да биде „избркан“ зимава но тешко дека ќе му се продолжи договорот после Јуни. Претпоставувам дека ако има понуда за 2-3 годишен договор некаде веројатно ќе си оди. Зависи и од Густаво секако.
 
Најдобар исход.

Брафхајд---->
Мичо---->
Бомел-----><-------Густаво
Клосе----->
<--------- Бејнз
<---------Шаќири/Хамелс/Суботиќ
 
Нека прават трансфери ајде толку квалитетни играчи има во Бундеслига а и за помалку пари можат да купат, ама не е до пари :)
 
Дечки ако може да ми одговорите на едно прашање... Што играч е Контенто? Не го пратам Баерн па го немам гледано како игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom