Фан Клуб: Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата ЧЕНТО
  • Време на започнување Време на започнување

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Хофенхајм изигра нерешено.Шанса да ја намилиме предноста на еден бод.
 
По успешниот прв собир во новата година на фановите на Баерн од Македонија за мечот со Хамбургер, ајде повторно и утре да се собереме за да го бодриме нашиот тим во дербито со Борусија Дортмунд.

Сите кои навивате за Баерн и сакате да се дружите и со останати фанови на Баерн повелете во 16.30 пред Irish Pub на кеј, да се собереме и да го гледаме Баерн, повеќе инфо тука
 
По успешниот прв собир во новата година на фановите на Баерн од Македонија за мечот со Хамбургер, ајде повторно и утре да се собереме за да го бодриме нашиот тим во дербито со Борусија Дортмунд.

Сите кои навивате за Баерн и сакате да се дружите и со останати фанови на Баерн повелете во 16.30 пред Irish Pub на кеј, да се собереме и да го гледаме Баерн, повеќе инфо тука
Многу касно дознавам за ова.Да знаев претходно,може и ќе дојдев.Веќе имам планови и нема да можам да дојдам.Убаво да си поминете.Позз
 
Tooo.... На крајов ми падна камен од срцето. Браво мајстори.
Рибери е убедливо најдобар играч во светот, далеку пред Роналдо и таквите како него..

He chests the ball down. Turns. Goes past one defender. Leaves a second defender for dead. Puts in a great cross and... Bayern score!
повеке тука..
 
Добро е што победивме.Но не ми се допаѓаше играта кака тоа Баерн го изведоа.Концептот беше одличен да се удри од самиот почеток да се нападне да не се остави топката на противникот.Самиот факт дека 99% од акциите одеа преку Рибери е нешто што мора да го загрижи Клинсман.Премногу се оди преку Рибери.Не премногу туку се оди преку него.Рака на срце и тој е човек па може да нема свој ден,тоа не беше случај денес.Во таква ситуација сме во големо срање.Мора да се најде некој баланс.Десната страна ми е многу заспана.Незнаат како да направат простор,не се трча доволно и затоа таму е најгусто,и секогаш се бара Рибери,али буквално секогаш.Ни треба под итно еден Филип Лам по десната страна,како Рафиња на пример.И плус со Тимошчук тоа ќе биде одлично догодина.
Ми се свиѓаше како изигра Алтинтоп.Успеа да ја префрли рамнотежата повеќе кон средината да направи простор.Швајни е исто добар али нема многу креативност.Само трча до корнер знаменце и набацува.
Се на се и повеќе од заслужена победа.Честитки за Ренсинг,феноменална партија во дресот на Баерн!
Поздрав баварци!!!!
 
Malku srecno no na kraj zasluzeno. Sepak na Dortmund ne mu bese daden penal (raka na Lucio) i golot na Ze Roberto bese opsajd.
Sepak cestito.
 
Вчера требаше да победиме со 10 предност,но Клосе се изнаутка.Добро е што на крај го даде,инаку ќе го искршев телевизорот.За Швајнштајгер не знам што да кажам.Преку таквото ми е од неговата игра.Нема никакво влијание во играта на Баерн.Како да има дупка на десната страна.Уште не знам зошто Клинсман го игра,кога на неговата позиција може да игра Алтинтоп,па дури и Соса.
 
http://www.24fudbal.com.mk/Default....-4d33-b221-56d98d8174ba&ln=3&typeBack=default

Со вакви изјави не бидува екипа од Баерн.Бекенбауер ме разочара со ова.Значи дека они се предаваат од старт.Како тогаш планираме да се носиме со најголемите екипи во светот како пред 7 години.Вака никогаш нема да го постигнеме нивото.Наместо да каже дека ке направат се што е во можностите на Баерн да го задржат,да му направат исти услови како што би ги имал во Реал,односно да му докажат дека и Баерн е на истото реноме,и дека поубаво ќе се чувстува во Минхен.
Не он ми изјавува као ако бе ако сака ќе го пуштиме да си иде,демек кој не би сакал да оди во Реал.Тоа е сосема точно,ама со таа изјава се добива впечаток ко ни Лацио да сме или незнам Борусија Дортмунд.
После све што прочитав за Рибери што шпекулација што вистина,сега за сега има големи шанси Рибери сигурно да замине летово во Реал.Ако Перез стане претседател а Зидан спортски директор,нема шанси да го задржиме Рибери.
Па нека дреме управата на Баерн слободно.Со само 4 милиони по сезона за таква звезда нормално дека ке си оди.Наместо да го наградат со нов договор,они дремат буквално.
 
Уште сега се одкажува од најдобриот играч на екипата и ти укажува дека 99% ќе си оди, па пљукни го у фаца што ќе ти таков претседател и управа. Просечна екипа ќе станеме од типот на Рома на пр.:kesa:
 
Еве ме и мене по малце одмор!Ај честито победа на сите нас верните баварци.Мислам дека е ова заслужена победа и ние сепак имавме повеќе шанси и поорганизирана игра.Клосе и Тони имаа неколку шанси но не успеваа да направат ништо.Голот од Зе беше од офсајд а Швајни е невидена дупка која мора да се закрпи!
 
Да бидам искрен, вчера на DSF ги гледав шансите и ми се темнеше од тоа што видов. Дортмунд има многу стопроцентни шанси, не ми се веруваше какви топки фати Ренсинг, обично од такви шутеви ја вади топката од голот. Ама се добро заврши, Баерн победи, а оние од управата треба сериозно да се запрашаат како понатака.
 
Да бидам искрен, вчера на DSF ги гледав шансите и ми се темнеше од тоа што видов. Дортмунд има многу стопроцентни шанси, не ми се веруваше какви топки фати Ренсинг, обично од такви шутеви ја вади топката од голот. Ама се добро заврши, Баерн победи, а оние од управата треба сериозно да се запрашаат како понатака.
Не знам што давале на ДСФ,ама Дортмунд имаа две-три шанси и толку.Баерн напаѓаше целиот натпревар,не знам точно колку шута имавме,ама сигурно беа над 20.Срце ќе ме удреше ако не победевме.
 
Не знам што давале на ДСФ,ама Дортмунд имаа две-три шанси и толку.Баерн напаѓаше целиот натпревар,не знам точно колку шута имавме,ама сигурно беа над 20.Срце ќе ме удреше ако не победевме.

Немој и ти толку сериозно со срцето!Сакајси го животот!Инаку мислам дека победивме заслужено иако и тие имаа добри шанси.Имаше големи пропусти во играта на Баерн ама и немавме среќа во некои ситуации!
 
Дечки абе ова е дерби немојте да очекувате тотална доминација, сакате Дортмунд да немаат свои шанси епа не може така. И реално бевме подобар противник со повеќе шанси и подобра игра и заслужено ги земавме 3-те бода. А тоа што на некој места сме слаби тоа одамна се знае ама тоа ти е, ние ништо не можеме да направиме:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom