Веројатно бајаги се пишувало на претходни страни па сега откако ми помина нервозата не гледам што оргинално да додадам

Ќе скршев компјутер завчера коа видов една Рома што прави со нашата дефанзива... Менез еј..? Бориело..? ВТФ??? Не не не ни треба централен... воопшто г-ине вГаал Видиќ не е доволно добар ама затоа Даниела е топ. И ќе импровизираш цело време со еден Прањо назад кога од авион се гледа дека местото му е во средина. Покрива како бек колку што би можел и Рибери да покрива ако го ставиш таму. Не бе кој кур ни се бек-ап играчи за бековски позиции? Лам и Диего се тамам и ако се повреди еден Брааафхајд и Ули Хенес ќе го активираме да покријат. Бог да чува.
И Рибери ме изнервира му требаше 40 минути за да го помине еден Касети али мислм он ќе се врати во нормална форма откако ќе изигра 5-6 натпревари едно по друго.
Чисто ми е жал за оние играчи кои ги имаме во офанзива што мора да трпат таква дефанзива каква што имаме... Барем просек да бевме позади ќе имавме реални шанси за ЛШ... Ама ние не сме ни на ниво за регионална. Да ни дојде Реал сега? Може 3 гола ќе им дадеме... ама 9 на Бут не му бегаат...
Не знам што ќе најдат зимоска - читам за Тремулинас, Бејнс, Кришито сега читам и за Алваро Домингез од Атлетико Мадрид и Алваро Переира од Порто... Чисто за да се зголеми конкуренцијата на одредени позиции (пред се крилните бековски) топ ама тука не гледам светска класа централен дефанзивец. За жал сезонава веројатно ќе оди во курац заради инатот и кратковидоста на вГаал - одби трансфери летоска зошто головите и генијалноста на Робен заташкаа многу наши очигледни слабост... А добар тренер мораше да ги види и со (скоро неограничените) ресурси кои Баерн ги има да интервенира на пазарот.
Тоа е тоа - ајмо напред сега на ред е Ајнтрахт. Добро си играат сезонава и со исклучок на минатиот викенд се во топ форма. Само победа е во игра за нас.. Ама лесно нема да биде сигурно. После ЛШ се стално тапа, лоша атмосфера владее, вакви екипи знаат да паркираат бус на Алијанц...