Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Да али,место Милер рачунај таму Агуеро/Насри/Хазард :)))

Не бе каков Насри/Хазард/Агуеро Милер мора да игра прва. Ни треба замена за Робери, не за Милер. Крос ке го покрива Милер како замена. Тројцата се доста добри играчи, но да се фрли голема пара за позиција на која солидно сме покриени ке биде глупост.
 
Се согласувам со Калински од погоре :) не ни треба воопшто таква замена. Милер нема шанси да седи на клупа, и не заслужи такво нешто пошто е еден од најконстантните и најдобрите во минативе две сезони.
Тоа со ротацијата како што кажа bayern_fan поназад, ок е, и фалеше таква игра кај нас од коа дојде вГалон, ама греење клупа јок.
 
Нема да има греење клупа.Па знаеме многу добро од лани кога имаше добар дел од натпревари во вториот дел од сезоната кога игравме со 3ца на клупата како резерви и еден голман.И во Бундес и во ЛШ.Тоа е недозволиво...

Мора да имаме поголем избор на квалитетни играчи.Од кај знаете Рибери како ќе се покаже.Имаше оваа сезона периоди кога беше дупка ама коа немаш со кој да го замениш па да го остаиш на клупа 3-4 утакмици.

Или Милер? Да најконстантен и све тоа,ама имаше периоди кога врска немаше,кога не го глеаш на утакмица.

За Робен да не збориме,една повреда и не го глеаме минимум месец дена...

Такада мислам дека ако сакаме сериозно,ама стварно сериозно оваа година во Бундес,али пред се во ЛШ тогаш МОРА да имаме голем избор на квалитетни играчи, и бидете сигурни дека за секој ќе има место.
--- надополнето: Jun 10, 2011 11:52 AM ---
Не бе каков Насри/Хазард/Агуеро Милер мора да игра прва. Ни треба замена за Робери, не за Милер. Крос ке го покрива Милер како замена. Тројцата се доста добри играчи, но да се фрли голема пара за позиција на која солидно сме покриени ке биде глупост.

Се согласувам.Чисто како пример го дадов Милер.Поентата ми е дека мора да донесеме алтернатива за офанзивниот ред,и мора да се продлабочи составот со повеќе квалитетни играчи!
 
Значи тотално се согласувам со Ченто,едноставно Баерн мора да го продлабочи составот со квалитетни играчи..Се сеќавам оваа сезона кога игравме со Клуж во ЛШ,на клупата ги имавме Милер,Крафт и мислам дека беа 2-3ца младинци,тоа за тим како Баерн е недозоволиво..
 
Баерн заинтересиран за Раул Албиол,солиден дефанзивец кој играше добро во Валенсија но откако е во Реал дечкото скроз пропадна,но долг е трансфер периодот па ќе видиме колку е сево ова вистина што се пишува по весниците...
 
Абе и јас сум заинтересиран за една,ама не ме рецка.Се се тоа шпекулации.Се гледа од авион дека нема да донесеме квалитетен штопер...
 
Нека го донесат Агуеро или Хазард,ја ќе играм стопер!
 
А каде ќе ојт Рибери? Тешко поред мене тоа да се деси.
 
Џером Боатенг од Манчестер Сити во Баерн..
 
Џером Боатенг од Манчестер Сити во Баерн..
уште не е официјално и не туку лупајте безвеза...Боатенг изјавил дека ОН договорил 4 годишен трансфер во Баерн...но се чека на Ман.Сити и Баерн да се договорат
 
2.bild.jpg


Ако не дошол Боатенг,Баерн се спрема за план Б и планира да го донесе Алекс од Челзи кој ќе кошта околу 15 милиони евра.

Ако се паметни ќе ги донесат и двајцата и ќе го затворат прашањето за дефанзивата!!
 
Е да бе ако не и Тери нека го донесат,Ченто ти се молам не треси зелени кога знаеш дека двајцата ќе дојдат во Баерн само на сон,зато што тука се и Бадштубер,Брено,ван Бујтен..
 
На Брено ќе му се каже ЧАО и многу е едноставно.Незнам што не ви е јасно.4ца централни дефанзивци,што е тука проблем???

Меѓутоа ќе донесат само еден од двајцата,веројатно Боатенг,скоро и сигурно бидејќи Луис Густаво ќе игра исто централен!

И молим те ако Ван Бајтен и Бадштубер се квалитетни централни дефанзивци од калибарот на Баерн,нема што понатаму да праиме муабет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom